• Latest

Зоран Заев: Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа?

April 28, 2022

Бабин Јар, 85 години подоцна: Сеќавање на жртвите на Холокаустот и опомена против омразата и заборавот

September 29, 2026
Одеса, 29 септември 2026 (ДСНС)

Деноноќен руски терор врз Украина: Напади врз Кијив, Одеса, енергетика, железница, домови и цивилна инфраструктура

September 29, 2026
Христијан Мицкоски, Брвеница, 28 септември 2026 (фото: ФБ / Христијан Мицкоски)

Инфлацијата навистина е пониска од европската, но што премолчува Мицкоски?

September 29, 2026
Фото: Скриншот од видео на European Commission/ Фејсбук

Фон дер Лајен во Скопје: ЕУ го забрзува темпото, Северна Македонија останува на перонот, има ли Мицкоски нешто ново да каже?

September 29, 2026

Вистината не може да се замолчи: Безусловна поддршка од ЦИВИЛ за Меморијалниот центар Сребреница

September 29, 2026

Поддршка од американскиот Конгрес за Меморијалниот центар во Сребреница: Остра осуда за полициското заплашување

September 29, 2026

ЕУ забрзува, Северна Македонија останува на перонот

September 29, 2026

ИНФОГРАФИК: Што им замеруваат граѓаните на банките?

September 29, 2026

Градење пат кон мирот: Заедничка работа за враќање на украинските деца, притворените цивили и воените заробеници

September 28, 2026
Градот останува, животот исчезнува - ГРАДСКА.МК (илустрација генерирана со вештачка интелигенција)

Градот останува, животот исчезнува

September 28, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ФОРУМ КОНТЕКСТ

Зоран Заев: Чија победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа?

April 28, 2022 10:16
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, КОНТЕКСТ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Поранешниот премиер Зоран Заев , во своето обраќање на вчерашниот настанот во организација на Амбасадата на Франција во Северна Македонија на тема “Европска припадност/европски идентитет за земјите кандидатки”, се осврна на симболиката на датумот  – 27 април, кој одбележува 5 години од победата на храброста и демократијата, врз стравот и диктатурата кои на истиот ден во 2017 година во Македонскиот парламент се обидуваа тогаш да ја завијат Македонија во црно.

Честитајќи му ја победата и новиот мандат на францускиот претседател Макрон, кои Заев ги посочи како нова победа на европските вредности над заканите кои национализмот ги носи врз Европа, истовремено потенцирше дека кога е во прашање носењето одлука меѓу либерелизам наспроти конзерватививам, ние левичарите имаме само еден избор – тоа е либерализамот – слободата, отвореноста, современоста.

Во мојот говор во Атина пред неколку дена реков дека ја оспорувам тезата дека десницата или крајната десница владеела со Европа. Ниту Макрон во Франција е десница ниту партијата на Голоб во Словенија која ги доби парламентарните избори во неделата е десница, истакна Заев. Се радувам на овие гласни крикови кои носат победа на европската слобода.

Заев се заложи за Отворен Балкан, со солидарноста, соработката, заедништвото, слободата и мирот се нашата интерпретација на европските вредности –  наспроти Балкан во војни. Балкан на мир. Балкан кој зрачи со соработка во исто време кога Европа во еден друг свој крај се бори со агресијата од Русија.

Тоа е нашиот европски идентитет денес – и европски, и македонски, и балкански, рече Заев.

Во продолжение, ЗАев се осврна на одбележувањето на ( Мај, како ден на победата над фашизмот.

Кој можеше да помисли дека во очи 9 Мај, годинава, натпреварот ќе биде кој победува во новиот судир. Европа или Путин? Запраша поранешниот премиер. 9 Мај – 2022 година – Денес сите треба да се запрашаме. Чича победа е поголема? Онаа НАД фашизмот или онаа ЗА Европа? Или ќе дозволиме некој да триумфира против Европа?

Во своето обраќање, Зоран Заев, меѓу другото, го постави прашањето:

Дали сме за воена агресија или за културен натрпевар меѓу народите?

За Путин или за Делчев?

За агресија или за европски слободи?

Имаме само еден избор и мораме да го направиме тој избор.

Нема неутралност по овие прашања.

Заев предупреди дека 9 Мај годинава ќе биде употребен за пропаганда, и апелираше – сите ние, секој од нас, да се држиме цврсто до нашите европски постулати – 9 Мај е нашата црвена слободарска база – на 9 Мај Европа го порази фашизмот – на 9 Мај годинава да останеме со кренати глави – да не дозволиме агресијата да ни го земе 9 Мај.

Според него, руската агресија врз Украина е причината зошто ЕУ мора да ги реши сите отворени прашања во регионов. Особено нашето, македонското прашање.

Не постои оправдување за ниту една цивилна жртва во Украина. Не постои оправдување за украинските деца со огромна грижа бараат безбеден дом насекаде низ Европа. Нема да постои оправдување доколку падне проектил врз спомен куќата на Крсте Петков Мисирков во Одеса, преупреди тој.

Заев од, како што рече, мојата европска Струмица, постави прашање дали ваквиот начин на одлучување во Унијата, при што една земја членка блокира цел регион од крајно ирационални и националистички причини, е механизам со кој се развива европската идеја?

Ако не е, а знам дека не е, тогаш променете го начинот на носење одлуки.

ЕУ мора да дејствува во сопствена корист, во корист на европската идеја која по дефиниција е либерална, отворена, широка., рече Заев. Европската идеја не смее да остане уценета од национализмот.  ЕУ не смее да дозволи национализмот да става вето врз слободата.

Според Заев, европските лидери треба да се одважат по овие прашања и да преземат политичко лидерство – онака како што тоа го правеа основачите на ЕУ. Доколку основачите на ЕУ калкулираа со сопствените рејтинзи, тогаш ЕУ немаше ни да се создаде.

Политичката храброст вреди. Таа е носител на промените. Ете го Договорот од Преспа како доказ дека политичката храброст вреди, изјави Зоран Заев.

Во обраќањето, Заев истакна дека Северна Македонија направи многу за себе, но и многу за Европа.

На Балканот и на Европа им дадовме модели, примери, успеси.  Договорот од Преспа е нашиот влог во иднината на Европа. Ние сме подготвени да чуеме, да прочитаме и да видиме и подобри примери. Во меѓувреме – следете го нашиот, истакна Заев.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ