• Latest

Вистиномер: Нема информации дека во Украина се борат 79 платеници од РСМ

July 6, 2022

ЗАПОЧНАА ЛИ БЕГСТВАТА? Прекинат летот на Вулин кон Москва

November 3, 2026
petar bogojeski

Реакции по дискриминаторските родови пораки на Богојески, коалициски партнер на Мицкоски

November 3, 2026

Афера Алта банка – партиски реакции: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026

(ИНФОГРАФИК) Америка гласа: 210 милиони регистрирани гласачи, 57 милиони предвремени гласови, 470 места во Конгресот, изборен процес од 12 милијарди долари

November 3, 2026

Избори од речиси 12 милијарди долари: Маск вложи 474 милиони, Трамп во судска битка поради обвинувања за изборни измами

November 3, 2026

Аферата Алта банка се продлабочува: Стечај во Белград, 380 милиони евра под истрага и непријатни прашања за политичките актери

November 3, 2026

СДСМ поднесе интерпелација за Иван Стоилковиќ: Спорни политички настапи и однесување во Собранието

November 3, 2026
Војо Маневски (фото: ЦИВИЛ)

[РЕПРИНТ] Нема бесплатен ручек, сѐ има да се плати!

November 3, 2026
Протести во Тирана, 3 ноември 2026

Протестите во Албанија не стивнуваат: Студентите не отстапуваат од барањето за оставка на Рама

November 3, 2026
РУСКИ ТЕРОР ВРЗ ЦИВИЛИТЕ | Днипро, 3 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДИСКУРС ДЕЗИНФОРМАЦИИ

Вистиномер: Нема информации дека во Украина се борат 79 платеници од РСМ

July 6, 2022 15:12
in ВЕСТИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ПРОПАГАНДА
Share on FacebookShare on Twitter

Не е точна изјавата на руското Министерство за одбрана дека од почетокот на руската агресија во Украина се убиени дваесет платеници од Северна Македонија, а дека во Украина да се борат вкупно 79 платеници од РСМ. Зоран Апостолоски од Националниот комитет за спречување насилен екстремизам и борба против тероризмот за Portalb.mk изјави дека ова е руска пропаганда. Ваква потврдена информација немаат ниту МНР и МВР, пишува „Вистиномер“ во својата анализа.

Како што јавуваат македонските медиуми во РСМ, повикувајќи се на руското Министерство за внатрешни работи, на 16 јуни е одржана средба со новинарите на која Министерството соопшти дека во Украина се регистрирани 79 платеници од Северна Македонија.

„Дваесет и еден платеник од Северна Македонија се убиени од почетокот на руската агресија во Украина. Од 24 февруари, кога почнаа руските напади, во Украина се регистрирани 79 платеници од Северна Македонија. Од нив 19 во меѓувреме ја напуштиле земјата, а во моментов се 39, се вели во деталната табела што ја презентира руското Министерство за секоја земја посебно“, пишува во веста што ја тврди официјална Москва, а која ја преземаа и албанските медиуми.

Информациите за руската агресија во Украина кои доаѓаат од самата држава агресор секогаш треба да се земаат со претпазливост, особено во овој случај кога станува збор за нешто што тешко може да се потврди.

Горенаведената изјава е продолжение на руската пропаганда на оваа тема. Да потсетиме дека од февруари годинава проруските медиуми ширea дезинформации дека „платеници од Западен Балкан се подготвуваат за војна во Украина“.

Тогаш Порталб.мк откри дека овој наратив има своја генеза во руската новинска агенција ТАСС и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

Златко Апостолоски за Portalb.mk: Се работи за руска пропаганда

Една од надлежните институции за следење на лица од Северна Македонија кои одат да се борат во странска земја како и повратници од војните е Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот. Координаторот Златко Апостолоски вели дека нема информации дека некој од РСМ се бори во Украина, ниту пак некој се вратил од таму.

„До Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот, не е регистриран ниту еден државјанин на РСМ кој отишол во конфликтот во Украина, воопшто нема таква потврдена информација. „Секако дека тоа е тактика на руската пропаганда во овој поглед“, изјави Златко Апостолоски, координатор на Националниот комитет за спречување на насилен екстремизам и борба против тероризмот.

Од МНР, иако потенцираат дека постојано ја следат состојбата со руската агресија во Украина преку амбасадата на РСМ во Украина, нагласија дека немаат такви информации, односно, ниту еден државјанин на РСМ не учествува во војната во Украина.

„Министерството за надворешни работи нема релевантни информации за евентуалното учество на наши граѓани во војната во Украина, ниту за наши граѓани кои загинаа во војната. МНР континуирано и будно ја следи состојбата, преку Амбасадата во Украина. Откако ќе има нови информации, јавноста ќе биде информирана“, велат од МНР за Portalb.mk.

И од МВР преку телефонски разговор ни потврдија дека немаат такви информации.

Инаку, во оваа изјава на официјална Москва се чини дека се искористени клучните елементи на нивниот наратив за Западен Балкан како што е илустрирано во истражувањето на „Стратком“ (НАТО Центарот за стратешки комуникации), и тоа дека Западен Балкан е арена на конфликт на интереси меѓу Истокот и Западот, земјите од Западен Балкан се слаби, неспособни и корумпирани, ЕУ/НАТО се слаби и не обединети, НАТО е агресивна и провокативна.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ