• Latest

Новинарката Делевска од sdk.mk повикана во полициска станица за објавен текст, од МВР соопштуваат дека комплетно ја почитуваат слободата на говор и дека нема никаков поднесок против неа

May 16, 2022
Фото: ЦУК

ЦУК: Од 18 пожари на отворен простор, 3 се активни, 15 се под контрола и изгаснати

August 21, 2025
Штета во Лвив како резултат на рускиот ракетен и беспилотен напад врз западна Украина во текот на ноќта на 21 август 2025 година. Фото: Андри Садови/Телеграм

Во масивен руски воздушен напад на украинските градови далеку од линијата на фронтот убиено 1 лице, повредени 14, и покрај мировните преговори

August 21, 2025
Експлозии го осветлуваат хоризонтот додека Израел ги започнува првите фази од нападот врз градот Газа. Фото: Скриншот од видео на ВВС

Израел ja започна првaта фаза од офанзивата врз градот Газа

August 21, 2025
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЧОВЕКОВИ ПРАВА

Новинарката Делевска од sdk.mk повикана во полициска станица за објавен текст, од МВР соопштуваат дека комплетно ја почитуваат слободата на говор и дека нема никаков поднесок против неа

May 16, 2022 19:39
in ВЕСТИ, МЕДИУМИ, ПРАВДА, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Новинарката Соња Колевска-Делевска од порталот sdk.mk денеска била повикана  во полициската станица Беко во Скопје на „службен разговор во врска со поплака“ за објавен текст, објави sdk.mk. Поканата за службен разговор ѝ била доставена во саботата од вооружени полицајци на домашна адреса.

Лицето која ја пријавила поплаката била државна службеничка, раководителка на едно од местата во Министерството за правда, која според пријавата против Делевска, почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот, по објавен текст во sdk.mk. Раководителката од Министерството за правда воопшто не спомната со име и презиме во објавениот текст на 27 април 2022 година на порталот sdk.mk.

Од sdk.mk напоменуваат дека ова е прв случај за напишан текст МВР, иако не е надлежно, да повикува новинар на разговор, а тоа денеска во рамки на службениот разговор ѝ го потврдил и надлежниот полицаец/инспектор.

Инаку, Хелсиншкиот комитет за човекови права попладнево остро го осуди притисокот врз новинарката Соња К. Делевска со повикување на „службен разговор во врска со поплака“ во полициска станица во Скопје, заради објавен текст. Иако службеничката од Министерството за правда не била експлицитно именувана во текстот, таа поднела пријава против Делевска, поради тоа што почувствувала вознемиреност по нејзиното здравје и по угледот.

„Повикувањето новинар на разговор во полициска станица од страна на вооружени полицајци, а за прашање кое не е кривично дело, туку се процесира во граѓанска постапка за евентуално утврдување на граѓанска одговорност за навреда и клевета, се коси со уставните начела што го гарантираат слободниот пристап до информациите, слободата на примање и пренесување на информации. Комитетот, исто така, смета дека е проблематично тоа што полицијата потклекнала пред барањето на пријавителката, која инсистирала новинарката Делевска да биде повикана во полициска станица“, се наведува во соопштението на Хелсиншкиот комитет.

Со оглед дека пријавителката е државен службеник, а случајот за кој известува Делевска е во насока на разоткривање коруптивни активности во министерството, постапувањето на полицијата кон новинарката Делевска, покрај тоа што ги загрозува новинарските слободи и уставно загарантирани права, може да се смета и за директен притисок врз нејзината работа од страна на институциите, велат од Хелсиншки.

Со остра реакција во која е наведено дека за случаи во кои граѓанин се жали на евентуална клевета или навреда припадници на МВР не смеат да „дисциплинираат“ новинари преку повикување на службени разговори во полициска станица се огласи и Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ).

„ЗНМ предупредува дека повикувањето на новинари и медиумски работници на службен разговор во полиција поради објавен текст води кон цензура и самоцензура кај новинарите. Овој случај со колешката Делевска може негативно да се одрази на слободата на јавното информирање и говор. Предупредуваме дека доколку ова стане пракса може сериозно да ги ограничи новинарите слободно да известуваат за прашања од јавен интерес и истовремено да ги обесхрабри тие да работат на теми кои се поврзани со корупција и злоупотреба на власт. Затоа бараме од МВР да спроведе итна внатрешна истрага за овој случај“, се вели во соопштението на ЗНМ.

Од Министерството за внатрешни работи соопштија дека Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди го испитува постапувањето на полициските службеници во врска со поплаката од едно лице против новинарката Соња Делевска од медиумот Сакам да кажам.

Потенцираме дека нема никаков поднесок против новинарката од страна на МВР ниту пак таков поднесок ќе има. МВР во изминативе години гради партнерски однос и со новинарите и со новинарските здруженија и комплетно сме посветени на постојано унапредување на соработката, што е постојано потенцирано и од новинарите и од релевантните организации. Комплетно ја поддржуваме слободата на говорот и таквата пракса продолжува и во иднина.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ