„Украина никогаш нема да ги признае таканаречените резултати од псевдореферендумите кои што кремљ ги одржа на привремено окупираните територии на Херсонската, Запорижската, Луганската и Донецката област во Украина, под нишан на руските автоматски пушки, изјави Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир за Цивил Медиа.
Лажните „референдуми“ одржани од страна на воените злосторници не ги менуваат административно-територијалните граници на Украина, наместо тоа, тие создаваат основа за ескалација; претставуваат продолжение на геноцидот од страна на руската федерација врз Украинците, теророт на украинско тло, заплашувањето, инвазијата.
Вооружените Сили на Украина ќе продолжат да ги ослободуваат привремено окупираните територии на Украина со цел да го вратат територијалниот интегритет на Украина. Демократскиот свет сега мора навреме да реагира на уште едно злосторство на Руската Федерација за да ги зачува животот, правата и слободите, да ја поддржи борбата и отпорот на Украина со сите можни средства“, истакна Амбасадорката на Украина во Република Северна Македонија, Лариса Дир, во изјавата која ја даде ексклузивно за Цивил Медиа.
М.Д.