• Latest

Левица под темната сенка на Москва

June 10, 2022

Изборна хроника: Средби со граѓани, чистење депонии, народни собири, претставување програми – саботни активности на кандидатите за градоначалници

October 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Хамас и Израел пред пресврт: Дали планот на Трамп носи вистински мир или само нова преговарачка етапа?

October 4, 2025

Протестен марш за Палестина во Скопје: „Не смееме да молчиме за Палестина“

October 4, 2025
Gaza war (Image by hosny salah from Pixabay)

Бројот на жртви во Газа надмина 67.000

October 4, 2025
Фото илустрација: Генерирано со ВИ

Чешка одржа парламентарни избори

October 4, 2025

Триесет лица повредени во рускиот напад врз железничката станица Шостка во областа Суми

October 4, 2025

Бугарија прогласи вонредна состојба долж брегот на Црното Море поради катастрофалните поплави, три лица загинати

October 4, 2025

Тридневна меѓународна конференција за демократија и хибридни закани наредната недела во Скопје

October 4, 2025

ЕУ ги продолжи за една година санкциите против лица одговорни за руските хибридни закани

October 4, 2025

ОЈО Штип поднесе обвинение против петмина за убиство на турски државјанин

October 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Левица под темната сенка на Москва

June 10, 2022 15:23
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПОЛИТИКА, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Неколку помали здруженија и политички партии и десничарската Левица на Апасиев, непречено шират руска пропаганда во земјава, а нивните поддржувачи на социјалните мрежи, но и во дел од медиумите, континуирано ја величаат бруталната агресија на Русија врз Украина. Нивната активност, освен да ја шират руската пропаганда и дезинформации за војната, вложуваат големи напори и да ги оправдаат или целосно да ги негираат грозоморните воени злосторства што ги вршат Русите врз цивилите во Украина.

„Досието“ за проруското дејствување на Левица во Северна Македонија е обемно, а во овој прилог се прави само една кратка селекција од неколку случаи.

Среде руската агресија, Левица на средба со рускиот амбасадор во Собранието разговара за „денацификација“

На 16 март, екстремните десничари, шефот на Левица, Димитар Апасиев и неговиот колега, пратеникот Борислав Крмов, го примија рускиот амбасадор Сергеј Баздникин во Македонскиот парламент. Како што се пофалија „домаќините“, тие 90 минути разговарале без преведувач, на македонски јазик, за „денацификација и елиминирање на заканите од екстремно-десничарските и радикалните неонацистички политички движења, кои се опсаност за секоја современа демократија.“ Оваа средба беше со гордост објавена на партиската веб страница, а ја пренесоа и голем број медиуми.

Левица не е русофилска партија?!

Сепак, по големиот број негативни коментари во јавноста за средбата на пратениците на Левица со рускиот амбасадор во Собранието на Република Северна Македонија, партијата се обиде да се оправда со зборовите:

„Се создава погрешна претстава дека Левица е русофилска партија.“

 

Ваквото бегање од фактите е, во најмала рака, многу чудно.

Левица се спротивстави и на собраниската декларација за осуда на руската агресија

Левица, не само што не ги даде своите пратенички гласови за Усвојување на Декларацијата за осуда на воените напади во парламентот на 3 март, туку и жестоко ѝ се спротивставија.

Во тоа време, Владата се придружи на големиот број држави во Европа и во светот кои ги забранија пропагандните гласила на воинствениот режим на Путин, РТ и Раша Тудеј, но тоа не ги спречи проруските инсталации во земјата да продолжат со пропагандата.

„Се поставува прашањето – ќе се исклучи ли микрофонот на „Раша тудеј“ во македонското (општество) Собрание!?“ – прашува Дехран Муратов во својот коментар „Ќе го исклучи ли некој микрофонот на „Раша тудеј“ од собраниската говорница?“.

Поддршка за руската агресија, манипулации и повици за убивање

Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на (24 февруари 2022), денот кога започна воената агресија на Русија на својот Твитер профили објави стара фотографија од 2014 година со припадници на паравоена структура на Украина, групата Азов, со коментар дека „многу борци за човекови права ќе изгинат“.

По истиот повод, пратеникот и шеф на Левица, Димитар Апасиев, свесно манипулира дека во знак на поддршка на Украина, министерот Бујар Османи го обои МНР со боите на знамето на Косово.

„Членството на „Левица“ до толку агресивно ја брани воената агресија на Русија и го „напаѓа НАТО“ на социјалните мрежи, што човек ќе помисли дека НАТО ја нападна Украина, а не Руската федерација. Досега Левица не ја осудија воената агресија на Русија, напротив.“

(повеќе во анализата: А кој ќе ги блокира „проруските гласила“ да не шират токсични и штетни дезинформации?, 2 март 2022)

На „гости“ кај Комунистичката партија на Русија

Среде руската агресија врз Украина, членови на партијата Левица ја посетија Москва, каде што, според партиското соопштение (објавено на 22 мај), имале средба со лидерот на Комунистичката партија на Руската Федерација (КПРФ), Генадиј Зјуганов, како и со раководството на партијата и дел од пратениците во руската Дума. (ПДФ линк до соопштението)

Патувањето на левичарите во Москва наиде на гласна критика на социјалните медиуми, особено на Твитер. Еве дел од реакциите:

Десет дена пред да патува во Москва, односно на 9 мај, како дел од делегацијата што положи цвеќе пред спомен-плочата на паднатите борци во борбата против фашизмот, во организација на Амбасадата на Руската федерација, беше и координаторот на Сектор – Надворешна политика, и советник во Општина Свети Николе, Александар Симонов.

„Транспарентност“

Редакцијата Цивил Медиа многупати, по разни поводи, бараше одговори од Левица. Без одговор. Така, и на 25 мај, Редакцијата испрати прашања до партијата Левица, но до објавување на текстот не добивме одговор. Прашањата се:

Дали посетата беше протоколарна или вашата посета имаше и политички карактер? За што точно се работи?

Кој го финансираше патувањето во Москва?

Дали и понатаму ја поддржувате руската воената агресија врз Украина? Ако да, на кој начин и зошто?

Левица не даде одговори ниту на овие прашања, иако јавноста има право да знае што договорија и за што зборуваа нивните членови со пратениците во руската Дума.

Левица не одговори кој им ја плати „ескурзијата“ во Москва. Дали трошоците за нивното патување, сместување, храна итн. ги покри Руската Федерација или на тоа патување отидоа со пари од државата, односно со парите на македонските граѓани?

Инаку лидерот на Левица, Димитар Апасиев на 30 мај објави твит дека „Левица е прогласена за најтранспарентна партија“.

Поминаа многу денови отако Цивил Медиа достави прашања до „најтранспарентна партија“, но до овој момент најтранспарентно немаме одговор.

Мониторинг тим на ЦИВИЛ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: АпасиевКрмовЛевицаруска пропаганда
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Крвава кампања во Виница: Кандидат за советник брутално претепан за да се откаже од листата на ВМРО-ДПМНЕ

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Говор на омраза и сексизам кон кандидатка за советничка на ВМРО-ДПМНЕ, ЦИВИЛ со осуда

    143 shares
    Share 57 Tweet 36
  • (ВИДЕО) Еди Рама пред Макрон и Алиев му се потсмева на Трамп: Треба да ни честитате, тој го заврши конфликтот меѓу нас

    108 shares
    Share 43 Tweet 27
  • ИЗБОРНА ХРОНИКА: Мицкоски од Вевчани за „црвените линии“ на Филипче, ВЛЕН со конвенција „Еден глас“ во Скопје, Герасимовски од СДСМ вети бесплатни часови за учениците во Центар

    96 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Прв приговор до ДИК: СДСМ Штип против Јорданов и ВМРО-ДПМНЕ за злоупотреба на јавни ресурси

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ