• Latest

ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза на навивачите на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Динамо Загреб

July 28, 2022

Европска фасада, балканска кал: Илузиите за мултиетничко општество и национализмот, најпрофитабилни бизниси во заробената држава

June 21, 2026
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Самит

June 21, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ГРАЃАНСКА АКЦИЈА СООПШТЕНИЈА

ЦИВИЛ го осудува говорот на омраза на навивачите на фудбалскиот натпревар меѓу Шкупи и Динамо Загреб

July 28, 2022 09:53
in ВЕСТИ, ГОВОР НА ОМРАЗА, СООПШТЕНИЈА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЦИВИЛ најостро ги осудува говорот на омразата, ширењето на етничката омраза и повиците на насилство и смрт кои навивачките групи ги промовираат континуирано и со години. Конкретно, повод за оваа остра осуда е инцидентот на навивачката група „Шверцери“ на фудбалскиот клуб „Шкупи“ од Скопје, кои заедно со навивачката група „Бед Блу Бојс“ на „Динамо Загреб“ извикуваа повици за смрт на припадниците на српската етничка заедница, на (26 јули) на националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, а претходно и на стадионот „Максимир“ во Загреб, (на 19 јули 2022 година).

Институциите итно, решително и конечно да се справат и да ги санкционираат соодветно сите групи и поединци што шират омраза и повикуваат на насилство е повикот кој ЦИВИЛ континуирано го упатува со години наназад, без оглед на тоа од која страна доаѓа омразата. Говорот на омраза нема место на трибините!

И директорот на ФК „Шкупи“, Омер Буњаку, во изјава за ЦИВИЛ Медиа на 22 јули, го осуди говорот на омраза и недоличното скандирање што се случи на трибините за време на фудбалскиот натпревар меѓу „Динамо Загреб“ и ФК „Шкупи“ кој се одигра на 19 јули во Загреб на стадионот „Максимир“ и ги повика навивачите да навиваат фер и достоинствено навивање без говор на омраза.

„Ги повикувам сите граѓани, особено нашите навивачи („Шверцери“) да дојдат на 26 јули (вторник) да нè поддржат како клуб, да ги поддржат фудбалерите, бидејќи сепак фудбалот се игра за публиката, и ги замолувам да навиваат фер и коректно како што бара и УЕФА. Навивањето со говор на омраза не е добро, тоа не ги мотивира фудбалерите да играат подобро, напротив. Таквото навивање е лошо за сите, сепак сите сме граѓани од кожа, крв и коски, и сите сме исти. Ние како клуб сме познати по мултиетничкиот состав, имаме фудбалери од сите етнички заедници. И уште еднаш ги замолувам навивачите тоа што се случи таму (во Загреб) да не се повтори тука (во Скопје)“, повика Буњаку, на 22 јули.

Меѓутоа и покрај повиците да нема говор на омраза на трибините, сепак имаше недолично скандирање.

ЦИВИЛ се залага за општество во кое владее слободата, еднаквоста и правдата, општество во кое граѓанките и граѓаните се чувствуваат безбедни и имаат доверба во институциите, каде што безбедноста, слободата на движењето и слободата на изразувањето се гарантираат со закон и со ефикасно функционирање на системот.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ