• Latest

Во гола борба за власт, се злоупотребуваат и личните податоци на пратеници, Ковачевски уверува – нема никаква асимилација и бугаризација, на Русите им фали Западот, разгледница на омразата

July 13, 2022

Вонредна седница на белгискиот Совет за национална безбедност поради инцидентите со дроновите

November 5, 2025

Брвеница, Шуто Оризари и Карпош со приговори до ДИК за изборните резултати

November 5, 2025
Скриншот од видео на Х

(ВИДЕО) Мамдани: Њујорк ќе остане град на имигранти, град изграден од имигранти, управуван од имигранти и од вечерва, предводен од имигрант

November 5, 2025
Скриншот од видео на newsflare

Единаесет лица загинаа, околу 30 се повредени во пожар во дом за стари лица во Тузла

November 5, 2025
Фото: Wikimedia commons

Најдолго затворање на владата во историјата на САД

November 5, 2025
Фото: Министерство за транспорт

Коридор 8 добива меѓуграничен железнички тунел – Северна Македонија и Бугарија утре го потпишуваат договорот

November 5, 2025

Членките на ЕУ постигнаа прелиминарен договор за климатските цели за 2040 година

November 5, 2025
Фото: Фејсбук страница на Собрание на РСМ

„Имам став!“ Средношколци ги менуваат пратениците – симулација на демократија во Собранието!

November 5, 2025
Илустрација: ЦИВИЛ

ЕК: Северна Македонија продолжи со реформите, но треба да ја финализира и подготовката за отворање на Кластерот „Основни вредности“

November 5, 2025
Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа. Фото: Форум за заложници и исчезнати семејства/Whats up

Останките што ги предаде Хамас во вторникот се на Итај Чен, последниот американско-израелски заложник држен во Газа

November 5, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Во гола борба за власт, се злоупотребуваат и личните податоци на пратеници, Ковачевски уверува – нема никаква асимилација и бугаризација, на Русите им фали Западот, разгледница на омразата

July 13, 2022 16:24
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Пратеничка група на СДСМ: Намерата на објавувањето на телефонските броеви е гола борба за власт и спасување од криминал

Во пресрет на утрешната пленарна седница во Собранието, на која ќе биде разгледуван „францускиот предлог“, на Твитер се споделуваат телефонските броеви на пратениците од власта, и се повикуваат граѓаните да извршат притисок на овие пратеници со порака да не го предаваат народот.

Од пратеничката група на СДСМ, чии пратеници се најдоа на листата, за ЦИВИЛ Медиа ја дадоа следната изјава:

„Телефонските броеви секако се јавни и достапни на сите граѓани. Но, ова е дел од црните сценарија на оние кои не и мислат добро на земјата и ова го користат единствено како гола борба за власт и спасување од криминал.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Ковачевски: И повторно ќе кажам, Договорот не води кон никаква асимилација и бугаризација. Додека граѓаните ни ги заплашуваат со наводна „бугаризација“, и дека „од утре нема да сме веќе Македонци“, тие во своите редови имаат десетици видни функционери со бугарски пасоши кои одамна, при добивање на тие документи, се изјасниле дека имаат бугарска самосвест. Лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ не познава граници.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Руската компанија за развој на социјалните односи (КРОС – Друштво за развој на социјалните односи) го истражуваше „националниот индекс на страв“ меѓу Русите од почетокот на војната во Украина, врз основа на студијата за социјалните мрежи и медиумското покривање. Истражувањето било спроведено од 24 февруари, првиот ден од агресијата врз Украина, до 31 мај. Како што пишува Московски Комерсант, за Русите во моментов „празен фрижидер е пострашен од ракетите“. Тие се повеќе загрижени за нивната лична егзистенција, заканата од губење на „удобноста“, навиките и стандардите на кои се навикнати отколку за „можната нуклеарна војна“.

Бројот на загинати во ракетниот напад на Русија врз градот Часив Јар, регионот Доњецк, се зголеми на 45.
„Заклучно со 19:30 часот, пронајдени се уште четири тела на жртви (генерално, извлечени се 45 тела, вклучително и на едно дете). Девет цивили се спасени од под урнатините“, се наведува во извештајот. 

Непријателот изврши 28 напади на MLRS на различни локалитети во регионот на Миколајев, при што загинаа пет лица,.

„Од утрото, непријателот изврши 28 напади на MLRS на различни локалитети. Како резултат на тоа, беа оштетени болница и станбени згради. Покрај тоа, областа Витовски беше под оган. Според прелиминарните информации, пет цивили загинаа“, објави на Телеграм Кирило Тимошенко, Ззменик-шеф на Кабинетот на претседателот.

Украина и Русија се на чекор до постигнување договор за извоз на житo, тврди украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во интервју за шпанскиот весник Ел Паис, пренесува МИА.

„Украина е подготвена да го извезува своето жито. На чекор сме до постигнување договор со Русија. Во завршна фаза сме и сега сè зависи од Русија. Доколку навистина сакаат, наскоро ќе започне извозот на жито“, појаснува Кулеба.

Руското гранатирање не престанува ниту еден ден, но окупаторите веќе многу добро почувствувале што е модерна артилерија и навистина се плашат од украинските вооружени сили, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во видео обраќањето вечерта на 12 јули.

 

 

ФЛЕШ ВЕСТИ

ПРАВДА Врховниот суд денеска ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилна пресуда поднесени од поранешниот претседател на Кривичниот суд Скопје, Владимир Панчевски.

БЕЗБЕДНОСТ МВР ќе ги преземе сите мерки за да обезбеди безбедност на пратениците и на законодавниот дом, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Граничниот премин Табановце каде присуствуваше на промоција на кампањата „Вози одморен“

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА  Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска изјави дека новата методологија за плати ќе биде готова до крајот на годината, а ќе почне да се применува од јануари следната година. Во изјава за медиумите, Тренчевска денеска рече дека социјалниот дијалог е отворен и дека со новата методологија и со законот за плати ќе растат платите во јавниот сектор.

ИНТЕГРАЦИИ Првиот потпретседател на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Унгарија, Ласло Иштван Дукс, со кој разговараше за актуелните состојби во земјата и регионот, соработката во рамките на НАТО, билатералните односи, како и за последните случувања поврзани со процесот на евроинтеграција на земјата.

ИНВЕСТИЦИИ Во првите шест месеци од годинава обемот на инвестиции е околу 240 милиони евра, отворени се нешто под 3 000 нови работни места, а реализирани се и 2,2 милиона евра вкупен извоз, 18 милиони евра приход за државата од персонален данок, 91 милион евра од придонеси и 18 милиони евра од ДДВ, рече денеска директорот на Дирекцијата на ТИРЗ Јован Деспотовски.

УСТАВЕН СУД Уставниот суд на денешната седница го укина членот 12 од Законот за утврдување стратешки партнер за имплементација на проектот за изградба на инфраструктурниот Коридор 8 (делница: Тетово – Гостивар – Букојчани и проектот за автопатот Требеништа – Струга – Ќафасан) и Коридорот 10 д (делница на автопатот Прилеп – Битола) во Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.163/2021), информираат од службата за комуникации на Уставниот суд.

КУЛТУРА  Со години „Охридските лета“ се отвораа или се затвораа со фанфари и со мелодијата по Прличевите болни и тешки зборови од „Илјада и седимстотини шесдесет и второ лето“. Но, и покрај „словото горко, словото жалосно“ од Цариград, ние имавме вера, имавме црква – ниту со декрет нè укинаа, ниту со декрет можеа да ни земат – рече министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во своето обраќање на отворањето на шеесет и второто фестивалско издание на „Охридско лето“, информираат од Министерството за култура.

 

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Во фокусот на ЦИВИЛ: Национализмот на политичката улица

ЦИВИЛ организира панел дискусија на тема „Национализмот на политичката улица“ што ќе се одржи в четврток, 14 јули 2022 година, со почеток во 13 часот, во прес центарот на ЦИВИЛ, во бизнис центарот Палома Бјанка, 3 кат.
Настанот е посветен на националистичкиот наратив за време на протестите против европскиот предлог за пристапни преговори на Северна Македонија за членство во ЕУ.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Разгледница на омразата

На протестите против европскиот предлог и „бугаризација“, предводени од ВМРО-ДПМНЕ и Левица, демонстрантите извикуваат пароли со експлицитен говор на омраза по етничка основа.

Амнестираниот за „крвавиот четврток“, Илиевски, со пцовки и клетви кон Пендаровски и Заев

„Да ви е**м крвта предавничка на сите што ќе гласате за бугаризација. Пород да немате. Да умрете. Истото важи и за Заев, Пендаровски и Димитров“, истакна Богдан Илиевски (Бетмен Велит), кој беше еден од предводниците на протестите „За заедничка Македонија“, кои резултираа со крваво сценарио на „27 април“ во Собранието каде што беа нападнати пратениците на СДСМ и Зијадин Села од Алијанса за Албанците.

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    188 shares
    Share 75 Tweet 47
  • Лукоил ја прифати понудата на Ганвор Груп за купување на меѓународните средства, ќе добие ли македонската подружница нов газда?

    149 shares
    Share 60 Tweet 37
  • Нема втор круг! Изборите во Гостивар, Врапчиште, Маврово и Центар Жупа пропаднаа – ќе се распишат нови!

    104 shares
    Share 42 Tweet 26
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ