Карикатура од Mајк Лукович, The Atlanta Journal-Constitution.
Сенаторот Линдзи О. Греам рече дека, ако Министерството за правда го гони поранешниот претседател Доналд Трамп за лошо постапување со доверливи информации, ќе има „немири на улица“ (25 август 2022). И не само еднаш, тој тоа го повтори пред американската и светската јавност.
Нема оправдување за оваа неодговорна реторика, која не само што повикува на насилство, туку и им пркоси на демократските норми, стои во редакцискиот коментар на Вашингтон Пост.
Карикатурата е преземена од АЈЦ, а објавена е и на MIKE LUCKOVICH BLOG. На неа се гледа Трамп како бега со вреќа пари од банка, а Греам му вели на полицаецот:
„Пиши му само опомена, да не предизвикаме немири…“
Рубриката ОЗБИЛНО е за хумор и статира.