• Latest
AP Photo/Mstyslav Chernov

Одредот за специјална намена „Азов“ е дел од Националната гарда на Украина, да не се поистоветува со политички организации што имаат слични имиња

April 21, 2022

ДЗР: Немањето Закон за климатска акција негативно влијае во институционалната координација за справување со климатските промени

August 27, 2025
Фотгорафија: Независни заедно

„Независни заедно“ го промовираа Горан Марковски, декан на Градежниот факултет при УКИМ за кандидат за градоначалник на Град Скопје

August 27, 2025
Фотографија  од руски извидувачки авион Ил-20 виден од пилотската кабина на германски борбен авион над Балтичкото Море објавена на 16 октомври 2024 година. Извор: Германски воздухопловни сили/X

НАТО испрати германски борбени авиони да пресретнат руски шпионски авион над Балтичкото Море

August 27, 2025

Муцунски за „Политико“: Нема уставни измени, ако не добиеме цврсти гаранции од ЕУ дека тоа ќе биде последното барање од Софија

August 27, 2025
Фотографија: Wikimedia Commons

Српска Алта Груп побара запирање на постапката за преземање на Стопанска банка Битола

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на
The White House

„Сé се тоа глупости“ – Трамп одговори на нападите на Русија врз легитимитетот на Зеленски, се закани со „економска војна“ со Москва

August 27, 2025

Јагода и вестите

August 27, 2025

ВМРО-ДПМНЕ добива своја „послушна“ банка, Србија – ново средство за влијание

August 27, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

ОН бараат правда за двојниот израелски напад врз болница во Газа, во кој загинаа пет новинари и четири здравствени работници

August 27, 2025
Фото: Генералштаб на вооружените сили на Украина/ Фејсбук

Украинските одбранбени сили го запреа руското напредување во Днипропетровската област

August 27, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Одредот за специјална намена „Азов“ е дел од Националната гарда на Украина, да не се поистоветува со политички организации што имаат слични имиња

April 21, 2022 15:49
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, СВЕТ, ТОП 5
AP Photo/Mstyslav Chernov

AP Photo/Mstyslav Chernov

Share on FacebookShare on Twitter

Посебен одред со специјална намена „Азов“ е структурна единица на 12-тата оперативна бригада на Националната гарда на Украина. Тој не треба да се поистоветува со јавни или политички организации и движења што имаат слични имиња. Вооружените сили на Украина и Националната гарда на Украина се надвор од политиката.

Во редовите на Националната гарда на Украина, како и во редовите на Вооружените Сили на Украина, нема единици создадени на идеолошка основа. Единствената можна идеологија на Националната гарда на Украина се статутите на Вооружените Сили на Украина, кои предвидуваат обврска за „почитување на правата, честа и достоинството на луѓето“ и „воздржување од изјави и дејствија кои ги кршат човековите права или ја понижуваат човековите чест и достоинство“, и Воената заклетва за верност кон народот на Украина. Згора на тоа, за разлика од некои волонтерски единици формирани во 2014 година, „Азов“ никогаш не бил неофицијална група, тој од самиот почеток функционираше во структурата на Министерството за внатрешни работи.

Во 2014 година, неговите воени лица херојски го ослободуваа Мариупол и многу населени места во Донецката област. Големиот успех на оваа единица беше легендарната операција Павлопол-Широкино, при која линијата на фронтот беше пренасочена од градот Мариупол, беа ослободени 5 населени места (Широкино, Бердјанске, Лебединске, Коминтернове, Павлопил).

Азовските борци извршуваа борбени задачи на линијата на фронтот кај Свитлодарскиот лак, каде брилијантно изведоа повеќе од една борбена операција и му нанесоа безброј непоправливи загуби на непријателот. Со својата победа, единицата постојано ја докажуваше својата лојалност кон Украина и украинскиот народ и ја покажа својата подготвеност да се бори за Татковината.

Од самиот почеток, единицата беше цел на руската пропаганда со цел ширење на лажни и неверодостојни информации. Басните за „нацистите“ најчесто се поврзуваат само со амблемот на единицата, кој постојано го шират руските и медиумите поврзани со државата-агресор, обидувајќи се да го поврзаат со нацистичките симболи. Немаше други факти кои би биле покажани или потврдени. Секој пат се појавуваа само обиди на овој начин да се дискредитира една од најспособните единици на борбен план на Националната гарда на Украина. Еден од факторите што ја одредува одржливоста на митот за украинскиот фашизам е тоа што тој ѝ е од корист само на Русија.

Меѓу западните новинари и сите оние кои сметаат дека знаат за „украинската криза“, воените дејствија во Донбас, војната во Украина – прашањето за „Азов“ се поставува речиси секогаш. Меѓутоа, ако се прашаат, малкумина можат јасно да кажат што токму ги загрижува и од каде потекнуваат причините за оваа загриженост.

Воените лица на „Азов“ ја бранат својата земја без да допираат туѓо и ги штитат луѓето од различни националности и религиозни деноминации кои живеат во нашата земја. Патем, на концептот на „нацизам“ му противречи фактот што борците од „Азов“ се претставници од многу националности. Украинци од различно етничко потекло (вклучувајќи Руси, Евреи, Кримски Татари итн.) служеле и продолжуваат да служат во „Азов“. Нема никакви незаконски ограничувања во оваа смисла. Многумина од персоналот зборуваат руски, но тоа не влијае на нивната сплотеност и борбена ефикасност.

Нацистите не ја бранат својата земја, тие заробуваат туѓи! Нацистите не гинат за луѓе од друга националност! Денес цел свет ги виде ужасните снимки од „рускиот мир“ во Буча, Гостомел и Ирпин, дела за кои несомнено ќе им биде изречена праведна казна.

Па ајде да одговориме на главното прашање – кој е навистина нацист:

Тој што со себе покрива деца или тој што фрла бомби по породилишта и болници?

Тој што го брани својот град и држава или тој што напаѓа туѓи територии?

Тој што фрла гранати по подрумите или тој што евакуира деца од таму?

Обвинувајќи го „Азов“ за нацизам, Русија го заменува поимот „патриотизмот“ и го нарекува „нацизам“. Но токму патриотизмот, лојалноста кон воената заклетва, храброста и херојството им помагаат да издржат во опколениот Мариупол и не само да издржат, туку и секојдневно да уништуваат непријателска техника и неизмислените нацисти од Русија.

Во текот на годините на руско-украинската војна, на 632 војници на специјалниот одред „Азов“ им беа доделени државни награди, од кои 133 постхумно, а 5 воени лица ја добија високата титула Херој на Украина, од кои 4 постхумно. И покрај блокадата на градот и десетиците повици за предавање, Азовците стојат до крај и го бранат градот.

Денес, властите на земјата агресор Русија врз основа на нацизмот и фашизмот успеаја да создадат античовечка идеологија која се храни со крвта дури и на сопствените граѓани. Со симболите „Z“, со кои е означена воената опрема на руската армија, во Русија се одржуваат собири и флеш-мобови за поддршка на војната во Украина и непријателството кон украинскиот народ. Па што асоцира на  нацизмот: симболика и патриотизам или симболика и поттикнување војна, инвазија, убиство на стотици луѓе и уништување градови?

Цела Украина, а сега и целиот свет, треба да знае дека легендарниот одред со специјална намена „Азов“ на 12-та оперативна бригада на Националната гарда на Украина стои со чест во одбраната на слободата, човековите права, демократијата и нејзината Татковина!

Подготви: Д.Мишев

 

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • СРПСКИ (БУРАЗЕРСКИ) СВЕТ: Ќе добие ли ВМРО-ДПМНЕ своја банка?

    116 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Разрешени и избрани нови членови на општински изборни комисии за Локалните избори 2025

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • Мицкоски: Ако поради независните со два потписа изборите не успеат, Владата има уставна можност да постави повереници

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • МВР го уапси родителот кој го предизвика инцидентот во Штип, ФФМ, Шкупи и Брегалница го осудија – спортот не треба да биде арена за физички конфронтации

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Јагода и вестите

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ