• Latest

Балканските политичари на едно место во „Отворен Балкан“, Ескобар огромните економски можности на иницијативата, Белата палата на „добош“

June 8, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Балканските политичари на едно место во „Отворен Балкан“, Ескобар огромните економски можности на иницијативата, Белата палата на „добош“

June 8, 2022 16:15
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Самитот „Отворен Балкан“ во Охрид ги собра балканските политичари на едно место

Денеска во Охрид се одржа Самитот „Отворен Балкан“, со официјални обраќања на премиерите на Северна Македонија Димитар Ковачевски, на Албанија, Еди Рама и на Црна Гора, Дритан Абазовиќ, на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, како и на претседавачот со Советот на министри на БиХ, Зоран Тегелтија.

По официјалните обраќања се одржаа панел сесии за туризам и култура. На „Отворен Балкан, отвора туризам“, свое обраќање имаше вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи, кој заедно со министерот за економија Крешник Бектеши, како и со министерката за туризам и животна средина на Албанија Мирела Кумбаро Фурхи и министерката за трговија, туризам и телекомуникации на Србија Татјана Матиќ кои дискутираа за придобивките од иницијативата и мерките, кои ќе се преземат за развој на туризмот на регионално ниво.

На панел сесијата на тема „Отворен Балкан, отвора култура”, воведно обраќања имаа вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ, кој заедно со министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска, со Елва Маргарити, министерка за култура на Албанија и Маја Гојковиќ, вицепремиерка и министерка за култура и информирање на Србија кои дискутираа за важноста на културата во рамки на иницијативата „Отворен Балкан“.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ескобар: Отворен Балкан да остане економска иницијатива фокусирана на создавање можности за луѓето од регионот

САД не го гледаат Западен Балкан од гледна точка на проблемите што се случуваа во 90-те години, го гледаме преку призмата на можностите на 21 век. А можностите на Западен Балкан се огромни. Западен Балкан е благословен со одлична географска позиција, со прекрасни ресурси, но и со голем претприемачки дух и со децении луѓето од Западен Балкан ја градеа мојата земја, ја градеа Европа и поради благодарност го поддржуваме Западен Балкан, затоа што сакаме да им помогнеме на вашите луѓе да го изградат регионот,  порача денеска во видео обраќањето во Охрид на Самитот Отворен Балкан, заменик-помошникот државен секретар за европски и евроазиски прашања и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Судечкиот совет во предметот „Талир 2” го прогласи за виновен поранешниот премиер и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и го осуди на казна затвор од шест години за кривичното дело злоупотреба на службена должност. За виновен е прогласен и Кирил Божиновски, кого судот го осуди на две години условна казна. Воедно, судот го прифати и предлогот на обвинителство и го конфискуваше седиштето на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ и повеќе партиски штабови низ државата.

МНР По однос на објавените шпекулации за употребата на македонскиот јазик во рамки на Обединетите нации, Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија информира дека единствениот референтен документ на ООН за главните обележја и податоци за земјите е UNTERM (кратко од UN Terminology). Објавените информации, се оценува во соопштението од МНР преставуваат злонамерни шпекулации, чии намери се да создаваат непотребно вознемирување на јавноста, и не одат во прилог на интересите на Северна Македонија.

ПОМОШ Одборот на извршни директори на Светската банка одобри 1,49 милијарди долари дополнителна финансиска помош за Украина. Тоа, како помош за исплата на плати на државни службеници и социјални работници.

УКИМ Претставниците на Сојузот на синдикати на најстариот универзитет во државата „Св. Кирил и Методиј“, бараат средба со владини претставници, за да се обезбеди како што велат, достоинствена плата за вработените на универзитетот.

ДИСТРИКТ

Во Дистрикт на Цивил Прес Студио, интервју на Зоран Иванов со Александар Божиновски – новинар истражувач зборува за вредностите на истражувачкото новинарство и за бенефитите од истражувачките стории за општеството, но и за непопуларноста на овој журналистички жарн кај владејачките структури.

 

Златко Димовски, професор на Факултетот за безбедност, Скопје, на Втората конференција на Асоцијацијата „Центар за антитероризам и мир-Гардиан“ од Куманово: Ковид-кризата го стави тероризмот во втор план

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Анкета во Тетово: Мала доверба во медиумите и политичарите, оти шират дезинформации и пропаганда

Поголемиот дел од граѓан(к)ите на Тетово не им веруваат на медиумите оти сметаат дека се продолжена рака на политичарите кои според нив, постојано шират лажни вести, пропаганда и дезинформации.

ПРОПАГАНДА

Во Хелсинки, книжарницата Русланија, која е главен дистрибутер на руски книги и филмови, објави книги кои го негираат постоењето на украинската држава. Директорот на Русланија, Андреас Агопов рече дека книжарницата останува „надвор од политиката“ и ќе продолжи да дистрибуира книги „без спротивставени ставови и позиции“, објави Euromaidan Press, прочитајте во анализата на Фронтлајн „Руска пропаганда во книжарница во Финска – продажба на книги кои негираат постоење на Украина“.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ