Околу 146 тела на загинатите како резултат на тортура и руско гранатирање се веќе ексхумирани во близина на Изjум, објави на Телеграм, шефот на регионалната воена управа во Харков, Олех Синиехубов, пренесува Укринформ.
„Ексхумацијата на телата на жртвите од масовното гробно место во Изиум е во тек. За тоа време веќе се ексхумирани 146 тела, од кои повеќето се цивили, вклучително и две деца. Некои од загинатите имаат знаци на насилна смрт и има тела со врзани раце и знаци на тортура. Кај починатите се пронајдени и повреди од мини, шрапнели и убодни рани“, се вели во извештајот.
Сите тела се испраќаат на вештачење за да се утврди конечната причина за смртта.
„Целиот свет треба да знае за ужасните злосторства на руските окупатори во регионот на Харкив. А доказите собрани од нас дефинитивно ќе се користат во меѓународните судови за казнување на воените злосторници“, рече Синиехубов.
Како што претходно објави Цивил Медиа, претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека повеќе од 400 тела, вклучително и оние со знаци на тортура, биле ексхумирани на масовно гробно место во ослободениот Изјум. Меѓу идентификуваните тела има цивили, деца и војници.
Подготви: Д.Мишев