• Latest
Тања Кармзова – Костиглиола

Со кои очи гледате херој во ѕвер како Путин?

June 23, 2022
Кијив, 11 јули 2026 (фото: ДСНС)

Кијив повторно под руски напад со балистички ракети и дронови: повредени 11 лица, меѓу нив и дете, Украина бара итно зајакнување на ПВО

July 11, 2026

СДА Македонија: Секој ден се сеќаваме, еден ден не забораваме – 31 година од геноцидот во Сребреница

July 11, 2026
Погребување на пронајдени жртви на геноцидот во Сребреница

ЦИВИЛ: Тишината е соучесник – Сребреница е жива рана и предупредување за целото човештво

July 11, 2026
Сребреница, меморијална гробница (фото извор: Wikimedia Commons)

11 Јули: Меѓународен ден на сеќавање и размислување за геноцидот во Сребреница

July 11, 2026

Зеленски од Анкара: Русија ја донесе војната во Украина, ние само се браниме – Европа мора да изгради силна заштита од балистички ракети

July 9, 2026

Ако не се подобриме ќе ни биде полошо

July 9, 2026
НАТО самит во Анкара, 7-8 јули 2026 (фото извор: НАТО)

НАТО по Анкара: Клучни поенти од Самитот кој ќе остане запаметен како почеток на нова ера за Алијансата

July 9, 2026
АЛТА БАНКА И покрај сета помош од државата има многу малку шалтери во Србија, но отсега во секоја полициска станица ќе може да прима клиенти!

Државата „жнее“ богати клиенти за Алта банка, омилена на Вучиќ

July 8, 2026

Продолжува рускиот терор врз цивилите: Харкив, Кијив, Запорижја и Чернигивската област под напад, Украина бара итна ПВО поддршка

July 8, 2026
Фото: МИА архива

Брисел и Софија со јасни позиции: Нема политички гаранции, уставните измени остануваат услов за напредок кон ЕУ

July 8, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Со кои очи гледате херој во ѕвер како Путин?

June 23, 2022 12:31
in Uncategorized, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Тања Кармзова – Костиглиола

Тања Кармзова – Костиглиола

Share on FacebookShare on Twitter

ТАЊА КАРМЗОВА КОСТИГЛИОЛА

Констатирам дека огромна поддршка добива Русија на Путин кај нас. Сосем свесно ја диференцирам како земја на еден човек, така се извајува јасно едноумието и режимските политики. Другари, очигледно не си ја знаете историјата. Ни постарата, а богами ни она што во моментов се испишува по гримоарите.

Украина е млада земја, речиси како нашата, во сегашните граници. И одовде можам да ви наредам еден мал милион сличности меѓу неа и нашата Македонија. Знаете каде се Карпатите, така? Ајде, ќе повториме: се протегаат на територија на Украина, Романија, Полска, Чешка, Унгарија и Србија. Од таму, всушност, ни доаѓаат предците што се измешале со староседелците негде меѓу VII и IX век.

Освен ако уште ве држи тезата дека сме антички, тука не можам да помогнам. Како специфичен народ, Козаците се споменуваат уште на самиот почеток на XIV век, како полуномади што се приврзани до еден концепт којшто ви е добро познат: самоуправување и самодоволност (друже Тито, недостигаш!).

Територијата на денешна Украина сосе Крим е распарчувана, окупирана, ограбувана, претопувана цели 7 века од различни окупатори: Османлии, Полјаци, Руси, Германци и да не ја тупам, јасно ви е која паралела ви ја давам тука.

И сега, вие имате во XXI век некој изрод што на дискутабилен начин ја узурпира руската власт веќе 20 години и што еве решил едно утро дека може да си дозволи да се меша во суверенитетот на друга држава апропо нејзините геополитички, идеолошки и културолошки аспирации, и веќе 20 години рова во секој метар квадратен земја чие управување не му припаѓа (пак познато, а?).

Дваесет години наназад, другар ви Путин вештачки ја зголемува русофоната популација во Донбас, праќајќи мисионери, платеници, шпиуни, давајќи им руски пасоши „на лепе очи“ (познато и ова, а?) и како врв на апсурдот крвнички напаѓа држава со изговори што не држат вода. НАТО не прифаќа држава со нерешени спорови со соседите, уште помалку кога тие спорови ги засегаат границите.

Путин го реши проблемот со евентуалното членство во НАТО на Украина уште во 2014 година, кога еднострано и против сета логика на меѓународното право го анектираше Крим. Донбас врие со години наназад под притисокот и пропагандата на Кремаљ, сепаратистичките идеи беа пресадени таму со хирушка прецизнозност. Оттука и беснеењето на украинските батаљони таму, што дефинитивно на свиреп и несоодветен начин се обидуваа(т) да го санираат проблемот.

Дали тоа што зборувам англиски прави од мене Англичанка? Или Американка? Дали затоа што шпанскиот ми е како втор мајчин можам да бидам асимилирана со Мексиканците или Аргентинците? Дали затоа што зборувам на југоисточен дијалект и тој дијалект има непоречлива блискост со бугарскиот јазик – јас сум Бугарка? Дали од тоа што Бугарија се води по рускиот пример со издавање бугарски пасоши не ве фаќа нималку јанѕа за иднината на земјата: негирана и уценувана на речиси идентичен начин како Украина? Дали мислите дека Бугарија води сопствена политика или одработува за интересите на трета земја што се служи со презирот што го јаде(в)ме децении наназад од страна на Западот за да го врати влијанието што го имала историски над нашиов регион?

Збеснавте за двојазичноста во северозападниот регион, ве боли негирањето на јазикот и специфичноста на нашата народност што ни ги мава Бугарија, ве боли промената на името, ве болат Пиринот и Егејот, ве болеше до вчера црквата, ве боли сè што ве удира лично, но најтешкиот удар, другари, ви го дава Русија на Путин. Не онаа на Брежнев, не онаа на Горбачов, туку оваа сегашна.

Има една Русија што болела повеќе на наш грб, онаа на Сталин, што на територија на Србија и на Македонија, за време на ослободувањето од хитлеровите канџи извршила масовни силувања врз македонските и српските жени за коишто сè уште е табу да се зборува. Кога Тито му пишува на Сталин во 1948 година дека „моралот на Црвената армија е понизок од оној на британската армија“ – на тоа мисли. А, нема потреба да ви кажувам колку истиот тој Тито имал против Западот.

Јас навистина не знам во кој момент наоѓате оправдување за ваков терор, со кои очи гледате херој во ѕвер како Путин, кога во сопственото месо сте стрелани со истите стрели, во истиот момент. Немам јас ништо против рускиот народ што е веројатно првата жртва на режимот што ја киднапира власта во Русија, што е осуден да живее во медиумски мрак, што е подложен на сериозна тортура, на пропаганда, на прогони, на беда и сиромаштија, на стигматизација згора на сè од страна на сите оние што ставаат знак на еднаквост меѓу Пушкин и Лавров, меѓу бабичката од Сибир и олигарсите.

Жалам што бадијала ќе останат мајки без деца, деца без татковци. Жалам неизмерно што круговите на ожалостување ќе ја засегнат секоја украинска и руска фамилија и ќе вртат како центрифуги меѓусебна омраза и непријателство акцентирајќи неугаслива жед за одмазда.

Жалам што сево ова е само резултат на каприц и алчност, совршено покриени со вел на хуманизам и патриотизам. Какво сквернавење!


Тања Кармзова Костиглиола e поетеса и студент на катедра за централно-европски студии при Сорбона, Париз. Живее и работи во Париз. Сите права се задржани. Текстот е личен став на Авторката.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ