• Latest

Блокадата на Собранието е неодговорност, започнува процесот за нов Изборен законик, студен туш за нашите русосонувачи

May 10, 2022
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
Американските воздушни сили, USAF (Photo by Hans Dorries on Unsplash)

САД одобрија продажба на воени авиони и делови на Тајван во вредност од 330 милиони долари

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Блокадата на Собранието е неодговорност, започнува процесот за нов Изборен законик, студен туш за нашите русосонувачи

May 10, 2022 17:18
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Опозицијата започна со блокада на Собранието, за власта тоа е неодговорно и за политички цели

Политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За обнова на Македонија“ од денеска почнуваат со активна блокада на Собранието која ќе трае сè до договорот за датум за предвремени парламентарни избори. Власта, сепак смета дека овој чекор е за политички цели и потенцира дека лидерска средба заснована на уцени и закани нема да има. Доколку евентуално се одржи лидерска средба, според нив, таа треба да биде за прашања кои се стратешки и кои значат подобар живот на граѓаните,

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Тупанчески: Идејата е од Министерството за правда иницијално да тргне процесот за подготовка на нов Изборен законик, кој би значел вградување на сите препораки од меѓународниот фактор, пред се од ОДИХР/ОБСЕ, меѓутоа и забелешките од другите засегнати страни.

Сакаме процесот да биде транспарентен и инклузивен зашто се работи за хиперсензитивна материја која може да има широк појас на консеквенции во однос на она што се нарекува имплементирање на демократијата во најширока смисла на зборот. Едно од посебните укажувања на меѓународниот фактор беше дека најдобро ќе биде Изборниот законик да биде донесен најмалку шест месеци пред изборите, затоа што тоа се правила на игра кои треба да се почитуваат. Предуслов е и вториот сегмент, а тоа е да се почитува начелото на консензуалност, појасни Тупанчески.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Шефот на регионалната воена управа на Луганск, Серхи Хаидаи, преку Твитер објава ги демантираше лажните вести што ги шират Русите дека нивните војници наводно стигнале до административната граница на самопрогласената „ЛПР“.

Поради континуираните воени неуспеси на Русија во Украина, главните уредници на телевизиските канали, онлајн медиумите и про-Путин бот армијата веќе добиваат инструкции да се префрлат на нова информативна политика, објави Главната разузнавачка управа на Министерството за одбрана на Украина на Телеграм

Германија ќе обезбеди целосна поддршка на Украина во истрагата и гонењето на сторителите на воените злосторства во Буча и другите градови во Украина,  соопшти германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок на својот Твитер профил

Денес направивме уште еден чекор – многу важен, и не само формален чекор – на нашиот пат кон Европската унија. Украина го достави вториот дел од одговорите на специјалниот прашалник што треба да го пополни секоја земја која претендира да биде дел од Европската унија. Обично за ова се потребни месеци и месеци. Но, ние направивме сè за неколку недели. Ова е документ кој содржи илјадници страници, изјави уктраинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање до нацијата.

На насловната страница на рускиот провладин пропаганден портал Лента.ру се појавија повеќе од десетина написи во кои се критикува претседателот Путин и војната против Украина. Подоцна тие исчезнаа од страницата, но копија од главната страница е зачувана во веб-архивата. На насловната страница извесно време имаше вести со наслови „Путин ја покрена една од најкрвавите војни во XXI век“, „Владимир Путин се претвори во мизерен и параноичен диктатор“, „На руската елита и е здодевно од непотизам и клевета“, и написот „Во војна полесно се покриваат неуспесите во економијата. Путин мора да замине. Тој води бесмислена војна и ја води Русија во бездна“.

ФЛЕШ ВЕСТИ

РЕАКЦИЈА Со одлуката на вчерашното заседание на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија се призна македонската православна црква за канонска и валидна во сеправославниот свет, и воспоставува канонско и литургиско општење со неа.

ПРЕГОВОРИ Северна Македонија нема ништо против да ја внесе бугарската заедница во Уставот, заедно со другите заедници коишто се спомнати таму, бидејќи ако по нешто сме препознатливи во светот, тоа е по односот на државата кон заедниците, но сензитивноста е во непредвидливоста на процесот и токму за тоа се разговара во моментов со Софија“, изјави денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи.

ИНКЛУЗИВНОСТ Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ од 5 до 15 мај го спроведува проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Овој проект е наменет за кревање на јавната свест за важноста на инклузивното образование и вклученоста на децата со попреченост во редовните основни училишта.

РОДОВА ЕДНАКВОСТ Од денеска започнува со работа Алијансата за родова еднаквост, платформа која се стреми да го адресира предизвикот на родовата нееднаквост со фокус на работното место. Оваа платформа е иницијатива на Асоцијацијата за е-трговија.

СРЕДБА Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски денеска оствари средба со Архиепископот Охридски и Македонски и поглавар Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија г.г. Стефан,. На средбата премиерот Ковачевски му честиташе за радосната веста за одлуката на Светиот Синод на Вселенската Патријаршија со која Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија се прима во евхаристичко заедништво со останатите православни цркви.

БРЗА ПОШТА

Зоран Иванов

Експресната реакција на Руската православна црква како кофа судена вода, шокантно, се истури врз големите македонски патриоти – русофили. Тоа што дел од македонската интелектуална, научна и аналитичка јавност со години го зборува, укажува и предупредува, вчера со непримерно брзата реакција на Руската црква дека за неа, за Руската, Српската останува единствената црковна владетелка во Македонија и врз Македонската православна црква. Па, еве, за многумината вљубеници во руската црковна и воопшто државна величина, нека биде ова тој студен руски туш на отрезнување, пишува Зоран Иванов во текстот „Студен туш за нашите русосонувачи“.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ