• Latest

Трибунал за Путин: Костин и Џакумопулос разговараа за механизмот за изведување на руското раководството пред лицето на правдата за злосторствата во Украина

August 16, 2022

Прашање на денот: Зошто насилниците избегнуваат казна – и кој е одговорен за тоа?

November 25, 2026

Светот против насилството врз жените и девојчињата: Правда, заштита и крај на неказнивоста

November 25, 2026

Големи и мали: Гуливеровата опомена

November 25, 2026
Лариса Дир, Амбасадорка на Украина во Северна Македонија (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Амбасадорката Дир: На Украина ѝ се потребни силна меѓународна поддршка, правда за руските злосторства и безбедносни гаранции

November 24, 2026
Филип Стојановски, Фондација Метаморфозис (Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Стојановски: Украина ја брани слободата на сите нас, а руската пропаганда ја загрозува демократијата во Европа

November 24, 2026
Олександр Урбанович, претседател на Здружението на Украинците „Лесја Украинка“(Фото: Б. Јордановска/ЦИВИЛ)

Урбанович: Враќањето на секој Украинец од руско заробеништво мора да остане меѓународен приоритет

November 24, 2026
Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Дерала: Силата на Украина е сила на Европа, слободата на Украина е слобода на Европа

November 23, 2026
Руски беспилотни летала навлегоа во полскиот воздушен простор, 11 септември 2025/ Фото: Скриншот од видео на
CBS News

Руски ракети Х-101 паднале на полска територија, Варшава бара засилена поддршка од НАТО

November 23, 2026
Завршна пленарна седница на COP31 во Анталија, на која не беше постигнат консензус за главниот завршен документ. Фото: Xuthoria / Wikimedia Commons, CC BY-SA 4.0.

COP31: Државите не постигнаа договор за клучните прашања на климатската криза, спорот за фосилните горива ги блокираше преговорите

November 23, 2026

Владата и студентите: Операција „Дување во јогурт“

November 22, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home КОНФЛИКТИ ВОЈНА ВО УКРАИНА

Трибунал за Путин: Костин и Џакумопулос разговараа за механизмот за изведување на руското раководството пред лицето на правдата за злосторствата во Украина

August 16, 2022 18:42
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ПРАВДА, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Украинскиот јавен обвинител Андриј Костин се состана со генералниот директор за човекови права и владеење на правото на Советот на Европа, Христос Џакумопулос, на разговори околу меѓународниот механизам за изведување на раководството на Руската Федерација пред лицето на правдата за злосторството агресија врз Украина, објави Украинското државно обвинителство на Телеграм, јавува дописникот на Укринформ.

Во текот на состанокот, Костин изрази благодарност до Советот на Европа, и лично до Христос Џакумопулос, неговиот директорат и проектниот тим на Правниот систем за жалби за човекови права во Украина, за осевкупната поддршка.

„Имавме долгогодишно искуство и историја на соработка, но поддршката на Советот на Европа стана особено вредна со почетокот на руската агресија. Украинските обвинители имаат искуство во истрага на воени злосторства од 2014 година, но помошта на меѓународните експерти и надлежните обвинители е важна за победата на правдата“, нагласи Костин.

На тој состанок, страните разговараа за придонесот на Експертската советодавна група формирана од Советот на Европа веднаш по започнувањето на руската агресија и за понатамошната соработка, поточно во стратешките комуникации за спротивставување на руската пропаганда.

Генералниот обвинител на Украина ја истакна важноста од создавање на меѓународен механизам за изведба на политичкото и военото раководство на Руската Федерација пред лицето на правдата за злосторството за агресија врз Украина. Костин високо ја пофали поддршката на Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) за оваа иницијатива.

Според Костин, продолжувањето на институционалната реформа, со поддршка на Советот на Европа, останува важно за Јавното обвинителство.

Џакумопулос ја увери украинската страна дека неговиот тим останува посветен на заедничките цели и високо мотивиран за продолжување и продлабочување на соработката.

Страните се согласија дека е важно ефективно да се координира меѓународната помош.

Подготви: Д.Мишев

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ