• Latest

Познат протоколот од меѓувладината комисија со Бугарија, Претседателот Пендаровски за Цивил – различностите се најголема предност, Северна Македонија донираше тенкови на Украина

July 29, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Познат протоколот од меѓувладината комисија со Бугарија, Претседателот Пендаровски за Цивил – различностите се најголема предност, Северна Македонија донираше тенкови на Украина

July 29, 2022 16:23
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

МНР ја објави официјалната верзија на Протоколот

Министерството за надворешни работи во скенирана верзија го објави интегрално Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија. Документот може да се види на официјалната веб-страница на МНР.

Протоколот беше потпишан во рамки на вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија, согласно членот 12 од Договорот за добрососедство.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Пендаровски за ЦИВИЛ: Нашата различност е нашата најголема предност

„Малкумина од нас се подготвени да прифатат дека нашата различност е нашата најголема предност. Дека колку сме поразлични, толку побогата е нашата култура и толку поширок е хоризонтот на можностите за напредување. Само од нас зависи дали и колку сме подготвени да ги прифатиме различните од нас, да ги почитуваме и да ја искористиме нивната креативност за општо добро“, вели претседателот Стево Пендаровски за ЦИВИЛ во рамки на Иницијативата „Чекор напред кон мултикултурно општество“.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Никој во светот не инвестира во тероризам повеќе од Русија, а тоа бара правен одговор, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето видео обраќање во средата навечер.

*

Руските сили намерно гранатираа затвор во Оленивка, каде што се држеле украински воени затвореници, се вели во соопштението на Фејсбук од Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува Укринформ.

„Вооружените сили на Руската Федерација извршија насочено артилериско гранатирање на казнено-поправна установа во населбата Оленивка во областа Доњецк, каде што, меѓу другите, беа држени и украински затвореници“, се вели во соопштението.

*

Во градот Миколаев, пет лица загинаа, а 13 други беа ранети откако руско гранатирање погоди станица на јавен превоз, напиша на Телеграм Хана Замазеева, шефица на Регионалниот совет на Миколаев.

*

Во текот на изминатиот ден, руските војници убија осум цивили во регионот на Доњецк, пренесува Укринформ.

„На 28 јули, Русите убија осум цивили во регионот на Доњецк: тројца – во Бахмут, двајца – во Торецк, еден – во Орливка, еден – во Хирник и еден – во Соледар. Уште 19 лица беа повредени“, објави на Телеграм Павло Кириленко,  Шефот на регионалната воена управа на Доњецк.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ДОНАЦИЈА Министерството за одбрана и Армијата на Република Северна Македонија потврди дека и се донирани тенкови на Украина, истакнувајќи оти се работи за тенкови од третата генерација, а со оглед на развојот на технологијата, неконкурентни и некомпатибилни. Од Министерството без да го наведат бројот на донираните тенкови информираат дека дополнително во наредниот период би требало да се трошат ресурси за уништување на тенковите, што според нив е нецелисходна активност за нашата Армија.

АНТИКОРУПЦИЈА Државната комисија за спречување на корупција (ДКСК) на денешната седница одлучи да даде препорака до Министерството за здравство за подобрување на текстот на Законот за здравствена заштита со што ќе се овозможи здравствените установи да имаат лиценца за работа, но и до Фондот за здравствено осигурување да се зајакнат редовните контроли.

ЗДРАВСТВО Ние добивме материјали од „Жан Митрев“, беа кооперативни и ни ги доставија сите побарани материјали. Се работи за 560 ковид-пациенти кои биле третирани со хемофилтрација. Ќе ни треба време за анализа на тие 560 досиеја коишто се обемни. Да бидеме реални 560 предмети ќе ни одземат доволно време за ние на јавноста на крај да ѝ дадеме конечен прецизен извештај што се случувало во Жан Митрев, изјави  министерот за здравство Беким Сали во одговор на новинарско прашање во врска со случајот „Жан Митрев“ на отворањето на реновираниот Хируршки ургентен центар во Скопје.

ДЕМАНТ Директорот на Управата за извршување на санкции Марјан Спасовски во целост ги отфрла наводите и обвинувањата на поранешниот директор на затворот Идризово, Реџеп Реџепи изнесени во порталот,, А1 он”, за наводни притисоци за преместување на Бојан Јовановски и Сеад Кочан во други полоши услови, информираат од Министерството за правада.

ЕНЕРГИЈА Навреме ќе биде испорачана топлинската енергија до домаќинствата во Скопје, граѓаните не треба да се грижат, порачува вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. На денешната прес-конференција во Владата, Битиќи нагласи дека она што е најважно во моментот е постапката за избор на нов економски оператор на топлинска енергија да биде транспарентна и да заврши навреме.

Б. Јордановска

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    121 shares
    Share 48 Tweet 30
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ