Новинарите на украинскиот јавен радиодифузер Суспилне, Кристина Хаврилук и Тарас Ибрагимов, како и нивните странски колеги, беа под непријателски оган во центарот на Лисичанск, регионот Луганск, пренесува Укринформ.
Новинарите беа успешно евакуирани од страна на украинската војска.
Според новинарите, никој од нив не бил повреден во гранатирање.
Украинските сили велат дека руските трупи го гранатираат Лисичанск речиси секој ден. Значително побројни од Украинците по артилериска моќ во областа, Русите се способни да ги зафатат целите области на градот со артилериски оган.
Во градот се останати околу 15.000 цивили.
Подготви: Д.Мишев