• Latest

ЗНМ: Владата сака да ја убие секоја критика во медиумите!

July 19, 2016

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
No Result
View All Result
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home Uncategorized

ЗНМ: Владата сака да ја убие секоја критика во медиумите!

July 19, 2016 16:54
in Uncategorized
Share on FacebookShare on Twitter

„Власта сака медиумите да ги претвори во огласна табла и да ја убие секоја критика во медиумите“, истакна претседателот на Здружението на новинарите на Македонија – ЗНМ, Насер Селмани, на денешната јавна расправа во Собранието, којашто ја организираа Комисијата за транспорт, врски и екологија, за Предлог-законот за информативни и рекламни кампањи на јавните институции. На расправата учествуваа пратеници, претставници на Здружението на новинарите и на медиумите.

Претседателот на ЗНМ, Селмани силно се спротивстави на идејата за донесување на законот, којшто според него, е противуставен и ја суспендира слободата на медиумите, без која не може да функционира ниту едно демократско општество. Тој потенцираше дека законот ќе ги легализира и проширува коруптивните односи меѓу власта и сопствениците на медиумите.

selmani

„Во 2013, при медиумски пазар од 20 милиони евра, Владата учествувала со 7 милиони, со што Владата учествувала со над 30 отсто во финансирањето на медиумите. Познато е дека  оној што ги финансира медиумите и ги контролира. Намерата е јасна – да ги претвори медиумите во огласна табла на Владата и да ја убие секоја критика во медиумите“, рече Селмани.

Според него, владините реклами немаат никаков јавен интерес, туку претставуваат чиста партиска пропаганда на владејачките партии.

„Што е работата на министерот за здравство, ако не – да гради болници, да ги опремува болниците, просто, да ги подобри здравствените услуги на граѓаните. По таа логика, и Собранието треба да има медиумски кампањи и да се фали за донесените закони, или лекарите да се фалат дека лекуваат болни. Ова споредба ја правам за да покажам до кој апсурд се отидени работите!“, посочи Селмани.

Наместо владини реклами, ЗНМ се залага за субвенционирање на медиуми, со кои Владата ќе финансира производство на медиумска содржина од јавен интерес.

ЦМ

Print Friendly, PDF & Email
Tags: ЗНМКорупцијаМедиумски кампањиНасер СелманиПредлог-закон за информативни и рекламни кампањи на јавните институции
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

    CIVIL MEDIA NEWSLETTER

    Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

    CivilMedia

    СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

    Следете нè

    No Result
    View All Result