• Latest

Берлинскиот процес-најпотребната иницијатива за Западен Балкан, Петровска за рушење на стереотипите-жените не се само квота, во Изjум ексхумирани 146 жртви на руската агресија

September 20, 2022

Лорд Џејмс Арбутнот: Украина стои на наше место против глобалната закана

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на АлЏезира

Велика Британија, Франција и Канада се заканија со конкретни акции против Израел поради воените операции во Газа

May 20, 2025
Фото: Скриншот од видео на 
CNN-News18

Израел дозволи влез на помош во Газа по 11-неделната блокада, ОН го нарече тоа „капка во океанот“

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

По разговорот со Трамп, Путин сè уште одбива целосно примирје, повторно ги наведува руските „коренити причини“ за војната во Украина

May 19, 2025
Фото: Скриншот од видео на Hindustan Times

Русија и Украина веднаш ќе започнат преговори за прекин на огнот, објави Трамп по двочасовниот разговор со Путин

May 19, 2025

24 ЧАСА: Уставен остана без судија; Љубчо Георгиевски за општеството на српска страна за геноцидот во Сребреница; Антимигрантска параноја; Романија избра проевропски претседател

May 19, 2025
Фото: ЦивилМедиа

Конференцијата „Сребреница – совеста на светот“, на 30 годишнината од геноцидот во Сребреница – демократски одговор на антицивилизациското негирање на геноцидот

May 19, 2025

Оливие Ведрин: Престанете да ѝ помагате на Украина да преживее, помогнете ѝ на Украина да победи

May 19, 2025
Фото: Фејсбук страна Meanwhile in Ukraine

Боно, Еџ и Шон Пен се појавија на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал со украински војници

May 19, 2025
Фото: Х на Володимир Зеленски

Зеленски му подари на папата Лав XIV икона насликана на фрагмент од сандак за муниција донесена од Изјум

May 19, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

Берлинскиот процес-најпотребната иницијатива за Западен Балкан, Петровска за рушење на стереотипите-жените не се само квота, во Изjум ексхумирани 146 жртви на руската агресија

September 20, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан за Берлинскиот процес: Најпотребната иницијатива за регионот на Западен Балкан

Повеќе граѓанските организации од Западен Балкан ја поздравија најавата од страна на германскиот канцелар Олаф Шолц за Самитот на Западен Балкан во Берлин во ноември 2022 година за давање поттик на Берлинскиот процес. Со заедничка изјава тие ја потврдуваат посветеноста да придонесат кон оваа иницијатива за регионот на Западен Балкан.

„Ние, долупотпишаните чинители на граѓанското општество ја поздравуваме најавата од страна на германскиот канцелар Олаф Шолц за Самитот на Западен Балкан во Берлин во ноември 2022 година за давање поттик на Берлинскиот процес. Земајќи ја во предвид оваа перспектива, ја потврдуваме нашата посветеност да придонесеме кон оваа мошне потребна иницијатива за регионот на Западен Балкан.

Берлинскиот процес беше широко пофален за неговата улога во подигнување на регионалната соработка на невидено ниво. Тоа се правеше во критично време, кога одржливоста на мирот, помирувањето и демократските процеси започнати по војните во 90-тите се најде под сериозен напор, а етнонационалстичките сили и надворешните авторитарни влијанија сé повеќе го загрозуваат евроатлантскиот пат на регионот на Западен Балкан“, стои во заедничката изјава за Берлинскиот процес од 25 граѓански организации од регионот на Западен Балкан.

Меѓу потписниците на оваа заедничка изјава на граѓанските организации од Западен Балкан е и ЦИВИЛ.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Петровска: Мора да ги рушиме стереотипите за жени на лидерски позиции

„Денес професиите не ги делиме на машки и на женски, туку нас жените нè има во секоја професија затоа што сметаме дека имаме доволно капацитет и квалитети кои треба да ги покажеме и со кои што треба практично да помогнеме во општественото живеење, а со тоа да и помогнеме и на нашата држава. За овие 30 години независност, многу жени без оглед дали се од политичката сфера или од некој друг дел од општественото живеење, покажаа дека имаат доволно квалитети успешно да работат на позициите кои ги имале и имаат“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска во денешното гостување во емисијата „Приказна“ на јавниот сервис, пренесува Министерството за одбрана.

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Седум лица загинаа, а уште 15 се повредени поради вооружената агресија на Руската Федерација врз Украина во изминатиот ден, 19 септември.

„Последици од вооружената агресија на Руската Федерација. Седум цивили загинаа, а уште 15 беа повредени [во текот на изминатиот ден]“, објави заменик-шефот на Кабинетот на претседателот Кирило Тимошенко на Телеграм.

*

Околу 146 тела на загинатите како резултат на тортура и руско гранатирање се веќе ексхумирани во близина на Изjум,  објави на Телеграм, шефот на регионалната воена управа во Харков, Олех Синиехубов, пренесува Укринформ.

„Ексхумацијата на телата на жртвите од масовното гробно место во Изиум е во тек. За тоа време веќе се ексхумирани 146 тела, од кои повеќето се цивили, вклучително и две деца. Некои од загинатите имаат знаци на насилна смрт и има тела со врзани раце и знаци на тортура. Кај починатите се пронајдени и повреди од мини, шрапнели и убодни рани“, се вели во извештајот.

*

Бугарија формира специјален координативен совет за санкции на предлог на вршителите на должност министри за надворешни работи Николај Милков и за правда Крум Зарков. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Советот ќе биде одговорен за спроведувањето од страна на Софија на сите рестриктивни мерки наметнати од ЕУ. Неговото создавање се должи на санкциите против Русија воведени по воената инвазија на Москва на Украина на 24 февруари оваа година.

*

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Владимир Путин е подготвен да разговара.

– Бевме заедно во Узбекистан, имавме долги разговори. Тој покажа знаци дека е подготвен ова да заврши што поскоро. Тоа беше мојот впечаток, изјави Ердоган за ПБС додавајќи дека е договорена размена на 200 затвореници.

ФЛЕШ ВЕСТИ

САМИТ На почетокот на декември ќе се одржи нов самит на лидерите на ЕУ и на Западен Балкан, по прв пат во една од земјите од регионот, во Северна Македонија или во Албанија, објави РТС повикувајќи се на дипломатски извори во Брисел.

СОБРАНИЕ Неодговорното и несовесно однесување на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ нанесува штета на судскиот систем во државата. Уставниот суд работи на граница на кворум, со пет од вкупно девет уставни судии. Во ноември ќе истече мандатот на уште еден судија. Додека не се изберат нови, државата може да влезе во уставна криза, бидејќи Судот нема да може да носи одлуки и да одржува седници, рече Марија Георгиевска, пратеничка од редовите на СДСМ и претседателка на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на денешната прес-конференција во Собранието.

СРЕДБИ Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на маргините на 77-то заседание на Генералното Собрание на ОН, оствари средби со министерот за надворешни работи на Кралството Бахреин, Абулатиф бин Рашид Алзајани.

ОСТАВКА Министерот за локална самоуправа од редовите на Либерално-демократската партија, Горан Милевски денеска се очекува да ја депонира својата оставка до Владата. Милевски се повлекува од лични причини, а до крајот на неделата се очекува неговата партија да предложи нов кандидат за министер.

ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА Министерот за економија Крешник Бектеши денеска треба да одржи уште еден онлајн состанок со својот бугарски колега околу цената за набавка на струјата, а в четврток со директорот на АД ЕСМ Васко Ковачевски и со директорот на Национални енергетски ресурси (НЕР) Бајрам Реџепи ќе ја посети Турција каде, како што најави, во фокусот ќе биде енергетиката. Бектеши е оптимист дека со Бугарија ќе се постигне договор и за тоа, како што рече, гледа добра волја. Во однос на разговорите со Турција, пак, ако има нешто конкретно, ќе информира кога ќе се врати.

ОБВИНИТЕЛСТВО За кривичното дело „трговија со луѓе“ во текот на 2017 година се работело на кривични пријави останати нерешени од претходните години против четири лица. По подигнатите обвиненија (Обвинителни акти и Обвинителни предлози) и завршена првостепена судска постапка донесена е осудителна пресуда против едно лице, за кое е изречена условна осуда по обвинителен акт од претходната година.

ОДДБЕЛЕЖУВАЊЕ Под мотото „Само две мерења на висината годишно, може да го променат животот на вашето дете“, Здружението на родители на деца со ендокринолошки заболувања „Раст“ денеска по деветти пат ќе се придружи на глобалната иницијатива за одбележување на Светскиот ден за подигнување на свесноста за растот кај децата.

Б. Ј.

Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љупчо Георгиевски, претседател на ВМРО НП (Фотографија: Џ. Дерала/ЦИВИЛ)

    Георгиевски: За време на геноцидот во Сребреница, најголемиот дел од македонското општество беше наклонет кон Србија, за што секој искрен Македонец треба да се срами

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
  • ФБИ: Фаталната експлозија во близина на клиниката за плодност во Палм Спрингс е терористички чин 

    89 shares
    Share 36 Tweet 22
  • Ахмедин Шкријељ, СДА Санџак, Србија: Ниту една пропаганда не може да го избрише фактот дека имаше геноцид во Сребреница

    87 shares
    Share 35 Tweet 22
  • Група британски парламентарци бараат санкции против Вучиќ и промена на политиката кон Србија

    86 shares
    Share 34 Tweet 22
  • Иднината на земјата меѓу гробницата на Александар и младите луѓе

    86 shares
    Share 34 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ