Речиси 85% од телата на сите загинати жители на градот Буча, регионот Киев, имаат рани од куршуми, што укажува на извршување на свесно убиство со умисла, изјави градоначалникот на Буча, Анатолиј Федорук за време на националниот телетон, пренесува Укринформ.
„Речиси 85 отсто од сите тела што ги отстрануваме од масовни гробници или поединечни погребувања во градините, парковите, плоштадите, дворовите имаат дупки од куршуми. Односно, свесни убиства со умисла се случија во Буча“, рече градоначалникот.
Тој рече дека најверојатно на 15 април ќе биде завршено вадењето на телата од масовната гробница на територијата на црквата Свети Андреј Првоповикан.
„Ќе ја завршиме оваа работа: ќе ги извадиме телата и ќе ги испратиме во мртовечница за да се спроведат соодветни процедури и роднините да ги земат телата на мртвите и соодветно да ги закопаат“, додаде Федорук.
Како што е соопштено, генералниот обвинител Венедиктова и обвинителот на МКС Кан остварија заедничко работно патување во Буча во Киевската област, каде што се ексхумираат телата на убиените цивили.
Ирпин, Буча, Хостомел, Бородинка и целиот киевски регион беа ослободени од руските освојувачи на почетокот на април. Во ослободените градови и села се регистрирани масовни убиства на цивили од страна на руските војници. Меѓу жртвите на руските воени злосторства имало силувани жени, чии тела се обиделе да бидат запалени, убивани претставници на локалната власт, деца, старци и мажи. На многумина им биле врзани рацете, на телата има траги од тортура. Жртвите биле застрелани во задниот дел од главата.
Во март, Меѓународниот кривичен суд, на барање на 42 земји, објави отпочнување истрага за воени злосторства по руската инвазија на Украина.
подготвил Д.Мишев