Руските напаѓачи на неколку места се обидуваат да упаднат на територијата на фабриката за челик Азовстал со седиште во Мариупол, изјави шефот на патролната полиција во Мариупол, Михаило Вершинин за време на националниот телетон, јавува дописникот на Укринформ.
„Арттилериските и авијациските подготовки траат речиси еден ден. Како што тргнаа автобусите, направија пауза. Почнаа данапаѓаат ноќе и дење. Сега на повеќе места упаѓаат во фабриката. Ја чуваме одбраната, возвраќаме“, изјави Вершинин.
На први мај започна евакуирацијата на цивили, жени и деца од фабриката за челик Азовстал во Мариупол, која е уништена од руското гранатирање. На 2 мај 2022 година, откако цивилите беа делумно евакуирани од централата Азовстал, Русите продолжија да пукаат врз централата со секаков вид оружје. Бранителите на Мариупол ги одбиваа непријателските напади.
Борбите во Мариупол продолжуваат веќе 13 ден, иако на 21 април, рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изјави дека вооружените сили на Русија и на Доњецката народна република, го ослободија Мариупол. Според Шојгу, дел од „националистичките“ формации се засолниле во индустриската зона на фабриката „Азовстал“, и дека , на руските војници им требаат три до четири дена, за да ја довршат работата на „Азовстал“.
Истиот дена, чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили дента, на 21 април, ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол.
– Пред ручек или после ручек (21 април), Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол Кадиров во аудио порака.
Тринаесет дена подоцна од прогласеното „ослободувањето “ на Мариупол, сеуште се водат борби во градот и се врши гранатирање на Азовстал.
Војниците на Азовскиот полк, украинските маринци и моторизираните стрелци продолжуваат да го бранат украинскиот пристанишен град.
Подготви: Д.Мишев