„Медиумите ја открија примамливоста и моќта на човековата глупост и ја стимулираат затоа што им е сугерирано дека оглупавеното човештво не е моќно за отпор, дека му фалат памет, идеи и организација.
Тоа е, се разбира, истовремено и опасно затоа што таа оглупавена маса има тенденција да се шири и згуснува истовремено и да оди кон експлозија. Медиумите никогаш не биле послободно заробени. Тие ја живеат илузијата за слободата. Социјалните мрежи и интернетските порталски, блогерски и други инсталации, се претворени во јаже на кое се беси човештвото. Затоа што го мобилизираат и факторизираат просташтвото и општествениот талог. Во комбинација со непроменетите и, всушност застарени и надминати принципи на демократијата (не демократијата како систем), тоа се претвора во атомска бомба на неразумот.“
Извадок од колумната „Нема што да се честита“ од Бранко Тричковски, објавено на ЦИВИЛ Медиа на 3 мај, 2022.