• Latest

Избирачкиот список повторно објавен со старите фантоми

June 28, 2016

Ден на Уставот на Република Северна Македонија: Хронологија на три децении уставни трансформации на државата

November 17, 2025
Полскиот премиер Доналд Туск разговара со полициски и воени претставници во рамките на истрагата за сомнителна саботажна операција против полска железница на 17 ноември 2025 година. Фото: Полски премиер Доналд Туск/X

Варшава ја оцени како „невиден чин на саботажа“ експлозијата на полската железничка пруга што се користи за пратки помош за Украина

November 17, 2025
Снимки на кои се гледаат украински војници застрелани од руски војници во близина на населбата Затишшија во Запоришката област, објавени на 15 ноември 2025 година. Скриншот од (Дип Стејт/Телеграм

Руските окупатори егзекутирале 2 украински воени заробеници во Запоришката област

November 17, 2025
Владимир Пивоваров, експерт за безбедност

Пивоваров: Лажните изборни ветувања се најтешко кривично дело – граѓаните живеат во маѓепсан круг на корупција

November 17, 2025

Цените на храната растат, мерки нема – Ристески се повикува на казните од 2,5 милиони евра

November 17, 2025

Пропустите на факултетите ги оставија студентите без оброк – Јаневска ветува дека пари ќе има следниот месец

November 17, 2025
фото: ВИ

Изборите завршија, новиот старт по грабање на јавните површини од моќници почнува веднаш

November 17, 2025
Фото: Лариса Дир/Х

Амбасадорката Дир: Ракетен удар на рф врз станбен квартал во Харкивскиот регион – 3 загинати, 10 повредени, меѓу нив и деца

November 17, 2025
Мурал од Бенкси

Меѓународен ден за толеранција: ЦИВИЛ бара почитување на принципите на толеранцијата, човековите права и меѓународното право – да се стави крај на насилствата и војните

November 17, 2025

Гаши ги распиша локалните избори за градоначалници во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Ростуша и Центар Жупа за 11 јануари 2026

November 17, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ОПШТЕСТВО

Избирачкиот список повторно објавен со старите фантоми

June 28, 2016 11:11
in ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Непосредно по повторното објавување на сајтот на Избирачкиот список на ДИК, каде повторно може да се прелистува според живеалиште, односно, според адреса на живеење, во ЦИВИЛ – Центар за слобода повторно пристигнаа пријави, кои зборуваат за недоследности во Избирачкиот список. Тоа што најмногу ги загрижува граѓанките и граѓаните кои се обратија во ЦИВИЛ, е што грешките кои биле пријавени по првото објавување на Избирачкиот список, не се отстранети.

“Проверувајќи го Избирачкиот список, не пронајдов фантоми во моето семејство, но затоа пронајдов фантоми од моето семејство. Мојот братучед кој живее во Хрватска од 2003 година и не доаѓа да гласа, постои во списокот и на адресата каде живееше првите 25 години од својот живот, пред да се пресели, во Скопје, и на адресата во Скопје, Општина Кисела Вода, каде живееше до заминувањето од Македонија, заедно со петочленото семејство кое исто така е иселено. Мојот друг братучед, кој живее во Нов Зеланд од 1999 година, исто така, се води на две адреси. И на адресата на која живеел првите 35 години, и на втората адреса во Скопје, Општина Центар, каде живееше до 1999 година. Единствено не знам дали ‘гласале’ на претходните избори, но дека Избирачкиот список треба да се прегледа, тоа е сигурно”, детално објаснува загрижен граѓанин од Скопје.

“Списокот беше отворен и претходно, и овој список е повторно истиот, нема никакви корекции. Тогаш пријавив преку нивната страна, затоа што постоеше таква опција, но очигледно, никој не презеде ништо. На мојата улица има повеќе од 20 гласачи, кои се иселени или починати, а се уште се дел од списокот на гласачи. Што понатаму?”, стои во пријавата која пристигна во ЦИВИЛ.

Untitled

“Во Кавадарци на ул. „Блажо Тодоровски„ избирачко место 0678 постои личност на адреса која воопшто не постои. Бројот 0000 не постои на нашата улица. Јас 50 години живеам на таа улица и никогаш немало број 0000 ниту постои лицето Шитова Садије”, се вели во друга пријава.

И покрај теренската проверка, се уште фантомски гласач е лицето Б.С. кое според Избирачки список, се води на ул. „Чаирска“ во општина Чаир, адреса на која никогаш не живеел.

Фантомски гласачи и покрај пријавувањето до ДИК, има и на адреса на еден член од тимот на ЦИВИЛ Медиа.

ЦИВИЛ – Центар за слобода ги повикува граѓанките и граѓаните да продолжат да ги пријавуваат неправилностите кои ќе сретнат во списокот на гласачи. Пријавите за фантомски гласачи, како и за други проблеми и нерегуларности, може да се испраќаат на monitor@civil.mk или на телефоните 02/520 9176 или 075/565 830. ЦИВИЛ го набљудува изборниот процес преку своите проекти „Напред!“, „Слободни избори за слободни граѓанки и граѓани“ и “Граѓански објектив“.

М. Т.

Tags: избирачки списокМакедонијапрегледфантомЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Вицепремиерот Стоиљковиќ со нервозна реакција на новинарско прашање од ЦИВИЛ – тенденциозна и потпалувачка порака на социјалните мрежи

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • Како е поврзан министерот Трипуновски со корупцискиот скандал во кој е осомничена негова блиска соработничка

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ