• Latest

Ѓорѓи Ерман – Украински новинар: Македонската донација на оружје е пријателски потег во ова сурово време за Украина

August 5, 2022
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026

Српската влада одобрила 6,5 милиони евра за СПЦ: Сомнежи дека дел од парите преку Алта банка биле префрлени во Русија

November 6, 2026

Врсничкото насилство ги загрозува училиштата: Тетово со серија меѓуетнички напади, родителите бараат заштита

November 5, 2026

Нуклеарен удар врз Иран: Од каде потекнуваат тврдењата за Трамп и Нетанјаху

November 5, 2026
Илустрација ВИ

Србија: Истрага за летот на Вулин, откритија за тајниот надзор на БИА врз новинари и редакцијата „Радар“

November 5, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

ЕК за Северна Македонија: Нема напредок во борбата против корупцијата и во медиумските слободи, уставните измени остануваат услов

November 5, 2026

Комишуваха, Украина: 40 загинати, спасувачите под закана од нови руски напади

November 4, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ИНТЕРВЈУ

Ѓорѓи Ерман – Украински новинар: Македонската донација на оружје е пријателски потег во ова сурово време за Украина

August 5, 2022 14:13
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ИНТЕРВЈУ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Во краток разговор за „Слободен печат“, украинскиот новинар Ѓорѓи Ерман, на прашања поврзани со македонската донација на оружје за украинската армија објаснува колку воената техника ќе има удел на боиштата.

Информацијта за македонската донација на оружје на Украина силно одекна во регионалните медиуми но и во светската јавност. Во краток разговор за „Слободен печат“, Ѓорѓи Ерман, новинар родум од Киев дел од редакцијата на „Би-би-си“од сервисот на украински јазик, говори за донацијата на македонските тенкови Т-72 и авионите „Су-25“ на украинската армија, реакциите на тамошната јавност за потегот на македонското Министерство за одбрана но и околу тоа колку оружјето може да им помогне на Украинците и да ги смени состојбите на боиштата со Русите.

СП: Како Украина гледа на воената помош од Македонија?

Ѓорѓи Ерман : Украинците беа навистина пресреќни да читаат и гледаат вести за донирани тенкови од Северна Македонија минатиот петок. Деновиве се појавија и информациите за очекувана испорака на 4 авиони од типот „Су-25“ од С.Македонија за Украина. Сè уште треба да ги потврдиме таквите информации, но тоа може да предизвика само позитивни чувства кај Украинците. Во денешно време, украинскиот народ ја цени секоја воена помош од која било земја во светот и таквите држави можат да очекуваат пријателски чувства од страната на Украинците. На социјалните мрежи имаше илјадници позитивни коментари и реакции за ваквата испорака на тенкови од Македонија. Украинците пишуваа за братство со Македонците и им се заблагодарија. Сите поголеми медиуми и ТВ канали спомнаа за ова, некои од нив дури информираа и за долгогодишна соработка и пријателство меѓу Македонија и Украина. Според мое мислење, генерациите што доаѓаат ќе ја паметат оваа помош. Украинците ја ценат секоја помош од балканските народи и по оваа војна верувам дека многу повеќе Украинци како туристи ќе ги посетат балканските земји кои ни излегоа во пресрет во ситуацијата, вклучувајќи ја и Македонија.

СП: Дали верувате дека оваа мала количина на воена опрема во тенкови и авиони може да и помогне на украинската војска во војната со Русија?

Ѓорѓи Ерман: Сè уште не го знаеме точниот број на испорачани тенкови, но има проценки дека Северна Македонија конечно ќе и даде на Украина приближно 30 тенкови Т72А. Се разбира, 30 тенкови не можат да го одредат конечниот резултат од оваа војна, но тие се навистина корисни за украинската армија во толку сурово време како ова. Оваа година Украина може да се обиде да ги ослободи јужните градови (Херсон, Мелитопол, Бердјанск) од руските воени сили и таквото оружје ќе биде навистина корисно. Особено ако овие информации за испорака на авиони се потврдат како вистинити.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ