• Latest

ЦИВИЛ со барања за мирно заминување на недемократската власт

June 21, 2016

Курти: Несогласувањето со Кијив не ја менува поддршката на Косово за Украина

August 24, 2026
Посебната сесија на Интерпартиската парламентарна група за поддршка на Кримската платформа, по повод 35-годишнината од независноста на Украина, Собрание на Северна Македонија, 24 август 2026 година (Фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Бројни отсуства на сесијата за Украина во Собранието: Нема потврда за координиран бојкот

August 24, 2026
Амбасадорка на Украина, Лариса Дир, Собрание на РСМ, 24 август 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

Украина ја брани својата независност и безбедноста на Европа

August 24, 2026
Фотографија: Собрание на РСМ

Украина, 35 години независна: Милошоски од Собранието повика на солидарност, дијалог и траен мир

August 24, 2026

Од сушите до маркетите: Зошто новиот глобален ценовен удар допрва ќе стигне до потрошувачите

August 24, 2026
Н.Е. Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија; Одбележување на независноста на Украина (Собрание на РСМ, 24.08.2026; фотографија: ЦИВИЛ)

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Рускиот терор трае, Европа мора да одговори со решителна поддршка

August 24, 2026
Собранието ја одбележува 35-годишнината од независноста на Украина(Фотографија: ЦИВИЛ)

Со едноминутен молк започна одбележувањето на 35 години независност на Украина во Собранието

August 24, 2026

Случајот „Државна лотарија“ влезе во судница: Груби и седуммина пред обвинителна клупа

August 24, 2026
Кијив, 24 јули 2026 (фото: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

35 години независна Украина: Од референдумот во 1991 до борбата за слобода денес

August 24, 2026

35 години независна Украина – историја што се создава секој ден

August 24, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

ЦИВИЛ со барања за мирно заминување на недемократската власт

June 21, 2016 14:23
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ – Центар за слобода, во пресрет на протестите на Шарената револуција и контра-протестот на ГДОМ, апелираше на смиреност, избегнување на насилството и воздржување од било какви инциденти, стравувајќи, пред сè, од евентуалните провокации на власта или од неконтролиран излив на бес на некој од демонстрантите, кои два месеца се обидуваат во Македонија да се вратат одговорноста и отчетноста, да се воспостави правната држава и да бидат санкционирани криминалот и злоупотребите на недемократската власт.

ЦИВИЛ преку соопштение ја упати својата безрезервна поддршка на сите барања на Шарената револуција и ја поддржа ненасилната граѓанска акција против недемократската власт. Оставка на Владата, безусловно отстранување на сите пречки за работата на Специјалното јавно обвинителство, формирање Специјално одделение во Кривичниот суд, соодветно на мандатот на СЈО, департизација на институциите, ослободување на медиумите, професионализација на Државната изборна комисија, пречистување на Избирачкиот список и слободни избори, се условите за надминување на политичката криза во Република Македонија. За исполнување на тие услови ЦИВИЛ се залага во целиот период на политичата криза.

13466171_989100397875096_4878634922963646420_n

Уредникот на ЦИВИЛ Медиа, Синиша Станковиќ, преку колумна побара од експремиерот Никола Груевски да се откаже и мирно да си замине, бидејќи на Македонија не и се потребни нереди:

„Аман доста е, Никола!

Откако ја обезличи до непрепознавање идејата за постоење на ДПМНЕ и го понижи почесниот претседател за да ја востоличиш роднинско-кумовската клика (покојните основачи се вртат во гроб, а дел од живите, Те прозиваат да се покаеш и повлечеш) и си играше дрн-дупка со „националното единство“ на Македонците, жигосувајќи ги сите кои ти побараа отчет за катастрофата која ја живееме, што Ти е следната цел? Обезличување и на она што остана од Македонија, држава која тоне сé подлабоко со секоја измината минута, преку задолжувањето и на генерациите на нашите правнуци, за бесмислениот арч на налудничавите кич-проекти и странски „инвестиции“? Граѓанска војна, скраја да е?

Македонија е одамна на колена, раскрчмена и со неизвесна иднина. Денес и Европејците повторно ќе се обидуваат да ја освежат, колку да и го одложат броењето… Крајно време е да се фрли пешкирот, Никола… Пред да капне првата детска солза. Потоа, сé ќе биде предоцна“, напиша Станковиќ.

13466324_989091727875963_5697894171411310983_n

Петрит Сарачини преку својата колумна испрати неколку пораки до неколку општествени групи на граѓани. Тој им се обрати на полицајците, на албанското население во државата и на поддржувачите на власта. Еве дел од неговите пораки:

„Прво, до оние што ќе се качат во автобусите на Пастирот, ‘милом или силом’: Не дозволувајте вие да го плаќате цехот на криминалците! Кога ќе дојдете во Скопје, преминете на страната на слободните граѓани на Македонија! Избркајте ги началниците, не дозволувајте за еден грст бандити да ви пропадне ем партијата, ем државата!

До полицијата: Сте се заколнале дека ќе им служите на граѓаните, суверените во оваа држава, на Уставот и законите, а не на началниците и на Пастирот. Во овие денови можеби ќе треба да докажете дали ви држи зборот и заклетвата, дали сте ЕБР, ПЕП, „Тигри“, полицајци на Република Македонија, или единица “чавчиња”, односно, џандари и слуги на началниците и диктаторчето.

До моите сограѓани и сонародници Албанци: Можеби изгледа дека мечката игра оро на друго место, но минатото на Николче покажува дека тој сака да ги крши непријателите, еден по еден. Ден не поминува, без неговите ‘соработници’ да не  направат некое антиалбанско  дејствие, во очекување на ‘второто полувреме’. Сервилната политичка класа на Албанците го лаже народот дека тоа не е негова битка, додека се крадат парите од буџетот што речиси 40% го полнат Албанците, а населбите каде што живеат тие се како во средниот век. Затоа, ајде да ја свртиме играта. Да им излеземе на мегдан и да се соочиме со Груевски и неговите измеќари, да ја поддржиме Фатиме Фетаи, да излеземе во своја одбрана, уште од денес да почнеме да работиме посветено за да се постигне она што го заслужуваме – еднаквост, правда, слобода, демократија!“, напиша Сарачини.

Пред почетокот на масовниот протест на Шарената револуција, поранешниот полициски генерал Стојанче Ангелов преку ЦИВИЛ Медиа, ги повика граѓаните на масовно учество на протестите против „криминалците предводени од Никола Груевски“, а до своите поранешни колеги-полицајци упати апел да ги почитуваат своите сограѓани и да се воздржат од прекумерна употреба на сила.

13466023_989100677875068_2304417530751009645_n

Иста порака упати и активистот на Шарената револуција Благојчо Горгиев, кој ги повика граѓаните масовно да се вклучат на вчерашниот протест и апелираше до мнозинството чесни полицајци и професионалци во службата, да  не дозволат провокаторите во нивните редови да предизвикаат судир со граѓаните.

И Јосип Јуратовиќ, пратеник во германскиот Парламент, За ЦИВИЛ Медиа, ја даде својата препорака за вчерашните протести на Шарената револуција:

13432333_989089134542889_2393111023276816266_n

„Мислам дека и за едната и за другата страна, пред сé, е важно дека сите имаат право на протест. Ако тој се одвива во услови во кои се почитува законот и демократските правила кои ја овозможуваат слободата на протестирање. Зад секој протест стои организатор и прашање  на одговорност е организацијата, секогаш мора да се внимава да не дојде до ескалации, да не се влегува премногу емоционално. Сето тоа зависи од организаторите, но сите страни имаат право на протест. Зошто да не? Битно е само тој протест да биде за доброто на Македонија и на граѓаните на Македонија, а да не се одвиваат едни против други. Сепак, се работи за иднината на Македонија, која може да биде само заедничка, не може да биде иднина, ако се едни против други. Секој има право на демонстрации, тоа е демократско право, но се надевам дека овие протести се изразување на сопствени мислења за доброто на Македонија, а не – едни против други“, изјави за ЦИВИЛ Медиа, германскиот пратеник Јуратовиќ.

Д. М.

Tags: подршкаПротестиЦивил – Центар за слободашарена револуција
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ