• Latest

Андонов објави фракција во ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине

September 21, 2022
Проф. д-р Оливер Андонов (фото: А. Мехмети/ЦИВИЛ)

Алте, малте и други случки

November 8, 2026
ХЕРОЈСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА | Полицаецот, иако тешко ранет, се соочи со напаѓачот и го совлада | Краков, Полска, 7 ноември 2026

Масакр во Краков: Шестмина убиени и 15 ранети, три тела пронајдени во домот на напаѓачот – се истражуваат екстремно десничарски мотиви

November 8, 2026

Кој може да го запре Трамп ако нареди нуклеарен удар? (ИНФОГРАФИК)

November 8, 2026
Кијив, 6-7 ноември 2026 (ДСНС)

РУСКИ ТЕРОР: 36 балистички ракети истрелани кон Кијив – крвавата „дипломатија“ на Кремљ во пресрет на преговорите во Абу Даби

November 7, 2026
Колаж од објавата на OCCUPY DEMOCRATS

Occupy Democrats: Путин ја претвори хуманитарната мисија на Меланија Трамп во руска пропагандна победа

November 7, 2026

ДОСИЕ: Ќе се реши ли енигмата околу смртта на Цвијан откако Вучиќ замина во опозиција?

November 7, 2026
Протести Франција 17 октомври 2026 (Фото: Скриншот од видео на Дојче Веле)

Масовни протести во Франција: 1,6 милиони демонстранти според синдикатите, владата најавува социјална конференција

November 6, 2026

Украина го презема претседавањето со Централноевропската иницијатива во 2027 година: Безбедноста, европската интеграција и борбата против дезинформациите меѓу приоритетите

November 6, 2026

Бран лажни дојави за бомби предизвика хаос во европскиот воздушен сообраќај

November 6, 2026
Архивска фотографија, Белград, 6 мај / фото извор: Фејсбук страница „Studenti u blokadi Beograd“

Србија по изборите: Студентската листа освои 140 мандати, листата на Вучиќ остана на 103

November 6, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Андонов објави фракција во ВМРО-ДПМНЕ: Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине

September 21, 2022 14:46
in ВЕСТИ, ПОЛИТИКА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Христијан Мицкоски е политички потрошен и треба да си замине од лидерската позиција во ВМРО-ДПМНЕ, истакна членот на партијата и поранешен министер за внатрешни работи, Оливер Андонов, кој денеска на прес-конференција пред партиското седиште го најави почетокот на работата на Фракцијата за демократизација и реорганизација, односно ревитализација на ВМРО-ДПМНЕ.

Денешната прес-конференција е со единствена тема – јавен и отворен повик до г. Мицкоски да си даде оставка од својата позиција претседател на ВМРО-ДПМНЕ и да го отвори со тоа патот да се извршат неопходните демократски промени во ВМРО-ДПМНЕ и партијата која во почетокот на своето создавање во деведесеттите години беше симбол на македонската демократија, повторно да се врати на пиедесталот како нормална демократска партија, а не како симбол на политичка декаденција, рече Андонов.

Основната политичка цел на фракцијата, покрај оставката на Мицкоски, кој, како што рече, е потрошен политички, е и повик до членството за организација на избори за нов претседател на партијата.

Според Андонов, фракцијата е поддржана од ветерани, основачи на ВМРО-ДПМНЕ, обични членови, од некогашни функционери на партијата, но и од луѓе во актуелното раководство.

Кога велам потрошен, потрошен е политички, затоа што ако тргнеме наназад пет години, кажете ми една работа која Мицкоски ја направи, нешто со што ВМРО-ДПМНЕ може да се гордее дека учествувало во некој процес или одбранило некој национален интерес во Македонија. Јас и луѓето кои се тука, а веројатно и мнозина други кои се и внатре во партијата го мислат истото, но од причина што не сакаат Мицкоски да им биде на врат, односно да ги малтретираат, не излегоа денеска со нас, останаа затскриени, рече Андонов.

Тој нагласи дека не станува збор за паралелна структура, туку дека ќе делуваат внатре во партијата како фракција.

Напоменувам, не се работи за паралелна структура во ВМРО-ДПМНЕ, не се работи за нова политичка партија, не се работи за нова политичка структура во смисла на паралелизам, туку за членови на ВМРО-ДПМНЕ, кои и понатаму ги повикуваат останатите членови на партијата да делуваме како политичка фракција внатре во партијата со единствена цел – демократизација и ревитализација на партијата, чиј прв чекор е оставка на Мицкоски, истакна Андонов.

Прашан за тоа од колку членови на партијата имаат поддршка, Андонов рече дека нема да лицитира со бројки и оти се отворени за сите членови на партијата. Моментот на покренување на иницијативата, според Андонов, не е поврзан со превирањата и односот со скопската градоначалничка Данела Арсовска, додавајќи и дека бил против тоа таа да биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје.

Зошто сега? Затоа што сега се исполнети сите услови за членството во целост да ги гледа работите како што треба. Ова е желба на членството, не е моја лична желба. Толку луѓе во партијата го гледаат тоа што се случува. Едноставно велат време е да се каже јавно до каде сме и да се преземе нешто. Што ако Мицкоски не даде оставка? Па не сакам јас сега да излезе оставка или ботовите кои ги пушта до мене дека за две недели ќе си дал остава. Нема да даде Мицкоски оставка сега. Мицкоски ќе биде доведен во состојба под притисок на членството да мора да замине од партијата. Оваа борба ќе трае. Ова не е борба која денеска почнува и завршува. Но, во исто време да ви напомнам, ова не е т.н. коалиција која сакаше да го дигне Мицкоски во тој период. Ова се партиски членови кои кажуваат: доста беше од уривање на ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како една од основните политички, големите политички партии во Македонија, треба да ја креира генералната политика во државата. Со едно крило не се лета никаде, порача Андонов.

Додека траеше прес-конференцијата на Андонов, од партиското седиште на ВМРО-ДПМНЕ се пушташе странска музика.

Д.М.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДИСКУРС
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ