Руската пропаганда се обидува да го дискредитира раководството на Украина со циркулирање на лажни наводи дека Украина продава западна одбранбена технологија. За истата цел, можни се провокации организирани од Русија во Европа, кои вклучуваат видови на оружје претходно пренесени во Украина, објави на Телеграм Центарот за спротивставување на дезинформации при Националниот совет за безбедност и одбрана, пренесува Укринформ.
„Руската пропаганда го дискредитира раководството на Украина со ширење лажни извештаи за продажба на западно оружје. Гранатирањето на железничките јазли на Украина не го дава посакуваниот резултат за русистите сили, и не го нарушува понатамошното снабдување со оружје. Затоа, нападите во информациската област се активно поврзани на оваа тема“, соопшти чуварот на дезинформации.
И украинските аналитичари сметаат дека во Европа е можна провокација со употреба на оружје пренесено во Украина. Терористичкиот напад со човечки жртви, организиран од Русија, може да биде пресвртница во историјата на снабдувањето со оружје и „адут“ на марионетската пропаганда на Кремљ, смета Центарот за борба против дезинформации.
Од руската инвазија на Украина во февруари, Европската унија, Соединетите Држави и други земји воведоа строги санкции против агресорската сила.
Во интервјуто што се појави по утринското гранатирање на Киев на 5 јуни, Путин му се закани на светот со „релевантен одговор“ доколку на Украина и бидат доставени проектили со поголем дострел.
Подготви: Д.Мишев