• Latest

Со фабрикувани вести во обид да го „офарбаат“ НАТО и САД

April 4, 2022

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Со фабрикувани вести во обид да го „офарбаат“ НАТО и САД

April 4, 2022 13:53
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Иако во Северна Македонија веќе се отстранети од јавните кабелски мрежи програмите руските гласила Раша Тудеј и Спутник, сепак,  ширењето на руската пропаганда во земјава најде други канали на дејствување.

Руските медиуми во нашата земја не се единствените кои ја шират руската пропаганда и ја оправдуваат воената агресија врз Украина, туку тоа го прават и одредени македонски медиуми и портали.

Таков е вчерашниот случај, кога преку тенденциозен и сензационалистички наслов, една новинска агенција и неколку информативни портали објавија видео вест со наратив кој дезинформира и поттикнува недоверба во НАТО алијансата, чија членка е и Северна Македонија, и сака да отвори сомнеж за оправданоста на дејствувањето на НАТО сојузниците во поддршката и одбраната на Украина.

Реномираната македонска новинска агенција Макфакс беше првата која објави вест базирана на видео кое на Јутјуб го објави белорускиот канал „by“ со седиште во Брест.

Во насловот, првично објавен на Макфакс, пишува: „(ВИДЕО) Грците нападнаа конвој на НАТО и американските сили- пукале на оклопните возила во возот за Полска“.

Информацијата потоа беше преземена и од неколку етаблирани информативн портали: Фокус, Фактор, МТМ, кои со истиот, или со мали варијации во насловот, и подолу во текстот на веста, го пренесуваат истиот наратив дека Грците го нападнале конвојот на НАТО и „пукале“ на него.

Доколку се погледне видеото, може да се види дека станува збор за две/три лица со качулки, како покрај пругата по која поминува конвојот фрлаат со црвена боја врз композицијата со НАТО тенкови. Оваа вест се потврдува како лажна и со самиот наслов на Јутјуб видеото, во кое на руски се вели дека „нападот е со црвена боја“. Не може да се најде информација, ниту да се види од видеото дека станува збор за вооружен напад и пукање, како што сугерираат посочените македонски медиуми во насловот на веста.

Со ваквиот наслов сака да се сугерира дека, ете, и Грција, членка на НАТО е против алијансата и американските сили кои испраќаат помош за своите членки од источното крило во непосредна близина на Украина, со што ја шират руската пропаганда за оправданоста на руската агресија и дека, всушност, западот и НАТО се вистинските поттикнувачи на војната.

Оваа дезинформација беше објавена вчера, 2 Април, на Меѓународниот ден за проверка на факти, кој за разлика од претходни години, годинава одбележувањето се одвива во сенка на војната во Украина, и се прават напори за разобличување на дезинформациите и пропагандата како дел од специјалната војна во Украина која се води паралелно со вистинската.

Цивил е првата платформа во земјата што од самиот почеток континуирано ги следи, детектира, разоткрива и разобличува дезинформациите и говорот на омраза во врска со воената агресија врз Украина.

Драган Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ