• Latest

Во фокусот на ЦИВИЛ: Младите најмногу се дискриминирани според сексуалната ориентација, родовиот идентитет и економскиот статус

May 17, 2022
Училишта и општински згради беа претворени во мачилишта за украинските цивили | Херсон, 2022 година.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) „Ова е тоа на кое би се предале“: Белешка за руските ѕверства во Херсон, Украина

August 14, 2026

Два јубилеи и една дијагноза

August 14, 2026
Сумска област, Украина, 14 август 2026 (фото извор: Сумска ОВА)

РУСКИ ТЕРОР: Станбена зграда во Краматорск уништена со наведувана бомба, мајка и деветгодишен син убиени во Сумската област

August 14, 2026
Петрит Сарачини, претседател на Институт за медиуми и аналитика (ИМА), Скопје, 30 јули 2026 (фото: ЦИВИЛ)

Сарачини: Влијанието што го има во Македонија, Србија го користи како чип во играта со Западот

August 14, 2026

Водата се прочистува, но довербата останува загадена: Гостивар по најголемата здравствена криза

August 14, 2026

Путин, криптото и следната будала

August 14, 2026

Мехмети: Охридскиот договор не е привилегија, туку основа за внатрешна стабилност

August 14, 2026
Водителки креирани со вештачка интелигенција - ТВ Хепи

Вештачка интелигенција прилагодена за ТВ „Хепи“ и „Информер“

August 14, 2026
Отец Сергиј Бережној, манастирски комплекс „Св. Михаил“ во Кијив, 23 јули 2026 (фото: Џабир Дерала/ЦИВИЛ)

Бидете добар Самарјанин за нас: Во што се состои пораката на отец Бережној од Православната црква на Украина до Македонската православна црква

August 14, 2026

ПР-от не може вечно да ја прикрива реалноста

August 14, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home МУЛТИКУЛТУРА

Во фокусот на ЦИВИЛ: Младите најмногу се дискриминирани според сексуалната ориентација, родовиот идентитет и економскиот статус

Социјалните медиуми „Тик Ток“ и „Инстраграм“ имаат исклучително влијание во креирање на ставовите на средношколците бидејќи следат одредени инфлуенсери кои пропагираат луксузен начин на живот и тоа е една од причините кои придонесуваат за економската разлика, односно социјална дискриминација, вели Сопоранов.

May 17, 2022 13:45
in ДЕЗИНФОРМАЦИИ, МУЛТИКУЛТУРА, ОПШТЕСТВО, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Во најновото издание „Во фокусот на ЦИВИЛ“ разговараме за говорот на омраза (на социјалните мрежи), врсничко насилство (булинг) и дискриминација во средните училишта, со Кристина Дода и Мартин Сопронов од Институтот за човекови права.

Социјалните медиуми „Тик Ток“ и „Инстаграм“ имаат исклучително влијание во креирање на ставовите на средношколците бидејќи следат одредени инфлуенсери кои пропагираат луксузен начин на живот и тоа е една од причините кои придонесуваат за економската разлика, односно социјална дискриминација, вели Сопоранов.

Тој додаде дека има значителни разлики меѓу перцепцијата на учениците и перцепцијата на наставниците за постоењето говор на омраза и дискриминација во училиштата, имено перцепцијата на наставниците за постоење на овие феномени во училиштата е значително пониска.

И учениците и наставниците сметаат дека говорот на омраза е најраспространет на социјалните мрежи. Повеќе од 1/3 од учениците сметаат дека дискриминацијата е присутна во училиштата, вели Дода која додаде дека Институтот за човекови права спроведе анкета со 995 ученици и 255 наставници во средни училишта на тема булинг или врсничко насилство, говор на омраза и дискриминација.

Дода и Сопоранов истакнаа дека младите се подложни на лажни вести и дезинформации и дека час поскоро е потребно да се воведе медиумска писменост во образованието, како и да има содржини кои ќе промовираат толерантност и почитување на различностите.

Дехран Муратов
камера и монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ