• Latest

Малку повеќе од изјава или – како Вучиќ може само да се обиде да го забрани ЕуроПрајд, но не може да го „откаже“

August 27, 2022
ДАВОР МАЦУРА Преку Битола ќе ја „европеизира“ својата банка што не ја „мирисаат“ во Европа

На српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственик на Алта банка, му е забранет влез во Црна Гора

October 15, 2026
Фото извор: https://ecps.educ.ubc.ca/white-cane-day/

ИНФОГРАФИК | 15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Инклузивно општество се гради со дела, не со зборови

October 15, 2026
Кијив, 15 октомври 2026 (ДСНС)

580 дронови во една ноќ: Нови жртви на рускиот терор во Украина, Москва планира поголем воен буџет

October 15, 2026
International White Cane Safety Day (photo: WHO / Sebastian Liste)

15 Октомври – Меѓународен ден на белиот стап: Правото на самостојност и пристапност не смее да биде привилегија

October 15, 2026

Вештачката интелигенција го менува европското банкарство: Поголема ефикасност, но и нови ризици за економијата (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026

Скопје во ритамот на светскиот џез: Вечерва започнува 45. Скопски џез фестивал

October 15, 2026
Ива Михаилова (фото извор: ФБ)

Случајот „Ива Михаилова“: Бугарија ја потврди потерницата, екстрадицијата останува неизвесна

October 15, 2026

Состојбата на девизните пазари е посложена од едноставната приказна за „пад на еврото“ (ИНФОГРАФИК)

October 15, 2026
Црно Море, во водите на Романија (фото извор: Radio România Constanța / Adina Sîrbu)

Црното Море – воена арена пред портите на НАТО: Исчезнати морнари, запалени бродови и нови упади на дронови

October 15, 2026

Осум американски држави го тужат OpenAI: Што е факт, а што е недокажано обвинение?

October 15, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА ES-PRESS-O

Малку повеќе од изјава или – како Вучиќ може само да се обиде да го забрани ЕуроПрајд, но не може да го „откаже“

Денот кога Вучиќ ѝ даде втор премиерски мандат на лезбејка, најави и забрана на белградската Парада на гордоста

August 27, 2022 20:59
in ES-PRESS-O, МЕДИУМИ, РЕГИОН, ТОП 5, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

ЏАБИР ДЕРАЛА

Од денешните вести од регионот се издвојува изјавата на српскиот претседател Вучиќ кој ги потврди најавите стари повеќе од една недела, дека Европрајд (паневропска манифестација за правата на ЛГБТИ заедниците) ќе биде „откажан или одложен“. Во повеќето извештаи за оваа одлука на српскиот претседател, објавени на македонски јазик, доминира неговиот изговор со тешката ситуација на релација Белград – Приштина.

„Ќе биде одложена или откажана, како сакате, Парадата на гордоста, што беше закажана за месец септември. Или како веќе се нарекува тоа чудо, не е ни важно“ – изјави Вучиќ и додаде дека премиерката Брнабиќ и членовите на Владата „ќе образложат сѐ во согласност со законот“ – изјави Вучиќ.

Понатаму во истиот дел од изјавата, изговорот на Вучиќ за откажување на Европрајд беше дека манифестацијата не може да се одржи во политичката ситуација во која се наоѓа Србија.

„Не го велам тоа затоа што сум многу среќен, туку дека не можеме во овој момент, кога имаме и Отворен Балкан и криза на Косово, немаме никакво придвижување, право да ви кажам, немаме каде да се помрднеме, нема да се откажеме од неутрални таблички“ – рече Вучиќ.

Потоа додаде и дека Србија се соочува со „сите можни проблеми“ и дека мора да се „бавиме со енергетика и храна, проблеми со сушата, со сите можни полициски проблеми во сите кризи кои денес ги имаме“, така што му се чини дека нема потреба никому посебно да му објаснува.

Можеби ве интересира, а не сте имале каде да прочитате, како на оваа одлука на Вучиќ одговорија организаторите на Европрајд. Еве…

Марко Михајловиќ, директор на Белград Прајд и еден од организаторите, на Твитер напиша:

„Државата не може да го откаже EuroPride – може само да проба да го забрани, што би било јасно кршење на Уставот, како и пресудата на уставниот суд кој забраната на Прајдот во 2011, 2012, 2013 година ја прогласи за неуставна. Прајдот се одржува според планот, на 17.09. во 17 часот пред Народното Собрание!“

Марко Михајловиќ, белградски EuroPride

И европската организација Европски Прајд (European Pride) реагираше со истиот тон.

„ЕуроПрајд не може да биде откажан, а било која ‘забрана’ е незаконска“ – се вели во насловот на реакцијата.

Претседателката на Европската асоцијација на организатори на Парадата на Гордоста – која го лиценцира EuroPride – Кристин Гарина изјави:

„Ниту домаќините на EuroPride 2022, Belgrade Pride, ниту ние како давател на лиценцата нема да го откажеме EuroPride во Белград.“

Тимот на Belgrade Pride

Понатаму, Гарина истакна дека секој обид да се забрани Прајдот е спротивно на Европската конвенција за човекови права.

„Правото на Прајд е прогласено од страна на Европскиот суд за човекови права како основно човеково право. Секој обид да се „забрани“ Прајд е прекршување на членовите 11, 13 и 14 од Европската конвенција за човекови права, ратификувана од Србија како членка на Советот на Европа“ – рече Гарина.

Да биде иронијата уште поголема, всушност, Вучиќ денеска објави дека Брнабиќ ќе биде старо-новата премиерка на Србија. На тоа првиот човек на Белград Прајд, Марковиќ, на Твитер реагираше со зборовите:

„Најавата на забрана на ЕуроПрајд на истиот ден кога лезбејка добива нов мандат за водење на владата е срамота!“

ЕуроПрајд во Белград има богата програма и се предвидува да трае од 12 до 18 август.

Ете, сега можеби знаеме повеќе за оваа тема. Нека е и Вучиќ, ама и тој не знае сѐ или барем не кажува сѐ, зарем не?


Преземањето е дозволено според условите на Creative Commons 4.0. 
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ