• Latest

Фракција во ВМРО-ДПМНЕ, Маричиќ со јавен повик до Александар Николовски да се вклучи во преговорите за членство во ЕУ, ЦИВИЛ повика на светско обединување во борбата за мир

September 21, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Фракција во ВМРО-ДПМНЕ, Маричиќ со јавен повик до Александар Николовски да се вклучи во преговорите за членство во ЕУ, ЦИВИЛ повика на светско обединување во борбата за мир

September 21, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Андонов објави фракција во ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, истакна членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска на прес-конференција пред партиското седиште го најави почетокот на работата на Фракцијата за демократизација и реорганизација, односно ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес-конференција е со единствена тема – јавен и отворен повик до г. Мицкоски да си даде оставка од својата позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да го отвори со тоа патот да се извршат неопходните демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ и партијата која во почетокот на своето создавање во деведесеттите години беше симбол на македонската демократија, повторно да се врати на пиедесталот како нормална демократска партија, а не како симбол на политичка декаденција, рече Андонов.

Прашан за тоа од колку членови на партијата имаат поддршка, Андонов рече дека нема да лицитира со бројки и оти се отворени за сите членови на партијата. Моментот на покренување на иницијативата, според Андонов, не е поврзан со превирањата и односот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, додавајќи и дека бил против тоа таа да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ

Маричиќ: Важно е и опозицијата да биде вклучена во преговорите, верувам дека ВМРО – ДПМНЕ ќе ја сфати тежината на овој процес

„Јавно го повикувам Александар Николоски како претседател на националниот совет за европска интеграција да седнеме и да разговараме на кој начин тоа тело а со тоа и опозицијата ќе има улога во овој процес. Ние во текот на скринингот ќе треба да утврдиме преговарачки позиции, тоа значи дека треба да се обврземе за колку време можеме некои работи да ги прифатиме и да ги исполниме. Во тоа има улога и Собранието… Ние се боревме како Влада да оствариме две битни цели. Едната е да си ја оствариме нашата надворешна политичка цел за членство во ЕУ, да не остане таа само на хартија и само во теорија. Втората е да си го заштитиме нашиот идентитет како Македонци кои говорат македонски јазик. Јас сметам дека тоа е возможно. Дека ние може да влеземе во ЕУ во догледно време како Македонци кои говорат македонски јазик. Ако тоа го сфатиме и работиме на таа кауза и како политички партии и како поединци и како медиуми и општествени чинители можеме да го постигнеме сето тоа. Ова е задача на целото општество, порача Бојан Маричиќ, вице премиер за европски прашања во „Студио10“ на ТВ24

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Министерството за надворешни работи на Украина најостро ја осудува срамната „пресуда“ изречена денеска на првиот заменик-шеф на Меџлисот на кримските Татари, Нариман Џељал како и на браќата Асан и Азиз Ахтемов од страна на окупаторската администрација на привремено окупираниот Крим, информираат од МНР на Украина.

*

Михаило Подољак, советник на шефот на Кабинетот на украинскиот претседател, го коментираше Владимир Путин кој прогласи делумна мобилизација во Русија во објава на Твитер, пренесува Укринформ.

„210-ти ден од „тридневната војна“. Русите кои бараа уништување на Украина на крајот добија: 1. Мобилизација. 2. Затворени граници, блокирање на банкарски сметки. 3. Затвор за дезертерство. Сè уште е според планот, нели? Животот има одлична смисла за хумор“, напиша советникот на Твитер на 21 септември.

*

Папата Франциск, на крајот од Генералната аудиенција во средата,  ја изрази својата длабока тага поради тоа што слушнал за страдањата на луѓето, дивјаштвото, ужасните дела и мачените тела што повторно се откриваат во земјата, потсетувајќи се на неговиот телефонски разговор со Кардиналот, соопштува Ватикан Њуз.

*

Рускиот претседател Владимир Путин на 21 септември потпиша указ за „делумна мобилизација“, која ќе започне веднаш, пренесува Укринформ според видео-обраќањето на Путин до нацијата.

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека сега ќе бидат повикани 300.000 резервисти да се борат во Украина. Со „делумната мобилизацијата“ ќе бидат опфатени само оние граѓани кои се во воена резерва, пред се оние кои служеле во редовите на вооружените сили, со стекнати одредени воени специјалности и соодветно искуство, рече рускиот претседател.

ФЛЕШ ВЕСТИ

ОБРАЌАЊЕ Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се обрати на конференцијата „Родова еднаквост на работно место“, што денеска се одржа во Кабинетот на претседателот.

ОБРАЗОВАНИЕ Во интерес на учениците е настава со физичко присуство, нема промена во начинот на нејзината реализација, а Владата за справување со предизвиците од енергетската криза е во комуникација со сите засегнати страни преку Министерството за образование и наука, вели портпаролот на Владата Душко Арсовски.

ЕКОНОМИЈА Во земјава има 149 јавни прeтпријатија на локално и на централно ниво од различни сектори. Голем дел од нив се потонати во милионски долгови, а поради енергетската криза, јавните комунални претпријатија најавија банкрот – клуч на врата и отпуштање на вработените, пишува Порталб. Во каква финансиска кондиција се јавните претпријатија и колку вработени опфаќаат?

КОНТРОЛА Сите термоелектрани во нашата држава имаат А интегрирана дозвола. Секогаш бараме сите институции да ги почитуваат стандардите. Зедно со Министерството за економија ќе направиме контроли и ќе видиме дали се почитуваат стандардите, изјави денеска министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини во пресрет на зимската сезона во која, според најавите, поголем дел од енергетските капацитети во земјата ќе работат на јаглен и мазут.

СОЦИЈАЛНА ПРАВДА „Подобрувањето на условите за работа и стандардот на припадниците на Армијата продолжуваат да бидат на врвот на приоритетите во нашето работење. Изминатиот период направивме многу во овој домен и овозможивме војниците, подофицерите и офицерите во Армијата на Република Северна Македонија да го добијат заслуженото место во македонското општество“, рече министерката за одбрана Славјанка Петровска на денешната средба со претседателот на Европската организација на воени здруженија и синдикати (ЕУРОМИЛ), Емануел Џејкоб, информираат од Министерството за одбрана.

ГОВОР НА ОМРАЗА

Директорка на средно училиште од Неготино, членка на ВМРО-ДПМНЕ се заканува: „Душманите ќе ги решаваме еден по еден“!

„Семејството, татковината и ВМРО-ДПМНЕ за нас се света работа. А вас душмани ќе ве решаваме еден по еден, сите до еден!“, гласи заедничката порака на сопружниците Ристе Илиев и Ангелина Илиева.

Фејсбук профилот на Илиев е само со содржини за поддршка на ВМРО-ДПМНЕ. Дури и профилната фотографија му е со Митко Јанчев, поранешниот министер за внатрешни работи, кој е осуден за крвавиот 27 април.

Но, за разлика од Илиев за кој нема податоци кај и што работи, неговата сопруга Ангелина Илиева е ВД директорка во СОУ „Св. Кирил и Методиј“, Неготино.

ЦИВИЛНИ АКТИВНОСТИ

Меѓународен ден на мирот: ЦИВИЛ повикува на светско обединување во борбата за мир

На Меѓународниот ден на мирот, ЦИВИЛ ги повикува сите граѓанки и граѓани, своите членови, поддржувачи, активисти, волонтери, како и граѓанските здруженија, политичките субјекти, да се приклучат на сите мирољубиви луѓе ширум светот во одбележување на Меѓународниот ден на мирот.

Меѓународниот ден на мирот оваа година нè потсетува колку лесно може да се наруши и распадне мирот во светот. Руската агресија врз Украина го дестабилизира и светскиот мир преку неизмерните насилства, негирање на правото на постоење по било која основа и со очигледна намера за истребување на украинската нација.

Воената агресија против Украина, но и сите воени и други конфликти во светот, повикуваат на обединување и одбрана на правото за мирно и достоинствено живеење во демократски и праведни општества каде поделеноста, омразата, насилството, борбата за власт и моќ на сметка на човековиот живот и достоинство ќе станат минато.

Со силна поддршка за Украина и украинската нација, ЦИВИЛ повикува на обединување на светот во заложбите за ставање крај на руската агресија и обнова на мирот и стабилноста на Украина. Многубројните изгубени човечки животи да бидат и последни што ќе сведочат за хоророт и деструкцијата што војната ги носи со себе.

СЛОБОДНА ЗОНА

Џабир Дерала

„Што можеме да констатираме на 21 септември 2022 година, Меѓународниот ден на мирот? Време на крвава војна во Европа, геноцидна руска агресија врз мирољубивата, независна Украина. Време на жестоки неправди насекаде во светот, расна, етничка и верска поделеност, омраза и насилства. Глад. Неправди. Нееднаквост. Климатски промени од кои најмногу страдаат најранливите“, пишува Џабир Дерала во денешниот едиторијал „Намалете малку од „режиските“ трошоци и направете повеќе за гладните и понижените во светот, направете повеќе за мирот и човековите права“

Б. Ј.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ