• Latest

Вучиќ во ОН: Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите земји-членки на Обединетите нации, вклучително и Украина

September 22, 2022

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, бројката расте – ЦИВИЛ повикува на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026
ЈАС И ИТАЛИЈА НИКОГАШ НЕ МОЛИМЕ | Премиерката на Италија, Џорџ Мелони (фото извор: ФБ страница на премиерката Мелони)

Мелони му возврати на Трамп: Јас и Италија никогаш не молиме (ВИДЕО)

June 20, 2026
Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

Македонија и ЕУ: процес прекинат и заменет со маратон кон Недојдија

June 19, 2026
Прослава, 36 години ВМРО-ДПМНЕ, Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница)

Граѓански форум: Прославата на ВМРО-ДПМНЕ во коментарите се доживува како ароганција и раскош во време на сиромаштија

June 19, 2026

Амбасадорката Лариса Дир за ЦИВИЛ: Украина ја брани својата европска иднина и продолжува со реформите во услови на војна

June 19, 2026
Москва гори, 18 јуни 2026

Москва гори: Како украинските дронови системски ја рушат руската нафтена империја (ВИДЕО)

June 18, 2026

Отидовте ли на одмор СДСМ?

June 18, 2026
Струмица, 17 јуни 2026 (фото извор: партиска веб страница на ВМРО-ДПМНЕ)

ВМРО-ДПМНЕ за пет минути „одговори“ колку чинела роденденската прослава

June 18, 2026

Идентитетот како алиби за блокада

June 18, 2026
Free European parliament image, public domain building CC0 photo.

Судир со реалноста во Стразбур: ЕП ги изгласа сите услови и остри критики за реформите во Скопје

June 18, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СВЕТ

Вучиќ во ОН: Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите земји-членки на Обединетите нации, вклучително и Украина

September 22, 2022 11:06
in ВЕСТИ, ИЗЈАВИ, СВЕТ
Share on FacebookShare on Twitter

Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите земји-членки на Обединетите нации, вклучително и Украина, и ќе продолжи да се залага за доследно почитување на принципот на неповредливост на границите, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во својот говор на 77. седница на Генералното собрание на Обединетите нации, јави дописникот на МИА од Белград.

-Од многу говорници слушнавме приказни за агресија и нарушување на територијалниот интегритет на Украина, многумина велат дека тоа е прв конфликт на европско тло по Втората светска војна. Но, вистината е дека првпат е нарушен интегритетот на една европска земја, и тоа на Србија, која немаше извршено напад на ниедна суверена држава и тоа се премолчува, рече Вучиќ и додаде дека не слушнал рационален одговор на прашањето „која е разликата меѓу суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и суверенитетот и територијалниот интегритет на Србија“ кој е нарушен.

Вучиќ оцени дека годинашната Генерална дебата се одвива во услови на нарушен светски мир од размери што не се забележани од Втората светска војна и од основањето на ОН.

-Глобалните предизвици со кои се соочуваме се закануваат суштински да ја променат меѓународната безбедносна архитектура и да го загрозат воспоставениот меѓународен правен поредок. Ваквите сложени времиња бараат многу мудрост и единство за да се зачува мирот како апсолутно најважно богатство вткаено во самите основи на организацијата на Обединетите нации, рече Вучиќ.

Во своето обраќање на Генералното собрание на ОН, Вучиќ зборуваше за пет принципи, а тоа се враќање на мирот и зачувување на глобалната стабилност, зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на меѓународно признаените земји членки на ОН, енергетиката и финансиската безбедност и снабдувањето со храна.

Вучиќ при своето излагање ги критикуваше земјите кои ја признаа независноста на Косово, обвинувајќи ги за нарушување на територијалниот интегритет на Србија и кршење на Повелбата на ОН. Тој исто така обвини дел од меѓународната заедница за „хибридна војна и валкана кампања“ додека трае процесот на дијалог меѓу Белград и Приштина, а некои светски медиуми да „шират лаги“ дека Србија ќе ги нападне соседите и дека тоа претставува закана за регионалната стабилност.

Вучиќ нагласи дека Белград ќе ги продолжи разговорите со Приштина под покровителство на ЕУ, „бидејќи подобро е да се преговара 100 години отколку еден ден да се води војна“.

-Се надевам дека ќе дојдеме до заемно прифатливо решение, засновано на компромис, бидејќи тоа е единствениот начин да се воспостави траен мир и просперитет и за Србите и за Албанците, како и за целиот регион, рече Вучиќ.

Тој истакна дека е потребно трезвено и прагматично да се зборува за нашата иднина, а не за нашето минато, да се зборува како да се решат проблемите што ги мачат нашиот народ, нашите компании, работниците, студентите и претприемачите.

-Дискутиравме многу и дојдовме до голем број решенија кои веќе ги отстранија бариерите што постоеја меѓу нас без никаква рационална причина. Пред сè во економијата, трговијата и протокот на луѓе и капитал. Веќе три години Србија, Албанија и Северна Македонија го спроведуваат проектот „Отворен Балкан“, кој има јасна идеја – да се отвори регионот за луѓе, за стоки, услуги, за капитал и компании, за да се добие простор кој трајно ќе биде без тензии, напнатост и конфликти, истакна тој.

Како што кажа, покрај несомнената заедничка економска придобивка што ја носи оваа иницијатива, таа има и поширока димензија, пред сè во зближувањето на луѓето од различни култури и промовирањето на различностите, што секако придонесува за општиот развој на општествата во овој дел на Европа.

Според Вучиќ, Србија на овој начин продолжува да придонесува за мирот, стабилноста и процесот на помирување во регионот и со тоа секако дава значаен придонес за безбедноста на глобално ниво.

-Ваквите сложени времиња бараат многу мудрост и единство за да се зачува мирот, порача Вучиќ во својот говор на 77. седница на Генералното собрание на ОН.

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ