• Latest
Џабир Дерала

За агресија или за европски слободи? Пораката е јасна, изборот е очигледен!

April 28, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ЕДИТОРИЈАЛ

За агресија или за европски слободи? Пораката е јасна, изборот е очигледен!

Зоран Заев направи бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот. Без оглед на политичките, етничките, верските, социјалните припадности и разлики што ги имаат луѓето – сите се ставени пред јасен, очигледен и неминовен избор: За агресија или за европски слободи?

April 28, 2022 11:46
in ЕДИТОРИЈАЛ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Џабир Дерала

Џабир Дерала

Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Светот го запозна и ќе го запомни Зоран Заев како храбар лидер кој не ги следи патеките вообичаени за политичарите. Колку и да сака некој, не постои црна кампања што може да го помати тој факт. Се занимаваше и се занимава со политика на начин што секому му изгледа како да е тоа најлесната работа на светот. А не е. Веројатно тоа најдобро го знаат непријателите на демократијата и мирот.

Нема неутралност по овие прашања!

„Дали сме за воена агресија или за културен натпревар меѓу народите? За Путин или за Делчев? За агресија или за европски слободи? Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор. Нема неутралност по овие прашања.“ – рече Зоран Заев на настанот на француската амбасада во Струмица.

Бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот

Може да се открие силна симболика во тоа што Заев ги кажа тие зборови токму на денот кога јавноста се сеќава на Крвавиот четврток (27 април 2017). Но овој мрачен датум ќе го истиснат пораките на Заев во кои тој прави бескомпромисен избор меѓу мракот и светлината, војната и мирот. И ги одбира светлината и мирот. Се разбира, Крвавиот четврток не смее да биде заборавен, за да не се повтори, но ќе се запомнат пораките на Заев на тој датум – „за агресија или за европски слободи?“.

„Јас сум Украинец“ – Талат Џафери

И ќе се запомни кога Талат Џафери во Кијив жестоко ја осуди руската агресија и воените злосторства и кажа „Денеска, јас сум Украинец“.

Џафери посведочи дека е „онемен и бесен“. Тој е „бесен на човештвото што дозволи да сме неми сведоци на војна за која што верувавме дека е дел од историјата.“

Претседателот на домот на македонската демократија кажа дека е „растревожен сум од бројот на гробови чии леи не ги догледува човековото око, а видов само еден дел од нив во Буча и Ирипин. Бесен што светот нема доволно силен глас да и каже стоп на оваа безумна инвазија.

И овие зборови треба да останат запишани.

Изборот е, колку очигледен, толку и неминовен

Путин или Делчев? Веројатно, овој дел од обраќањето на Заев ќе „заѕвони“ најшироко во јавноста и ќе ги премости сите разлики, особено политичките. Тоа е разумно прашање што треба секој да си го постави, без оглед на тоа колку сака да остане надвор од политиката. Бидејќи, низ историјата и сегашноста, многупати видовме дека политиката најмногу се занимава токму со оние што „не се занимаваат со политика“.

Изборот е очигледен за сите и без оглед на тоа дали ја поддржуваат власта или опозицијата. Дали се националисти или космополити… Дали се свртени кон Западот или кон Истокот… Изборот е, колку очигледен, толку и неминовен.

Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа?

Збор по збор, во обраќањето, Зоран Заев, како со боздоган, ги редеше аргументите и силните пораки. Тој јасно ја повлече паралелата меѓу борбата на човештвото против фашизмот во Втората светска војна и оваа борба која сега се одвива за одбрана на Европа:

„На 9 Мај 2022 година сите треба да се запрашаме: Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?“

Предупредување

Заев предупреди и дека 9 Мај, Денот на Европа и Денот на победата над фашизмот ќе биде силно злоупотребен.

„Бидете уверени дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда. Апелирам, сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај, Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава, да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај.“

Не може да се најде појасно и пореално предупредување од ова.

Макрон – нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа

Сите важни прашања на денешницата се содржани во ова обраќање. Заев препознава дека победата на Макрон е исклучително значајна за европската демократија, бидејќи „носи нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа.“

Заев до ЕУ: Променете го начинот на носење одлуки

Заев упати и јасно прашање до ЕУ, во контекст на апсурдното вето од Бугарија:

„Дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја? Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носење одлуки.“

Политичар, нека е и бриселски, не би требало да се чувствува многу удобно по ова прашање.

Се води борба против агресијата на Путин, а не против рускиот народ

Денес во светот се води борба против агресијата на Путин, а не против рускиот народ. И самиот руски народ страда и допрва ќе страда од диктатурата на Путин. Заев уште еднаш јасно ги постави позициите на дејствувањето против бруталната агресија, говорејќи со гласот на сите разумни и мирољубиви луѓе во светот.

„Исто така, ЕУ треба да знае дека на православното население од Балканот не му е лесно да застане наспроти православниот руски народ. Ама нашите народи се мудри – ние не застануваме наспроти рускиот народ, туку наспроти воената агресија на Путин врз суверенитетот врз братска Украина.“

Секој параграф од неговиот говор е вреден да се прочита и да се издвои како вредна и разумна порака за секој човек што држи до цивилизациските и европските вредности. До човечноста.

И да заклучиме. Без оглед на политичките, етничките, верските, социјалните припадности и разлики што ги имаат луѓето – сите се ставени пред јасен, очигледен и неминовен избор: За агресија или за европски слободи?

 


Текстот е личен став на Авторот.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ