Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол, јавија некои свески агенции, пренесува МИА.
– Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол тој во аудио порака објавена доцна синоќа.
Чеченскиот моќник Рамзан Кадиров му се закани на Володимир Зеленски во неделата и рече дека мисли оти украинскиот претседател има сериозно ментално растројство
Чеченските сили се борат во Украина на страната на Русија. Ако падне, Мариупол ќе биде најголемиот град што Русија го окупира од почетокот на инвазијата пред осум недели.