• Latest

Руска пропаганда во македонските мејнстрим медиуми

August 24, 2022

И на пазарот има мода

May 14, 2026

Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

May 14, 2026

ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

May 14, 2026
Илустрација ВИ

Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

May 14, 2026
Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

May 14, 2026
Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

May 14, 2026

Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

May 14, 2026
Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

May 13, 2026

Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

May 13, 2026

ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

May 13, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ

    Инцидент со украински поморски дрон кај Лефкада ја вознемири Атина: истрага и дипломатски тензии

    ПРАШАЊЕ НА ДЕНОТ: ЕУ бара реформи, но дали владата на Мицкоски има капацитет да ги спроведе?

    Илустрација ВИ

    Цените на нафтата стабилизирани по дипломатските сигнали од Вашингтон и Техеран

    Кијив, 14 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Државата-терорист продолжи со терор врз цивилите во Украина: Стотици руски дронови и ракети, Кијив под најсилен удар

    Фотографија: Скриншот од видео на Гардијан

    Трамп и Си Џинпинг во Пекинг: Договори за економија, тензии околу Тајван

    Черкаска област, 13 мај 2026 (извор: ДСНС)

    Масовен руски напад врз Украина: Над 800 дронови, цивилни жртви и удари врз инфраструктура во повеќе региони

    ЦИВИЛ бара студентите привремено да бидат сместени во хотели додека се санираат студентските домови

    СКАНДАЛ: Студентски стандард – стаорци, студени тушеви, нефункционални лифтови, неисплатени стипендии

    ЦИВИЛ: Студентските домови не смеат да бидат симбол на државна негрижа

    Харкив, 12 мај 2026 (извор: ДСНС Украина)

    РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИ: Кремљ ја прекина „делумната тишина“ со нови напади врз Украина: Над 200 дронови, погодена цивилна инфраструктура, Кијив бара засилен притисок врз Кремљ

  • ПОЛИТИКА
    • All
    • ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Реакции - идентитет

    РЕАКЦИИ: ЕУ значи контрола и крај на корупцијата, ама ЕУ е и закана за националниот идентитет – граѓаните поделени за уставните измени

    Дипломатски тензии меѓу Скопје и Софија по средбата во Брисел: Идентитетот повторно во фокус

  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
    • All
    • ИСТОРИЈА

    РЕАКЦИИ: Камерите не воспитуваат – сообраќајната култура и натаму на нула

    Гордана Дувњак (1965–2026)

    Гордана Дувњак (1965–2026): Тивко заминување на еден силен новинарски глас

    Меѓународен ден на Ромите: Култура, идентитет и континуирана борба против дискриминацијата, сиромаштијата и системската неправда

    Јирген Хабермас (Фото: Европска комисија/Szabolcs Dudás)

    Замина Јирген Хабермас, гигантот на модерната филозофија

    Илустрација ВИ

    Иницијатива што поврзува жени од Македонија, Шведска и Германија нуди поддршка за семејни кризи, насилство, родителски предизвици и економска несигурност

    Фото: Ариан Мехмети

    Кризата е тешка, законот може да се менува – ама платите не: Здружение на јавни обвинители со порака до пратениците

    Фотомонтажа: Скриншот од видео

    Отворено писмо до претседателката: Ако ви дошло до смеење, дојдете со мене на онкологија

    Моето име, моите корени, мојата земја

    Корубин: Селективен и селектиран устав

    Фото: Државна лотарија на Македонија/ Фејсбук

    Државна Лотарија на Македонија – не, благодарам!

  • СЛОБОДНА ЗОНА
    • All
    • ES-PRESS-O
    • БЛИЦ
    • БРЗА ПОШТА
    • ДИПЛОМАТСКА ПРИЗМА
    • ДОБРО УТРО СО ОРДАНОСКИ
    • ЕДИТОРИЈАЛ
    • КОМПАС
    • ПО ДОПРЕН ГЛАС
    • САТИРА

    И на пазарот има мода

    Случајот „ТЕЦ Неготино“: политички интервенции и валкана медиумска совест

    Политиката на Мицкоски кон ЕУ не е грешка

    За меѓународните напори за враќање на незаконски депортираните Украински деца од страна на Русија

    Пред отворени европски порти, Мицкоски копа ров

    Од „наркомани и неонацисти“ до „господин Зеленски“: Што се крие зад промената во реториката на Путин?

    Да зборуваме за она што најчесто се премолчува на овој ден на мајките

    Не e  прашањето дали ќе има избори – вистинското прашање е – какви ќе бидат тие избори

    Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

    Браво мајсторе!

    Москва, 23 август 1939 година | Советскиот министер за надворешни работи Вјачеслав Молотов го потпишува Пактот за ненапаѓање. Зад него стојат Јосиф Сталин и германскиот министер за надворешни работи Јоаким фон Рибентроп.

    Крвното братство што тие сакаат светот да го заборави

  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result

Home ДЕЗИНФО ПРОПАГАНДА

Руска пропаганда во македонските мејнстрим медиуми

August 24, 2022 12:26
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ДРАГАН МИШЕВ

И покрај целосното разобличување на руската пропаганда во светот, и големите напори што се вложуваат за демаскирање на руската пропаганда и дезинформации и кај нас, проруските наративи во нашата земја се уште опстојуваат, дури во одреден дел и се засилуваат.

Проруските пропагандни наративи, кои првично беа споделувани на профили на социјалните мрежи, преку „анонимни“ портали , набрзо почнаа да се појавуваа во сериозни медиуми, а експресно беа прифатени и од политички партии, како вонпарламентарни, така и парламентарни.

Додека проекциите на руската пропаганда преку социјалните мрежи кај нас се должи на, како што вели аналитичарот Иво Раѓеновиќ во интервју за ЦИВИЛ Медиа:

„Што по неедуцирано и примитивно е општеството, толку е по подложно на лаги и пропаганда“, се чини дека на оваа теза ја проучиле и ја имаат прифатено и меинстрим медиумите, како и одредени политички партии кај нас, и според неа се раководат во ловот на повеќе публика, односно подрржувачи.

Но, дали зголемувањето на публиката и лајковите е единствениот мотив на сериозните медиуми за впуштање во вртлогот од дезинформации на руската пропаганда.

Од самиот почеток на руската пропаганда, со која Москва сака да ги маскира и да ги оправда дејствијата што ги презема во рамките на „специјалната воена операција“ во Украина, дел од македонските медиуми, изгледа со големо задоволство, ги преземаа наративите, лажните вести и дезинформациите, кои така сесрдно им ги сервираше руската пропагандна машинерија, преку своите легални, а уште повеќе преку своите нелегални канали, поткрепени, се дебели финансиски награди за својата услуга, за што во демократската јавност пежоративно се наречени – „рубљаши“.

Со руската пропаганда не се зафатени само помали, “no name“ медиуми, без импресум, со сомнителна сопственост, и пријавени во МарНет со телефонски броеви лоцирани во Тајланд, туку, што е уште позагрижувачко, и етаблирани, мејнстрим медиуми, на кои публиката досега им верувала. А токму тоа е целта на оваа пропаганда, да ги измами граѓаните и да им ја пласира својата „вистина“, во која, преку овие медиуми, тие не би имале причина да не веруваат.

И додека официјалните руски, пред сè државни медиуми, кои се перјаница на ширењето на руската пропаганда и дезинформации, се забранети во демократскиот свет, официјално и кај нас, тоа не ги спречува нашите портали да доаѓаат до содржините кои руските пропагандисти сакаат да ги пласираат на овие простори. Изворите на информации, кои многу често не се ни наведуваат, а уште помалку може да се најде и линк до изворот на информацијата. Се наведуваат изјави од пропагандисти на Путин, информации од РТ, ТАСС, а многу често информациите кои се пласираат во овие медиуми доаѓаат индиректно преку српски портали, како Мондо.рс и Курир, на пример.

Проруските наративи кај нашите портали ја следат веќе воспоставената линија на негирање, маскирање, дезинформирање, дефокусирање, преку величање на руските „успеси“, до омаловажување (на Украинците, нивното раководство, ЕУ, НАТО, па и на сопствената држава како членка на Алијансата), замена на тези, релативизирање, закани и воодушевување на потезите на Путиновата клика.

Честопати, статиите се проследени со сензационалистички наслови, извадени од контекст, и неретко, не се ниту во корелација со текстот во статијата. Секако, се е во служба на руската пропаганда, така да и без да се чита текстот, според насловот читателот треба да разбере дека Русите победуваат, Путин е најмоќен, руското оружје е супер моќно, западот нема шанси, Украинците се нацисти што треба да се поразат, Кадиров е супер стар, НАТО е немоќен, членките на Алијансата ќе платат за своето зачленување, кое, нели, е предавство кон „мајката Русија“.

Дури и се прејудицираат идните постапки на Кремљ, на штета на сопствената држава, како примерот со поддршката на санкциите кон Русија, или забраната за прелет на Лавров, речиси едногласно, овие медиуми побрза да „предупредат“ дека ќе следи „остар“ одговор од руската страна, за кои земјава „секако“ ќе се кае, уште пред овие закани да бидат упатени директно од Москва.

Познатите наративи кои почнаа уште пред почетокот на воената агресија на Русија врз Украина, а кои самата хронологија ги демантира, почнаа со: „Нема да има војна, Бајден лаже“, потоа следеше „Ова не е војна, специјална операција за денацификација на Украина“, па следеаше глорифицирање на Путин, преувеличување на моќта на руската војска и на „супериорното“ руско оружје. Потоа се ликуваше на „злоупотербата“ во воени цели на гасот од Русите (иако од ова е погодена и Македонија), до најновите руски наративи, дека Русија води војна со НАТО во Украина и дека Зеленски не треба да се бори, туку да преговара (под руски услови, се разбира).

Еве, во кратки црти, дел од највпечатливите и најмногу дистрибуирани руски наративи што опстојуваат во македонските медиуми, некои и од пред почетокот на руската агресија, а некои создадени во меѓувреме:

Македонските медиуми дистрибуираа вест од руските пропагандни медиуми , како „фотографија со нацист од Доњецк“, за која Рускиот новинар Илија Шепелин објавувајќи ја оригиналната фотографија објаснува дека фотографијата е стара, датира од 2005 година и е сликана во 15. затвор кај белорускиот град Могилев.

Во јавноста беше споделувана изјавата на руското Министерство за одбрана од 27 јуни во која Москва тврди дека трговскиот центар, во кој загинаа најмалку 25 лица, наводно не експлодирал од руски проектил што го погодил, туку од детонација во складиште за муниција од Запад“, а за кое  снимките од надзорните камери покажаа дека  експлозиите се предизвикани од два дојдовни проектили: првиот го погодува трговскиот центар Амстор, а вториот го погодува хангарот на фабриката. За разлика од првичната вест од руското МНР, на разобличувањето на оваа дезинформација не и беше посветено соодветно внимание во македонските медиуми.

Понатаму, овие медиуми  ширеа дезинформации со која руската пропаганда се обидуваше да го дискредитира раководството на Украина со циркулирање на лажни наводи дека Украина продава западна одбранбена технологија, истовремео сомневачќи се во оправданоста на западната, а истовременео и нашата поддршка за Украина.

Речиси сите македонски портали ја пренесоа веста од руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ, а за која Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот изјави дека е руска пропаганда. Ваква потврдена информација немаат ниту МНР и МВР. Оваа вест и по демантот, односно немањето потврда од официјални лица , и понатаму продолжи да се шири низ македонскиот интернет простор.

Одредени македонски интернет медиуми ја ширеа руската пропаганда и ги подгреваат меѓуетничките тензии со сензационалистички и крајно манипулативни медиумски содржини за извлекувањето на стотици бранители од челичарницата во Азовстал, Украина. „Азовстал како Арачиново во 2001: Војници излечени со автобуси од челичарницата која со недели е под опсада“, гласеа насловите на неколку интернет портали во Северна .Македонија.

 Една од најсподелувваните наративи на руската пропаганда е постоењето на биолаборатории во Украина. Македонските портали како 100 % веродостојна ги ширеа руските лажни пораки во кои ја обвинува Украина за наводно создавање биолаборатории со поддршка на американските фармацевтски компании Pfizer, Moderna и Merck. Демантот и на оваа вест или воопшто не беше објавен на македонските портали, или беше целосно маргинализиран.

Дел од медиумите ја споделија и „креативната“ руската пропаганда која кружеше на социјалните мрежи која прикажуваше кратко монтирано видео на кое украинскиот претседател Володимир Зеленски разговара со неколку луѓе преку видео повик, вклучувајќи го и основачот и извршен директор на Tesla и сопственик на SpaceX, Илон Маск, додека на неговата маса има кокаин и кредитна картичка. На лажната монтирана снимка се гледа бел прав и кредитна картичка на бирото на Зеленски, но оригиналната снимка објавена на Youtube каналот јасно покажува дека нема недозволени супстанци.

Во нашата држава, руската машинерија за ширење лажни вести и дезинформации работи со полна пареа. На порталот Слободен свет, freeglobe.mk, (кој нема импресум), е објавен пропаганден текст со наслов: Откриен фејк за злосторот во Буча: „Силуваната и убиена девојка“ која ги преплави медиумите, жива здрава прави селфи на социјалните медиуми! Неименуваниот автор кој „го разобличил фејкот“ пишува дека всушност е лага дека руските војници силуваа и убиле девојката во Буча, и дека сето тоа е „адут на киевската пропагандна машинерија за да креираат вина на руските војници во тој град“. Авторот на текстот додава дека „девојката сама се фотографирала изведувајќи перформанс за странците да разберат каква е ситуацијата сега во Украина“.

Оваа лажна вест е споделена на Фејсбук страницата „ПРОТИВ ЗАГАДУВАЊЕ И ТРУЕЊЕ НА НАРОДОТ“, а администратор на оваа Фејсбук страна е лидерот на партијата „Родина Македонија“, Владимир Трајковски. Оваа лажна вест беѓе објавена и од неколку други портали.

Руските медиуми во нашата земја не се единствените кои ја шират руската пропаганда и ја оправдуваат воената агресија врз Украина, туку тоа го прават и одредени македонски медиуми и портали. Таков е вчерашниот случај, кога преку тенденциозен и сензационалистички наслов, една новинска агенција и неколку информативни портали објавија видео вест со наратив кој дезинформира и поттикнува недоверба во НАТО алијансата, чија членка е и Северна Македонија, и сака да отвори сомнеж за оправданоста на дејствувањето на НАТО сојузниците во поддршката и одбраната на Украина.

Во македонските медиуми, како дел од проруските наративи, се прошири видео кое се обидува да прикаже дека во Украина е исцениран бројот на загинати лица. Проверката на факти, пак, покажува дека истото е снимено во Австрија, три недели пред руската инвазија врз Украина и дека всушност станува збор за протест против климатските промени.

За видео, кое се прошири со брзина на светлината, се тврди дека прикажува како во Украина е исцениран бројот на загинати, откако Русија изврши инвазија, всушност не покажува такво нешто. Ова монтирано видео има за цел да ја натера јавноста да поверува дека Украина шири лажни вести во однос на бројот на загинати лица во војната.

Сервилноста кон „руските господари“ оди дотаму, што се релативизираа очигледните масакри кои руските војници ги извршиле во Украина , иако тие се потврдени од повеќе светски афирмирани агенции и институции. Додека демократскиот свет се згрозуваше од објавените ужасни видеа и фотографии на убиените цивили во киевското предградие Буча, медиумите во Северна Македонија ја прифатија и понатаму ја шират дезинформацијата на руските медиумите поддржани од Кремљ, кои со лажни конструкции, истите ги прогласуваат за невистинити и исценирани и тврдат дека некои од снимките за убиствата се лажни, додека други укажуваат дека Украинците се одговорни за цивилното крвопролевање.

Неколку македонски интернет портали и корисници на социјалните мрежи, ја објавија лажната веста на Руската амбасада во Лондон, која објави дека се одглумени сцените на бремени жени што бегаат од болницата во Мариупол која според нив, наводно била бомбардирана. Руската амбасада на „Твитер“ објави фотографија од бремена жена која бега од болница. Покрај таа фотографија, тие објавија фотографија од истата жена како блогерка на шминка. Во придружниот текст таа беше наречена „актерката што глумеше жртва на бомбардирањето, а целата сцена беше режирана“. Твитот од руската амбасада во Лондон, во меѓувреме, беше избришан бидејќи ги прекршил правилата на „Твитер“.

Олександра Матвичук, шеф на Центарот за граѓански слободи (Украина), на својот Твитер профил објави фотографија од бремената девојка која беше цел на напад на руската пропаганда.

Речиси две недели по руската инвазија на Украина, протокот на лажни или погрешни информации за војната не престанува и сега има некои чудни теории кои се споделуваат на интернет. Во ширењето на руските дезинформации , од самиот почеток се вклучија и македонските портали кои ги циркулираат тврдењата дека војната е измама, медиумска измислица или била преувеличена од Западот во однос на нејзиниот обем.

Се споделуваше видео како наводен доказ дека војната во Украина е измама и дека цивилните жртви се всушност „кризни актери“ – луѓе ангажирани да глумат сцени од напад, иако  видеото не е поврзано со војната. Снимен е во 2020 година на продукцискиот сет на украинската ТВ серија Контамин.

Се споделуваа различни верзии на видео од голема толпа од кое режисер бара да трча и да вреска од страв, собраа стотици илјади прегледи на повеќе платформи и се тврди дека видеото е обелоденето од Украина, што сугерира дека некои од вознемирувачките сцени што ги водат медиумите се всушност измислени. Видеото всушност е снимено на плоштадот Викторија во Бирмингем во 2013 година за научно-фантастичниот филм Invasion Planet Earth.

Но не само дезинформациите во однос на војната во Украина омилени кај македонските портали, овие медиуми ја преземаат и понатаму ја шират и проруската пропаганда за евро-атлантските интеграции и другите процеси кои се од круцијално значење за нашата земја.

Северна Македонија, како членка на НАТО и кандидат за членство во Европската Унија е мета на кампањи на дезинформации што имаат за цел да поттикнуваат анти-западно расположение кај македонските граѓани, и да заговараат нејасни алтернативи на европските интеграции. Поради нивниот потенцијал да ги поткопуваат нашите стратешки определби, дезинформациите, можат да придонесат и за дестабилизирање на самата држава, изјави претседателот Стево Пендаровски во за ЦИВИЛ за панел дискусијата на тема „Слонот во собата“, посветена на дезинформациите и пропагандата, при што истакна дека е потребно да изградиме општествена, системска, медиумска, но, пред сѐ, лична отпорност кон дезинформациите.

Честопати, статиите се проследени со сензационалистички наслови, извадени од контекст, и неретко, не се ниту во корелација со текстот во статијата. Секако, се е во служба на руската пропаганда, така да и без да се чита текстот, според насловот читателот треба да ја разбере руската „вистина“.

Неретко, во пренесувањето на некоја информација од тековната воена состојба во Украина, се користат само руски извори, како ТАСС, РИА, Россиа 1, иако за истата постојат релавантни извори од Укаринска, па и од трета страна (Би-Би-Си, Еуроњуз, СИ- Ен- Ен), и истите или целосно се занемаруваат , или се спомнуваат само со една реченица, на дното од текстот, и понекогаш се карактеризираат како неверодостојни.

Во најголем број случаи, овие медиуми во објавувањето на (дез)информациите на руската пропаганда, делуваат синхронизирано, најверојатно организирани од еден центар, една иста објава ја споделуваат истовремено повеќе медиуми, со речиси идентичен, или сличен наслов и тест.

Иако голем дел од овие наративи на руската пропаганда за кратко време се разоткриваат како лажни вести и дезинформации, тоа не ги засега порталите кои ги објавиле овие невистини, и не се ни трудат да ги објават демантите и да ги покријат со вистинито информации. Тие веќе стигнале до оние за кои што биле наменети, и штетата по вистината веќе е ненадокнадива.

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ