• Latest

Владата ги замрзна цените, бугарското вето е дело на руските специјални служби, дрога и оружје во затворот „Идризово“

June 14, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Владата ги замрзна цените, бугарското вето е дело на руските специјални служби, дрога и оружје во затворот „Идризово“

June 14, 2022 16:26
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макароните, оризот, кравјото млеко и јајцата на 10 отсто

Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши, пренесува МИА.

– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира министерот Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.

Тој додаде дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Аналитичарот Петар Арсовски за Утрински брифинг вели дека притисокот на преговорите меѓу Бугарија и Северна Македонија сега е насочен кон Бугарија, оти Македонија веќе помина низ периодот на политички турбуленции и остана само желбата што поскоро да се продолжи со евроинтегративните процеси. Сега македонската позиција има поддршка во Европа, а бугарскиот став предизвикува чудење.
-Бугарија и Македонија ги прекршуваат копјата меѓу источното и западното крило на НАТО, а Русија не ни крие дека е нејзин стратешки план источното крило на НАТО да биде нестабилно. Бугарија сега се наоѓа во чистилиште, бугарскиот премиер Кирил Петков има западна поддршка и затоа се случуваат сите овие работи и афери околу бугарската влада, оти Русија го прави тоа со намера и ова не е првпат. Бојко Борисов на времето на истиот принцип стана премиер, вели аналитичарот Арсовски.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Зеленски истакна дека нема кој денес точно ќе каже колку ќе трае украинскиот пат до победата. Но, огромното мнозинство од луѓето денес веќе се свесни – ова е  патот. Така ќе заврши оваа војна.

Ќе обновиме се што е уништено од окупаторите. Од Волноваха до Чорткив. Затоа што ова е Украина. И наша судбина е да го вратиме и зајакнеме, подвлече Зеленски на крајот од обраќањето.

*

Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори, пренесува МИА.

*

Главната цел на руската воена операција во Украина е заштита на самопрогласената Доњецка Народна Република и Луганската Народна Република, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува МИА.

*

Новинарите на украинскиот јавен радиодифузер Суспилне, Кристина Хаврилук и Тарас Ибрагимов, како и нивните странски колеги, беа под непријателски оган во центарот на Лисичанск, регионот Луганск, пренесува Укринформ. Новинарите беа успешно евакуирани од страна на украинската војска.

*

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за програмата Heute Journal на германскиот телевизиски канал ZDF, изјави дека очекува Германија појасно да ги дефинира своите приоритети во односите со Русија и да ја поддржи Украина во нејзините аспирации за членство во ЕУ за време на посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев, пренесува Укринформ.

„Очекувам дека тој [Олаф Шолц] лично ќе не поддржи и дека лично ќе биде уверен дека Украина може да се приклучи на ЕУ и дека кандидатскиот статус ќе и биде доделен на Украина уште во јуни“, рече Зеленски.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ИНТЕГРАЦИИ Бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров за вечерашната Топ Тема на Телма телевизија истакна дека ветото не е смислено во Софија, тоа е акција на руските специјални служби.

ЕКОЛОГИЈА Северна Македонија денеска го заврши Вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина. Завршниот настан го организираа ФАО и Кабинетот на Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ).

РЕГИОН Во усвоениот извештај на ЕП за Србија за првпат се споменува „взаемно признавање” на Србија и Косово.

МВР: Во затворот „Идризово“ пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети.

МУЛТИКУЛТУРА

ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“  на 15 јуни 2022 година (четврток) , со почеток 13 часот.

На настанот ќе се говори за младите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.

Учесници на панелот ќе бидат  Селва Мустафи од „Романо Авази“, Сотир Габелоски Советник во општина Крушево,  Дино Блажески УМС на ВМРО-НП.

Анкета: Соживотот во Тетово е на ниво, подобро не може да биде – ова е Балкан

Има мултикултура и соживот во Тетово. Добро е тука, а и подобро не може да биде, Балкан е, вели еден граѓанин кој подолго време се живее во Швајцарија на прашањето на ЦИВИЛ – Какви се меѓуетничките односи во општина Тетово?

Хаџи Зафирова: Доколку сакаме општествен прогрес, треба да се прифатиме едни со други

 

ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА

Димитровска: Со неинформираниот народ многу лесно може да се владее

Мора да се преземат повеќе мерки да се спречат дезинформациите и еднаш засекогаш да се добие доверба во системот и во сè она што се прави во државата, односно да се пласираат точни информации“, изјави Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ од Куманово.

ЦИВИЛ во рамките на проектот „Зад димната завеса“ разговараше со експертката за медиуми, Марина Тунева, за дезинформациите, пропагандата, улогата на медиумите, институциите и граѓанското општество во справување со оваа опасна појава.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

Руската пропаганда ги негира воените злосторства во Украина, а истовремено „стимулира“ восхит и ситење за страдањата на цивилите. Главните пропагандни наративи за оправдување на агресијата се дека тоа е „специјална воена операција“ за „ослободување“ и „денацификација“ на Украина, а воедно се негира украинската нација, јазик и идентитет. „Маскировката“ е ставена во функција долго пред инвазијата во 2014 година. „Специјалната војна“ се води и на балканско тло“, пишува Џабир Дерала во анализата „Досие: Специјалната воена и пропагандна операција на Русија против Украина и демократскиот свет“.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ