ВЕСТ НА ДЕНОТ
Се замрзнува маржата на лебот, шеќерот и зејтинот на 5, а на брашното, макароните, оризот, кравјото млеко и јајцата на 10 отсто
Владата на денешната седница на предлог на Министерството за економија донесе Одлука за определување на највисока трговска маржа на основните прехранбени производи во трговијата на големо и на мало, информира министерот за економија Крешник Бектеши, пренесува МИА.
– Во консултација со бизнис заедницата и по координација со надлежните институции донесовме Одлука според која започнувајќи од утре, заклучно со 30 септември 2022 година за леб бел – сечен на парчиња или цел, шеќер бел како и сончогледово масло за јадење (без ладно цедено масло се утврдува трговска маржа во висина до 5 отсто во трговијата на големо и на мало. За брашно од пченица – тип 400 и тип 500, макарони и шпагети од тврда пченица, македонски ориз бел, трајно кравјо млеко со масленост од 2,8, 3,2 и 3,5 отсто и јајца од кокошка за сите трговски друштва и трговци поединци кои учествуваат во трговскиот ланец, се утврдува трговска маржа во висина до 10 проценти во трговијата на големо и на мало, информира министерот Бектеши на денешната прес-конференција пред Владата.
Тој додаде дека според Одлуката за овие производи нема да се пресметуваат оперативни трошоци и не се одобрува рабат и надоместоци кои трговецот на мало ги наплаќа од трговецот на големо и тоа за рекламирање и за изложување на стоките на рафтови односно полици.
ИЗЈАВА НА ДЕНОТ
-Бугарија и Македонија ги прекршуваат копјата меѓу источното и западното крило на НАТО, а Русија не ни крие дека е нејзин стратешки план источното крило на НАТО да биде нестабилно. Бугарија сега се наоѓа во чистилиште, бугарскиот премиер Кирил Петков има западна поддршка и затоа се случуваат сите овие работи и афери околу бугарската влада, оти Русија го прави тоа со намера и ова не е првпат. Бојко Борисов на времето на истиот принцип стана премиер, вели аналитичарот Арсовски.
ВОЈНА ВО УКРАИНА
Зеленски истакна дека нема кој денес точно ќе каже колку ќе трае украинскиот пат до победата. Но, огромното мнозинство од луѓето денес веќе се свесни – ова е патот. Така ќе заврши оваа војна.
Ќе обновиме се што е уништено од окупаторите. Од Волноваха до Чорткив. Затоа што ова е Украина. И наша судбина е да го вратиме и зајакнеме, подвлече Зеленски на крајот од обраќањето.
*
Европската комисија ќе препорача Украина да добие официјален статус на земја-кандидат за членство во ЕУ, објавува бриселскиот портал „Политико“ повикувајќи се на неколку неименувани дипломатски извори, пренесува МИА.
*
Главната цел на руската воена операција во Украина е заштита на самопрогласената Доњецка Народна Република и Луганската Народна Република, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, пренесува МИА.
*
Новинарите на украинскиот јавен радиодифузер Суспилне, Кристина Хаврилук и Тарас Ибрагимов, како и нивните странски колеги, беа под непријателски оган во центарот на Лисичанск, регионот Луганск, пренесува Укринформ. Новинарите беа успешно евакуирани од страна на украинската војска.
*
Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во интервју за програмата Heute Journal на германскиот телевизиски канал ZDF, изјави дека очекува Германија појасно да ги дефинира своите приоритети во односите со Русија и да ја поддржи Украина во нејзините аспирации за членство во ЕУ за време на посетата на канцеларот Олаф Шолц на Киев, пренесува Укринформ.
„Очекувам дека тој [Олаф Шолц] лично ќе не поддржи и дека лично ќе биде уверен дека Украина може да се приклучи на ЕУ и дека кандидатскиот статус ќе и биде доделен на Украина уште во јуни“, рече Зеленски.
ФЛЕШ ВЕСТИ
ИНТЕГРАЦИИ Бугарскиот аналитичар Владимир Владимиров за вечерашната Топ Тема на Телма телевизија истакна дека ветото не е смислено во Софија, тоа е акција на руските специјални служби.
ЕКОЛОГИЈА Северна Македонија денеска го заврши Вториот проект за подготвеност за Зелениот климатски фонд со кој се поставуваат темелите за климатски активности предводени од државата во иднина. Завршниот настан го организираа ФАО и Кабинетот на Заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, во улога на Национален назначен орган за Зелениот климатски фонд (ЗКФ).
РЕГИОН Во усвоениот извештај на ЕП за Србија за првпат се споменува „взаемно признавање” на Србија и Косово.
МВР: Во затворот „Идризово“ пронајдени дрога, оружје и други забранети предмети.
МУЛТИКУЛТУРА
ЦИВИЛ ќе одржи јавен настан на тема „Младите за мултикултурализмот и (не) дискриминацијата“ на 15 јуни 2022 година (четврток) , со почеток 13 часот.
На настанот ќе се говори за младите и нивното спознавање на мултикултурализмот, институционалната застапеност, (не)дискриминацијата на општествено и институционално ниво.
Учесници на панелот ќе бидат Селва Мустафи од „Романо Авази“, Сотир Габелоски Советник во општина Крушево, Дино Блажески УМС на ВМРО-НП.
Анкета: Соживотот во Тетово е на ниво, подобро не може да биде – ова е Балкан
Има мултикултура и соживот во Тетово. Добро е тука, а и подобро не може да биде, Балкан е, вели еден граѓанин кој подолго време се живее во Швајцарија на прашањето на ЦИВИЛ – Какви се меѓуетничките односи во општина Тетово?
Хаџи Зафирова: Доколку сакаме општествен прогрес, треба да се прифатиме едни со други
ЗАД ДИМНАТА ЗАВЕСА
Димитровска: Со неинформираниот народ многу лесно може да се владее
Мора да се преземат повеќе мерки да се спречат дезинформациите и еднаш засекогаш да се добие доверба во системот и во сè она што се прави во државата, односно да се пласираат точни информации“, изјави Благица Димитровска, претседателка на „Инклузива“ од Куманово.
ЦИВИЛ во рамките на проектот „Зад димната завеса“ разговараше со експертката за медиуми, Марина Тунева, за дезинформациите, пропагандата, улогата на медиумите, институциите и граѓанското општество во справување со оваа опасна појава.
СЛОБОДНА ЗОНА
Руската пропаганда ги негира воените злосторства во Украина, а истовремено „стимулира“ восхит и ситење за страдањата на цивилите. Главните пропагандни наративи за оправдување на агресијата се дека тоа е „специјална воена операција“ за „ослободување“ и „денацификација“ на Украина, а воедно се негира украинската нација, јазик и идентитет. „Маскировката“ е ставена во функција долго пред инвазијата во 2014 година. „Специјалната војна“ се води и на балканско тло“, пишува Џабир Дерала во анализата „Досие: Специјалната воена и пропагандна операција на Русија против Украина и демократскиот свет“.