• Latest

Македонија: Преглед на настани (06 јули 2016)

July 7, 2016
Фото: Креирано со помош на ВИ

Зошто Путин не е подготвен да се сретне со Зеленски, а можеби никогаш и нема да биде

August 20, 2025

24 ЧАСА: Над 13 милиони евра од државата за Бехтел и Енка само во јуни; Додик да го врати дипломатскиот пасош; Сојузници подготвени да испратат војници во Украина

August 20, 2025
Илустрација ВИ

Кој сè е надлежен за спроведување на изборите – што е што во изборен контекст

August 20, 2025

МНР на БиХ бара Додик да го врати дипломатскиот пасош

August 20, 2025
фото Влада

ВМРО-ДПМНЕ калкулира со необјавување кандидати за градоначалници во поголемите општини, се повлекува од западна Македонија

August 20, 2025
Фото:Општина Чаир

Османи со Мишел Ројкинд, Меџити со Бајрам Вардар: Чаир во центарот на урбаната трка

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на N1

РЕАКЦИИ: Антивладините протести во Србија низ македонска призма – Русија, Запад и „чиј човек е Вучиќ?“

August 20, 2025
Олександр Мережко, пратеник од Слугата на народот, претседател на Комитетот за надворешна политика и меѓупарламентарна соработка на Врховната рада. Фото: УНИАН

Нема да има мировен договор – пратеникот Мережко објасни зошто е можен само прекин на огнот

August 20, 2025
Израелска армија, единицата „Шалдаг“ (фото извор: IDF)

Израел го одобри планот за окупација на Газа и покрај понудата за прекин на огнот

August 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Израел го одобри контроверзниот проект за населба што би можел да го подели Западниот Брег

August 20, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Македонија: Преглед на настани (06 јули 2016)

July 7, 2016 11:12
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

Дневен преглед на најважните настани во Република Македонија (06 јули 2016 година): Нов закон за владини реклами, нов обид за злоупотреба на парите на граѓаните? || Продолжува штрајкот на УПОЗ || Шарената револуција и “Го сакам ГТЦ” протестираа и покрај силното невреме || Хајндл повторно во Скопје на средби со потписниците на Пржинскиот договор || ЕУ ќе крати нови 69 милиони евра за Македонија

хв

Нов закон за владини реклами, нов обид за злоупотреба на парите на граѓаните?

Фото:Ванчо Џамбаски

Без никаква претходна најава и јавна расправа, без вклучување на сите потписнички на договорот од Пржино за надминување на политичката криза, но и на други засегнати страни од медиумската сфера, власта деновиве повторно брза да донесе ново парче легислатива, со кое ќе се уреди прашањето на јавното рекламирање и кампањи во медиумите. Ова дејствие следува по речиси едногодишниот мораториум на објавување на владини кампањи, што беше резултат на договорот постигнат во Пржино минатата година меѓу четирите најголеми политички партии во Македонија. За тоа говори самиот факт дека Министерството за информатичко општество и администрација организираше брифинг само за дел од медиумската заедница. Предлог-законот веќе е доставен до Собранието на Македонија и е влезен во собраниска процедура.

 

Продолжува штрајкот на УПОЗ

pred-pravda-670x373

Судската администрација која веќе два месеца штрајкува, се соочува со нов притисок, со цел да го прекине штрајкот. Според новото известување од Судскиот буџетски совет, дури 40 проценти од платата на секој кој штрајкува, ќе биде намалена. ЦИВИЛ Медиа разговараше со Пецо Грујовски, претседател на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани – УПОЗ. „Продолжуваме со штрајкот,  направивме напори поради одморите да прекинеме со штрајкот, но ова ги иритира луѓето и велат дека нема да одат на одмор, продолжуваат со штрајк. Само долеваат масло на огнот, не преговараат за да го решат проблемот, да дојдеме до решение, а ништо посебно не бараме, само закон бараме. Пари не бараме, ама тоа не им одговара, само сакаат да го скршат штрајкот”.

Шарената револуција и „Го сакам ГТЦ“ протестираа и покрај силното невреме

13582318_150052208736488_510187070_o-702x336

Силниот дожд не ги спречи учесниците во Шарената револуција да излезат на најавениот протест во Скопје, кој започна во 19 часот пред СЈО. Дел од демонстрантите делат баклава по повод Рамазан Бајрам. Со едноминутно молчење во текот на протестот, граѓан(к)ите му одадоа почит на починатиот Алмир. Протестот се одржува под мотото „Правдата е Устав, СЈО е правда“, како што пишува на платното што пред себе го носат демонстрантите, движејќи се кон Владата. Тие и денеска го повторија барањето – Уставниот суд да ја потврди уставноста на Специјалното јавно обвинителство, појасувајќи дека заштитата на СЈО е гаранција за правда во Македонија. На протест денеска повика и здружението „Го сакам ГТЦ” од каде порачаа дека „Скопје 2014“ може да се спречи само ако падне оваа Влада. На мостот „Гоце Делчев” демонстрантите ги дочека полициска блокада.

Хајндл повторно во Скопје на средби со потписниците на Пржинскиот договор

screenshot-2016-06-08-194346-470x246

Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл денеска повторно беше во Скопје на средби со потписниците на Договорот од Пржино. Како што информираат од германската амбасада, Хајндл, за време на дводневната посета на Македонија, ќе се сретне и со претставници на меѓународната заедница, а предвидени се и разговори со претседателот на државата Ѓорге Иванов, со премиерот Емил Димитриев, со министерот за надворешни работи Никола Попоски и со специjалната обвинителка Катица Jанева. Ова е трета посета на Хајндл на Македонија во последните 30 дена. Хајндл имаше средби со сите лидери на партиите потписници на Договорот од Пржино, со исклучок на Никола Груевски.

ЕУ ќе крати нови 69 милиони евра за Македонија

eu

Европската унија донесе одлука за кратење на уште 69 милиони евра, средства од ИПА фондовите.  Оваа одлука ќе има директни последици за Коридорот 8 и со неа се засилуваат санкциите од Унијата. ЕУ планира да и ги одземе надлежностите на Владата за менаџирање на ИПА фондовите и директно да одлучува како ќе се трошат европските пари, кои досега беа децентрализирани. Брисел нема повеќе доверба во домашните власти и токму затоа донесе одлука за засилено набљудување на ИПА фондовите. ЕУ пред неколку дена донесе одлука за кратење на 27 милиони евра од ИПА фондовите за Македонија, што беше толкувано како почеток на санкциите за Македонија од Брисел.


German Cooperation logo - C

ЦИВИЛ го објавува овој преглед на настани со цел да придонесе кон објективното информирање за настаните и процесите, но и за настани за кои еден дел од медиумите во Република Македонија не информираат или информираат многу малку. Вашето мислење е важно за нас. Ве молиме, вашите коментари, сугестии, информации, фотографии и видео прилози испраќајте ги на нашата Фејсбук страница или на e-mail: monitor@civil.org.mk

 

 

Print Friendly, PDF & Email
Tags: Договорот од ПржиноМакедонијапрегледЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Бабановски: Никој не знае каде заврши оружјето што му гo донесе Аркан на Мијалков

    99 shares
    Share 40 Tweet 25
  • Македонија претворена во прокси држава на Кремљ

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
  • Карл Билд: СССР беше мизерно промашување како општество и како економија

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    88 shares
    Share 35 Tweet 22
  • САД ги избришаа правата на македонското малцинство во извештајот за Бугарија

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ