• Latest

Македонија: Преглед на настани (24 јуни 2016)

June 25, 2016

Си-ен-ен: Планот на Нетанјаху за преземање на Газа не задоволува никого освен него самиот

August 9, 2025

ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември

August 9, 2025

ЦУК: Вкупно пет пожари на отворен простор, од кои два се изгаснати, а три сè уште активни

August 9, 2025

Внатрешна контрола на МВР го проверува постапувањето на полициските службеници за време на претресот во Демир Хисар

August 9, 2025
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, 10 мај 2025 (фото извор: Кабинет на Претседателот на Украина)

Зеленски: Одговорот на украинското територијално прашање веќе се наоѓа во Уставот на Украина, од тоа никој нема да се повлече и нема да може да се повлече

August 9, 2025
Фотографија: Собрание на РСМ

Гаши ги распиша осмите локални избори што ќе се одржат на 19 октомври

August 9, 2025

Упад на полиција во дом на директорка на училиште во Демир Хисар – нејзиниот адвокат обвинува за политички притисок на ден пред распишување на изборите

August 9, 2025
Фотографија: Фејсбук профил на Окуружното обвинителство во Херсон

Руски напад со дрон врз минибус во областа Херсон, повредени 16 лица

August 9, 2025

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

August 9, 2025
Фотографија: Скриншот FoxNews

Иран го поддржа мировниот договор меѓу Азербејџан и Ерменија

August 9, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Македонија: Преглед на настани (24 јуни 2016)

June 25, 2016 10:09
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (24 јуни 2016 година): Џес Бејли повикува сите да го поддржат СЈО|| Левица бара бојкот на работата на Собранието || Продолжува штрајкот на судската администрација || Ефектот на Брегзит врз Македонија

timeline

Џес Бејли повикува сите да го поддржат СЈО

Американскиот амбасадор Џес Бејли ги повика политичките партии и институциите да ги остранат сите пречки за работа на Специјалното Jавно обвинителство и да обезбедат нормално работење на парламентот. Бејли изјави: „Како што подолго време укажуваме, ги повикуваме сите партии и институциите да работат за отстранување на сите пречки за дејствување на Специјалното Јавно обвинителство за да може да се утврди одговорност за прислушувањето и за содржината разговорите што произлегоа од него“.

Левица бара бојкот на работата на Собранието

Новоформираната политичка партија Левица бара бојкот на работата на Собранието, бидејќи не смее да се дава легитимитет на институциите кои, како што тие велат, веќе не се на страната на граѓаните, туку во рацете на криминалци. Според Здравко Савевски од Левица, режимот повторно ги изигнорирал граѓаните и барањата на „Протестирам“. Левица особено го охрабрува граѓанскиот сектор да не се задоволи само со набљудувачка и советодавна улога на преговарачката маса, туку со полноправно учество како полноправен преговарачки партнер.

Продолжува штрајкот на судската администрација

За Синдикатот на УПОЗ и ЗСА е неприфатлива Предлог-спогодбата од Министерството за правда. Констатираат дека не се прецизирани рокови и дека се работи за спогодба која нуди обврска само за едната страна, односно, за Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, па штрајкот засега нема да биде прекинат додека не се разгледаат и прифатат и нивните предлози и барања.  Синдикатот на УПОЗ и ЗСА очекуваат дека во најбрз рок, другата страна, Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија да се произнесат или да отпочнат евентуалните спорни прашања од Предлог – спогодбата која ја испратија синдикалците.

Ефектот на Брегзит врз Македонија

Излегувањето на Британија од ЕУ може да доведе до неколку сценарија кои се битни за земјите со кандидатски статус, како Македонија, оценува поранешниот амбасадор Нано Ружин. Тој вели дека тие може да се одвиваат од насока за поставување на поригорозни критериуми за земјите кандидатки, до уште поголемо одолговлекување на процесот за прием, во зависност од тоа што ќе се случува во претстојниот период. Универзитетскиот професор Ружин не ја исклучува можноста Македонија да се соочи со се поголемо негирање на европските вредности кон кои се стреми, вклучувајќи ги тука и главните точки од Пржинскиот договор.

german-cooperation-logo-cЦИВИЛ го објавува овој преглед на  настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: МакедонијаСЈОЦивилШтрајк
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Илирида, Чамерија“ и „Наше ќе биде и Солунско поле“

    91 shares
    Share 36 Tweet 23
  • ЦХТМ: Засилено присуство на руската пропаганда во македонските медиуми во пресрет на локалните избори

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ