• Latest

Денот на независноста на Украина во Скопје, Ердоган не ја признава руската анексија на Крим, Русковска останува суспендирана

August 24, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Денот на независноста на Украина во Скопје, Ердоган не ја признава руската анексија на Крим, Русковска останува суспендирана

August 24, 2022 16:10
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Денот на независноста на Украина одбележан и во Скопје

Преку формирање жив синџир, беше поставен светски рекорд за изведување на Националната химна на Украина, во рамки на глобалната иницијатива „The free world gathering“. На плоштадот „Македонија“ во Скопје денеска беше одбележан Денот на независноста на Украина. Странските амбасадори во земја со знамиња во рацете дадоа поддршка на Украина која точно пола година е во војна, откако беше нападната од Русија на 24 февруари.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Ердоган: Враќањето на Крим на Украина, чиј нераскинлив дел е, во суштина е услов на меѓународното право. Турција не ја признава анексијата на Крим и од првиот ден отворено кажува дека овој чекор е нелегитимен и незаконски. Ова е принципиелен став кој има не само правни, туку и морални основи“, истакна турскиот претседател.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) итно ја разгледа претставката на Украина во врска со почитувањето на правата на заробените украински бранители од страна на Русија и ја продолжи примената на итните мерки во меѓудржавниот случај „Украина против Русија (Х)“ во врска со воените затвореници, соопшти прес-службата на Министерството за правда на Украина.

*

Руските сили убиле еден цивил и повредиле уште двајца во регионот на Доњецк на 23 август, објави на Телеграм шеф на регионалната воена управа на Доњецк, Павло Кириленко.

„На 23 август Русите убиле еден цивил во регионот на Доњецк – во Бахмут. Уште две лица се повредени“, напиша тој.

.*

Овој ден го среќаваме во различни околности, услови, па дури и во различни временски зони, но со единствена цел – да ја зачуваме независноста и победата на Украина! Ние сме обединети заедно.
Среќен ден на независноста, Украина! порача Зеленски во честитката за Денот на независноста.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБВИНИТЕЛСТВО Советот на јавни обвинители на Република Северна Македонија на денешната 63-та седница, која беше затворена за јавноста, едногласно одлучи да се отфрли жалбата за суспензијата на обвинителката Вилма Русковска како неоснована. Со ова се потврдува решението на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески од 16 август годинава со што обвинителката Русковска останува суспендирана од својата функција.

СОЦИЈАЛНИ МРЕЖИ Сајтот за социјални медиуми ЈуТјуб,во сопственост на Google презеде акција по одлуката на Мета да го отстрани Тејт од Фејсбук и Инстаграм. Поранешниот кик-боксер се прослави во 2016 година кога беше отстранет од ТВ-шоуто „Големиот брат“ поради видео на кое изгледаше како тој да напаѓа жена. Тој продолжи да се здобива со озлогласеност на интернет – со тоа што Твитер го забрани затоа што рече дека жените треба да „сносат одговорност“ ако се сексуално нападнати.

РАЗГОВОР Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, по повод Денот на независноста на Украина, денес, оствари телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба. Упатувајќи искрени честитки по повод Националниот ден, министерот Османи изрази поддршка за борбата на украинскиот народ, која воедно претставува борба за нашите заеднички современи и демократски вредности, како и заштита на меѓународниот поредок.

ОБРАЗОВАНИЕ Во претстојната учебна 2022/2023 година ќе бидат ангажирани 720 образовни асистенти во основните училишта, што е 220 повеќе од минатата учебна година. Одлуката ја донесе Владата имајќи ги предвид искажаните потреби на родителите на учениците со попреченост, соопшти Министерството за образование и наука.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организира панел дискусија на тема „Зелени вредности, трансформација на општеството во корист на сите“, што ќе се одржи на 25 август, четврток со почеток во 12:30 часот. Учесници на панелот се Ива Петрунова магистер, инженер архитект, урбан социолог, доктор на општествени науки, Тони Поповски, архитект, политиколог, независен консултант, колумнист и Џабир Дерала, претседател на ЦИВИЛ-Центар за слобода.

АНАЛИЗИ

Драган Мишев

Честопати, статиите се проследени со сензационалистички наслови, извадени од контекст, и неретко, не се ниту во корелација со текстот во статијата. Секако, се е во служба на руската пропаганда, така да и без да се чита текстот, според насловот читателот треба да ја разбере руската „вистина“. Неретко, во пренесувањето на некоја информација од тековната воена состојба во Украина, се користат само руски извори, како ТАСС, РИА, Россиа 1, иако за истата постојат релавантни извори од Укаринска, па и од трета страна (Би-Би-Си, Еуроњуз, СИ- Ен- Ен), и истите или целосно се занемаруваат , или се спомнуваат само со една реченица, на дното од текстот, и понекогаш се карактеризираат како неверодостојни, пишува Драган Мишев во анализата „ Руска пропаганда во македонските мејнстрим медиуми“

СЛОБОДНА ЗОНА

Емилија Целакоска

Идеја?! Па во Собранието имаше многу конкретен Предлог на ЕУ! Што правеа ВМРО-ДПМНЕ и Левица и какви зборови употребија за високата претставничка на ЕУ (во нејзино присуство!)? Не употребија ли изрази со физиолошки потреби за Предлогот на ЕУ, па не го прочита ли толкавото „НЕ” на маиците?! За што беше тоа НЕ? Не знам што ги учат новинарите на студии, но ако имаш екстремна (во смисла на вознемирувачка) вистина, па не ја мачкај после со екстремна (вознемирувачка) невистина, за да добиеш баланс, компромис, во замена за објективност! Дозволено е објективната вистина да е вознемирувачка! Балансот не е објективност! Не се наоѓа вистината меѓу два екстрема! Особено, ако едниот се измислува, пишува Емилија Целакоска во колумната „ Компромис меѓу лага и вистина е лага“

Војо Маневски

Како и зошто се наметнува некоја тема за која разговараме, дебатираме или пишуваме? Многупати сум размислувал за оваа, а одговорот останува далечен како и на почетокот кога си го поставив тоа прашање. Колку ли светови има што постојат истовремено, а само во различна димензија? Мора да се повеќе зошто имам впечаток дека поминуваме од еден во друг таков свет без да знаеме за тоа. Она што е сигурно е што ниту еден од нив не е вистинскиот и реалниот. Вистината не постои зошто е претешка за човечкиот мозок или мисла. Веројатно и затоа се избегнува а и таа го избегнува човечкиот род, пишува Војо Маневски во колумната „ Двоен свет“

 

Д.Мишев

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ