Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (24 јуни 2016 година): Џес Бејли повикува сите да го поддржат СЈО|| Левица бара бојкот на работата на Собранието || Продолжува штрајкот на судската администрација || Ефектот на Брегзит врз Македонија
Џес Бејли повикува сите да го поддржат СЈО
Американскиот амбасадор Џес Бејли ги повика политичките партии и институциите да ги остранат сите пречки за работа на Специјалното Jавно обвинителство и да обезбедат нормално работење на парламентот. Бејли изјави: „Како што подолго време укажуваме, ги повикуваме сите партии и институциите да работат за отстранување на сите пречки за дејствување на Специјалното Јавно обвинителство за да може да се утврди одговорност за прислушувањето и за содржината разговорите што произлегоа од него“.
Левица бара бојкот на работата на Собранието
Новоформираната политичка партија Левица бара бојкот на работата на Собранието, бидејќи не смее да се дава легитимитет на институциите кои, како што тие велат, веќе не се на страната на граѓаните, туку во рацете на криминалци. Според Здравко Савевски од Левица, режимот повторно ги изигнорирал граѓаните и барањата на „Протестирам“. Левица особено го охрабрува граѓанскиот сектор да не се задоволи само со набљудувачка и советодавна улога на преговарачката маса, туку со полноправно учество како полноправен преговарачки партнер.
Продолжува штрајкот на судската администрација
За Синдикатот на УПОЗ и ЗСА е неприфатлива Предлог-спогодбата од Министерството за правда. Констатираат дека не се прецизирани рокови и дека се работи за спогодба која нуди обврска само за едната страна, односно, за Синдикатот на УПОЗ и ЗСА, па штрајкот засега нема да биде прекинат додека не се разгледаат и прифатат и нивните предлози и барања. Синдикатот на УПОЗ и ЗСА очекуваат дека во најбрз рок, другата страна, Министерството за правда и Судскиот совет на Република Македонија да се произнесат или да отпочнат евентуалните спорни прашања од Предлог – спогодбата која ја испратија синдикалците.
Ефектот на Брегзит врз Македонија
ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: [email protected]