• Latest

Бранувања во бугарската влада за македонското прашање, Вархеји притиска за датум во јуни, скок на БДП за 2,4 проценти

June 9, 2022

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
Foto: Wikimedia Commons

ОН: Само во октомври повеќе од 260 напади врз Палестинци во Западен Брег

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Бранувања во бугарската влада за македонското прашање, Вархеји притиска за датум во јуни, скок на БДП за 2,4 проценти

June 9, 2022 16:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска најави оставка

Бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска денеска најави дека ќе поднесе оставка, поради тоа што дознала дека премиерот Кирил Петков водел разговори со европски дипломати за тргање на ветото за Северна Македонија. Генчовска за БТВ изјави дека во текот на денот ќе ја депонира нејзината оставка до Собранието, поради што не знае дали таа ќе присустува на престојната средба со германскиот премиерт Олаф Шолц, кој в сабота доаѓа во посета на Скопје и Софија.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Вархеји:   Би сакале да видиме договорот да биде постигнат во јуни, затоа утрово се среќавам со премиерот и со министерот за надворешни работи, а ќе се сретнам и со претседателот.

Вархеји, оцени дека се уште нема решение за спорот и оти тоа е многу фрустрирачко за ЕУ, бидејќи не може да продолжи пристапниот процес.

– Сè уште ја чекам поддршката од Бугарија и на тоа работиме со сите овие разговори што ги водев овде во Софија, а редовно и во Скопје, конечно да се разјасни и зајакне европската перспектива за Република Северна Македонија,

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Во насока на Северодонецк, руските трупи стрелаа со минофрлачи, артилерија и повеќе ракетни системи врз Вооружените сили на Украина. Непријателот продолжува да прави залудни обиди да најде слаби точки во одбраната на Северодонецк, се наведува во извештајот на Генералштабот на вооружените сили на Украина објавен на Фејсбук.

Европскиот парламент усвои резолуција со која се препорачува Европската унија да и додели на Украина статус на земја кандидат за членство во ЕУ. За резолуцијата гласаа околу 438 европратеници, од кои 65 гласаа против, а 94 беа воздржани.

Десетици земји може да се соочат со физички недостиг на храна, а милиони луѓе може да гладуваат доколку продолжи руската блокада на украинските пристаништа на Црното Море, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во неговиот говор за време на  TIME100 Гала, јавува дописникот на Укринформ.

„Руската флота – не британската или која било друга – ги блокираше пристаништата на Украина во Црното Море, така што светот е на работ на ужасна криза со храна. И тоа не е само ценовна криза. Не можеме да ги извезуваме нашите пченица, пченка, растително масло и други производи кои одиграа стабилизирачка улога на светскиот пазар. Тоа значи дека, за жал, десетици земји може да се соочат со физички недостиг на храна. Милиони луѓе може да гладуваат ако руската блокада на Црното Море продолжи“, рече Зеленски.

Битката за Сиевиродонецк е една од најтешките од почетокот на целосната руска инвазија на Украина, а таму се решава судбината на Донбас, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во синоќешното видео обраќање.

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕКОНОМИЈА Стапката на раст на бруто-домашниот производ (БДП) во првото тримесечје од 2022 година е 2,4 отсто, соопшти Државниот завод за статистика. Во првото тримесечје од 2022, пораст е забележан во повеќе сектори.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупција утврдила неколку слабости при спроведувањето на постапката за јавна набавка на возила преку изнајмување по пат на оперативен лизинг на јавните институции.

ИНТЕГРАЦИИ Лидерите на државите и владите на земјите членки во Процесот за соработка во Југоисточна Европа, меѓу кои и премиерот  Димитар Ковачевски, утре ќе учествуваат на Самитот во Солун што го организира Грција со што завршува грчкото претседателство со ПСЈИЕ.

ИНОВАЦИИ Фондот за иновации и технолошки развој – ФИТР, денеска го објави јавниот повик „Стартапувај 4”, со кој вкупно два милиони евра неповратни финансиски средства се ставаат на располагање за поддршка на македонскиот стартап еко систем.

КОМИСИСКА РАСПРАВА Поради отсуство на пратениците од власта, Постојаната анкетна комисија за заштита на слободите и правата на граѓанинот денеска немаше кворум за расправа. На дневен ред на седницата се Информацијата за автобуската несреќа на превозната компанија „Беса Транс“ што се случи во Бугарија и Информацијата за состојбите и преземените активности во врска со расчистување на случајот со пожарот во модуларната болница во Тетово.

ТРУД И СОЦИЈАЛА Во рамките на Меѓународната конференција на трудот, што се одржува во Женева, Швајцарија, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска оствари средба со Регионалниот директор на МОТ за Европа и Азија во Женева, г-дин Хајнц Колер. Тема на средбата  беа активностите и проектите коишто се спроведуваат во Република Северна Македонија, во делот на техничка помош и поддршка од Меѓународната организација на трудот.

РАЗВОЈ Забрзан економски раст, заштита на животната средина на ниво на европскиот просек и редефинирана енергетска политика, забрзување на дигиталната трансформација и промовирање на дигитална економија и образованието, младите и инклузивниот развој, се четирите приоритети на Рамката за развој МКД 2030 којашто денеска беше промовирана од претседателот Стево Пендаровски.

КУЛТУРА  Украинскиот детски филм „Бобот“во режија на Макс Ксјонда, ќе биде последниот наслов од програмата „Џифони филмски денови“, што ќе заврши в сабота (11 јуни) во 10 часот во Кинотеката.

ИЗЈАВИ

Дерала: Воените фронтови се поблиску отколку што мислиме – тие се на нашите дланки

„Освен што вие ги гледате страотните разорувања и убиства на цивили, меѓусебно уништување на воените ресурси, пред сè на луѓето тоа е најтрагичниот губиток имате паралелна војна која се одвива на дланките на секој човек кој држи во раце телефонски уред. Во комбинација со комуникациските технологии и со интернетот тоа може да биде убиствена алатка“, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, во своето обраќање на втората Конференција на Асоцијацијата „Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан” од Куманово.

 

Гоцевски: Економијата станува една од најопасните алатки во кризни состојби

„На безбедносен план во Европа, па и во светот пошироко, се случува нешто што никој не го очекуваше, војна на тлото на Европа. Она што е загрижувачки што по кубанската криза, денеска за првпат се спомнува опасност од нуклеарно оружје како можност, што е едно од најсериозните закани по светскиот мир и безбедност“, изјави проф. Трајан Гоцевски, поранешен министер за одбрана на Македонија на Конференцијата на Асоцијација „ Центар за анти-тероризам и мир “Гардијан” од Куманово.

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ