• Latest

Габелоски: Се плашам од безумието на луѓето кои користат тупаница место збор!

July 12, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

Габелоски: Се плашам од безумието на луѓето кои користат тупаница место збор!

July 12, 2016 16:56
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Нападот се случи за време на посетата на Никола Груевски, лидерот на ВМРО–ДПМНЕ во Крушево. Јас седев во локалното кафуле, кога ми пристапи вработен во Шумската полиција, член на ВМРО–ДПМНЕ со висока функција, и ми се обрати со пцости и закани – ‘Ќе ти ја извадам душата!’…“,  раскажа за ЦИВИЛ Медиа, долгорочниот набљудувач на ЦИВИЛ од Крушево, Сотир Габелоски. 

„Ова е втор напад врз мене за период од два месеца од членови на ВМРО–ДПМНЕ кои високо котираат, особено кога станува збор за локалната власт во Крушево. Од локалната самоуправа и од самата партија ВМРО–ДПМНЕ не добив ни извинување, ни оградување од двата напада, истовремено, и институциите, како што е МВР, не се одлучуваат да преземаат тужба или нешто слично.

Случаите се пријавени, има два записника. За првиот настан, што се случи на крајот на април, добив писмено известување дека напаѓачите се усно предупредени. Се надевам дека и за вториот напад ќе има предупредување, но нападите продолжуваат врз мене како активист и критичар пред се на локалната власт во Крушево. Се работи за вербални напади и закани, а тоа остана така, затоа што јас сум повлечен и смирен и не предизвикувам ситуацијата да ескалира. Сите овие напади доаѓаат по сторијата која ЦИВИЛ ја објави за злоупотреба на службени возила во Крушево.

Секогаш се плашам од безумието на луѓето, на оние кои место зборот ја користат тупаницата! Но, тоа не е пречка да продолжам со мојот активизам, со соработката со ЦИВИЛ, како и да пишувам на , за тоа што се случува во мојот град“, ни изјави Габелоски.


ЦИВИЛ – Центар за слобода најостро ги осудува заканите, навредите и притисоците врз Габелоски и врз сите набљудувачи и соработници на ЦИВИЛ, како и врз сите продемократски сили во Македонија, чии заложби се јакнење на свеста за неминовноста од итни промени, за напуштање на децениското беззаконие и безумие, враќање кон правната држава и конпочитувањето на слободите и правата на граѓан(к)ите.

Print Friendly, PDF & Email
Tags: заканиКрушевоМакедонијаМВРНикола ГруевскиСотир Габелоскитупаница наместо зборЦивил
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result