• Latest

Царовска: Власта ги гмечи социјално ранливите со војнички цокули!

June 24, 2016

ЕУ не исклучува можност за одложување на спроведувањето на делови од Законот за вештачка интелигенција

June 6, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Москва е подготвена да му даде азил на Маск ако затреба поради расправијата со Трамп

June 6, 2025
Фото: МИА

Кошта посочи дека ЕУ ќе го казни Израел за војната во Појасот Газа

June 6, 2025
Фото: Скриншот

Белградскиот Основен суд ја отфрли иницијативата за лишување на Вучиќ од деловна способност, но утврди елементи на кривично дело

June 6, 2025
Фото: МИА

ЕУ со поддршка за Меѓународниот кривичен суд по санкциите од САД

June 6, 2025
Фото: Креирано со ппомошна ВИ

Односот Трамп-Маск се распаѓа со меѓусебни навреди и закани

June 6, 2025
Трагедија во кочанската дискотека Пулс, 16 март 2025 (фото извор: скриншот од снимка на ТВ Кочани)

Од Клиничкиот центар во Белград отпуштени последните два пациента поврдени во пожарот во Кочани

June 6, 2025

Усвоен план за подобро справување со сајбер напади и кризи во ЕУ

June 6, 2025
Семејна фотографија од министрите за одбара во НАТО Фото: НАТО

Министрите за одбрана на НАТО дефинираа нови цели за капацитети за зајакнување на Алијансата

June 6, 2025
Војо Маневски

Дали да гласа дијаспората не е вистинското прашање

June 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Царовска: Власта ги гмечи социјално ранливите со војнички цокули!

June 24, 2016 14:27
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Во Македонија се наталожува сиромаштијата, се заборава сиромаштијата, институциите не функционираат, дури како да е тоа цел. На политичката елита и одговара во моментот да има сиромашни и социјално исклучени граѓани, затоа што полесно може да манипулира со нив. Затоа што, ако некому минимумот му е задоволен, тој ќе размислува и како да му стане подобар животот“, изјави во разговорот за ЦИВИЛ Медиа, Мила Царовска, активист и експерт за социјална правда.

ЦИВИЛ Медиа: Колку политичката криза во Македонија, влијае врз егзистенцијалните проблеми на социјално ранливите категории на граѓани?

ЦАРОВСКА: Политичката криза влијае врз сите граѓани, и врз граѓаните кои живеат во социјален ризик. Поради тоа што во моментов се работи на разрешување на политичката криза, ова време може да се искористи за креирање на нови политики и нови стратегии  –  како овие граѓани се извлечат од социјалната исклученост, да се намали сиромаштијата во која живеат… Во Македонија има еден социјален систем, но се плашам да го наречам систем, затоа што секогаш кога ќе има потреба од него, тој нема одговор, а тоа кажува дека системот не функционира, на ниво е на нефункционирање. Зошто? Затоа што е создаден во време кога мал број на граѓани биле невработени и имале потреба од поддршка од државата. Сега, кога имате четвртина од граѓаните кои се невработени, кога имате третина од Македонците кои живеат во сиромаштија, не може да одговарате со овој тип на социјална заштита и институции кои ги имаме во моментов. Тоа треба да е една мрежа којашто во моментот кога влегувате во социјален ризик треба да помогне, затоа што секој од нас може да остане невработен, да биде во процес на развод, да има дете со одредено однесување за кое треба поддршка… Државата и системот, кога веќе се нарекуваат социјални, треба да ве извлечат, да ве прифатат и вие понатаму да продолжите, или да се вратите во општеството да живеете во нормален тек.

Тоа го немаме, и тоа не го велам напамет. Многу ги критикував политиките и како активист, а бев и советник на министерката Фросина Ташевска Ременски. Ќе видите дека внатре се одговара шаблонски, нема индивидуален пристап, има институции во кои ниту е инвестирано, ниту се отвораат нови, согласно новите текови, а не се ни инвестира во човечки ресурси… И во Заводот за статистика  да проверите,  ќе видите дека постојано расте нестручен кадар, шофери, архивари, хигиеничари,  а нема раст на бројот на стручни кадри, педагози, психолози, правници… Ако некој праша – зошто не одат луѓето во Центарот за социјална работа, ќе им помогнат, одговорот е – луѓето се плашат. И, со право се плашат! Тоа е место каде вие сте на дното, оти ако сте примател на социјална помош,  наместо државата да ве извлече – во тој период на сиромаштија, таа ве држи два пати под линијата на сиромаштија!? Завод за статистика процени  дека за четиричлено семејство потребни се 12.000 денари, за да бидат на линија на сиромаштија. Државата за четиричлено семејство исплаќа околу 4.700 денари, а тоа е двапати под линијата на сиромаштија. И затоа, не знам за кој дел од системот да зборувам дека е нефункционален, за да ја приближам сликата. Затоа е потребно целосно обновување на тој систем. Мора да има и услуги,  не се само парите битни. Поддршка за вработување, за чување деца, поддршка за извлекување од одредено социјално поведение, различни сервиси кои ќе се соединат со пари, и тогаш, се добива систем за социјална заштита.

DSC_0155

ЦИВИЛ Медиа: Дали овие проблеми се надградуваа едни врз други во континуитет, во еден подолг временски период? И ако е така, како вие би го оцениле водењето на социјалната политика во Македонија?

ЦАРОВСКА:  Социјалните проблеми не се само во нашето општество. Ние не сме подготвени да одговориме на социјалните ризици кои ни ги носи новото време. Граѓаните немаат каде да се обратат за каков и да е социјален проблем, дури и тоа да е ненасилно решавање на конфликти. Тоа се учи, системот за социјална заштита треба да има центри каде ќе научите. Велиме, во Македонија секој четврт брак е разведен, а некој ви зборува за здраво семејство и за трето дете. Јас не можам да разберам каде ќе научите како да бидете добар родител и каде ќе научите како да ги разрешите конфликтите во семејството, за да не дојде до развод.

Сиромаштијата е нешто што се продлабочува,  затоа што ја игнорираме. Имаме стратегија за намалување на сиромаштијата,  и унапредување на социјалната вклученост, но не инвестираме со пари, таа да се имплементира. Ако немате активности, прво зајакнување на јавната свест, а имате рамни даноци, како ќе ја намалите сиромаштијата и како ќе вложите повеќе, ако немате од каде да извлечете пари. Центарот за социјална работа е на четири ката, нема лифт , работат од четири до седум стручни работници во една канцеларија, вашето достоинство е нарушено ако одите да разговарате. А на 200 метри оттаму ви градат Панорамско тркало и инвестираат 18 милиони евра, наместо во овие институции. Тоа е наталожување на сиромаштијата, заборавање на сиромаштијата, институциите не ви функционираат, дури како да е тоа цел. На политичката елита и одговара во моментот да има сиромашни и социјално исклучени граѓани, затоа што полесно може да манипулира со нив. Затоа што, ако некому минимумот му е задоволен, тој ќе размислува и како да му стане подобар животот. Но, ги гмечат со војнички цокули постојано, за да се борат за гола егзистенција, за да не бидат вклучени, да не размислуваат за други прашања…

ЦИВИЛ Медиа: До кој степен е зголемен револтот кај овие ранливи категории на луѓе, и дали сакаат револтот да го искажат на улица, со другите граѓанки и граѓани?

ЦАРОВСКА:  Многу е тешко да се каже дека тие ќе можат да излезат на улица и својот револт да го изразат со другите граѓаните. Замислете четиричлено семејство кое мора да заработи денеска 100 денари, за да купи леб и супа и да ги нахрани децата, оти тие вечерта ќе плачат. Дали мислите дека родителот има време да протестира и да се убедува со институциите за своите права. Тие многу често не ни одат да побараат социјална помош. Тоа е малтретирање, треба да обезбедат документи, дел од нив не се писмени, ги враќаат три пати, тоа е трошок, особено ако се од некое рурално место, ги враќаат од шалтер, ги дискриминираат, и ќе се повлечат… Ние ги обвинуваме тие што питачат, но ако државата  им обезбеди можност да не питачат, ако им обезбеди минимум финансиски средства, може и да им забрани да питачат. Но, ако не им обезбеди, не ни треба да ги бркаме децата од семафори, оти државата не прави ништо за да им ја подобри состојбата. Мислам дека тие, во моментов, не може да се мобилизираат, туку треба и граѓанските организации погласно да зборуваат за нивните права и потреби. Не верувам дека некој место да обезбеди лепче, ќе излезе на улица да протестира. Друго се оние кои се вклучени во општеството, и ќе обезбедат некои 5-6 илјади денари овој месец, па ќе излезат на протест. Но, тие кои се најдолу во општеството, тешко дека ќе ги видите. И, тие се тие граѓани за кои ВМРО-ДПМНЕ вели дека „ќе ги носи за уши на гласање“, тие се „човечињата“, заради тоа што ќе ги уцените. Со 500 денари! И тоа е нешто, за кое ние останатите треба погласно да зборуваме, за да се прекине.

Биљана Јордановска

Камера: Дехран Муратов

Монтажа: Ермин Климента

Print Friendly, PDF & Email
Tags: интервјуМакедонијасиромаштијаСоцијална заштитаЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бранимир Јовановиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Македонија навистина е четврто место во Европа по економски развој – ама од позади!

    105 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Осумнаесетгодишниот син на Блерим Беџети од ДУИ примил 12.000 евра од Комунална хигиена – Скопје за „интелектуални услуги и совети“ за заштита на животната средина

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Украинските дронови погодија над 40 руски стратешки бомбардери во шокантен напад далеку зад линиите на фронтот

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Поранешниот командант на ОВК, Бреза, уапсен по 22 години бегство

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • РЕАКЦИИ: „Ако не влеземе во ЕУ, Коридорите 8 и 10 никогаш нема да се завршат“; „Ако му одговара на НАТО, со Британците ќе се завршат и Коридорите“

    88 shares
    Share 35 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ