• Latest

ДНЕВНИК НА ЦИВИЛ: Одмазднички напад на Русија врз Кијив, нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“, протести во Република Српска против изборна измама

October 10, 2022
„Марш за ангелите“, Скопје 15 ноември 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски

Маршот за ангелите го разбуди Скопје – „Правда сега, без одлагање“

November 15, 2025

СПЕЦИЈАЛЕН ИЗВЕШТАЈ НА ЦИВИЛ ( дел 1): Стратешка слика и начинот на функционирање на екосистемот – актери и канали

November 15, 2025
Фото: Твитер

Започнува масовното производство на украинските беспилотни летала-пресретнувачи „Октопус“

November 15, 2025
Фотоколаж: Скриншот од time.mk и видео на baku.tv

Репетитивното објавување на изјавите на Песков – императив на некои македонски медиуми

November 15, 2025
Last Crude Oil Tanker at Shell Haven - geograph.org.uk - 605835.jpg Фото: wikimеdia commons

Ројтерс: Иран потврди дека е запленет танкер со петрохемиски товар

November 15, 2025
Фото: Скриншот од видео на ВВС

Американската војска планира поделена Газа со „зелена зона“ обезбедена од меѓународни и израелски трупи

November 15, 2025

Град Скопје воведува нов режим за изнесување отпад: ноќна забрана и казни до 50 евра

November 15, 2025
Фото: Ј. Ѓорѓиоски. Фронтлајн

„Марш за ангелите“ денеска во 12:05 во Скопје

November 15, 2025
Креирано со помош на ВИ

Судството под меѓународна лупа – меѓу критики и политичка одбрана

November 15, 2025

Поранешниот министер за правда Кренар Лога се повлекува од партиските функции во АА

November 14, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ДНЕВНИК

ДНЕВНИК НА ЦИВИЛ: Одмазднички напад на Русија врз Кијив, нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“, протести во Република Српска против изборна измама

October 10, 2022 17:00
in ВЕСТИ, ДНЕВНИК, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ВЕСТ НА ДЕНОТ

Експлозии во Кијив, Русија во одмазднички напад врз цивилни цели

Во понеделникот, на 10 октомври, одекнаа неколку експлозии во областа Шевченковски во центарот на Кијив, пренесува Укринформ.

„Неколку експлозии во областа Шевченковски – центарот на главниот град. Сите служби упатуваат на местото на настанот. Деталите ќе бидат информирани подоцна“, објави градоначалникот на Киjiв Виталиј Кличко на Телеграм.

Експлозии во Кијив, Русија во одмазднички напад врз цивилни цели

ИЗЈАВА НА ДЕНОТ 

Претседателката на ДКСК, Билјана Ивановска: Кога стапи на функција заменик министер за финансии, премиерот Димитар Ковачевски во својот анкетен лист уредно пријави сѐ што поседува. Од податоците во анкетниот лист имаме сознанија дека тој не учествува во управувањето, а ги продал и сопственичките удели во фирмата. Оттука нема основ за покренување постапка за утврдување судир на интереси. Согласно Законот за спречување корупција и судир на интереси функционерот кога стапува на функција управувањето на фирмата треба да му го довери на друго лице кое не е член на неговото семејство. Во случајов, тој не е ниту сопственик, ниту управител.

Ивановска: Нема основа за покренување постапка против Ковачевски за „Броило“

ВОЈНА ВО УКРАИНА

Украинската амбасадорка Лариса Дир, со реакција на најновите руските напади во Кијив и други Украински градови,  на социјалните мрежи ги повикува сојузниците да и дадат повеќе оружје на Украина.

Украинската амбасадорка Лариса Дир: Континуирани ракетни напади врз мирните градови во Украина, сојузниците да и дадат на Украина повеќе тешко вооружување

Единствената тактика на Путин е терор врз мирните украински градови, но тој нема да ја разбие Украина, напиша украинскиот министер за надворешни работи на Твитер Дмитро Кулеба.

Кулеба: Путин е терорист

 

СВЕТ

Наглиот скок на цената на нафтата е последица на одлуката на Организацијата на земјите извознички на нафта (ОПЕК) и нејзините сојузници, вклучително и Русија, од ноември да го намалат дневното производство за два милиони барели.

Нафтата минатата седмица поскапе за повеќе од десет проценти

РЕГИОН

Косовскиот премиер Албин Курти изјави дека е оптимист за постигнување правно обврзувачки договор со Србија, односно се надева дека тој ќе биде постигнат во следните неколку месеци.

Курти е оптимист за постигнување конечен договор со Србија

Илјадници поддржувачи на опозицијата во српскиот ентитет Босна и Херцеговина се вратија на улиците за да протестираат против резултатите од неодамнешните претседателски избори, обвинувајќи за измама и барајќи повторно пребројување на гласовите.

Илјадници граѓани во Република Српска протестираат против измама на претседателските избори

ФЛЕШ ВЕСТИ

ГОВОР НА ОМРАЗА Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ), реагира на непримерната јавна комуникација проследена со груби навреди и закани кон новинари објавени на фејсбук профилот именуван како Божидар Божиновски. Лицето Божиновски во изминатите денови, преку социјалната мрежа Фејсбук, во еден од постовите, на споменатиот профил , објавува лична фотографија од новинарот Борјан Јовановски.

ЗНМ со осуда на грубите навреди и закани кон новинари: Јавно омаловажување и посакување на смрт на новинари е недозволиво

МЕРКИ: Премиерот Димитар Ковачевски изјави дека таму каде што има плати далеку над просекот треба да се намалат, како еден од начините за намалување на трошоците, согласно со Планот за фискална одржливост што го усвои вчера Владата за буџетските корисници.

Ковачевски: Во услови на криза, платите што се далеку над просекот треба да се намалат

СКРИНИНГ: Слободното движење на стоки претставува една од 4-те основни слободи врз кои е изграден и функционира единствениот пазар на Европската Унија. Законодавството и институционалната имплементација на слободното движење на стоки претставуваат основа на економскиот развој.

Денес на агендата на Скринингот, Поглавјето 1 – Слободно движење на стоки

АНАЛИЗИ

И по изборен циклус тешко е да се види светло во политичкиот тунел во кој е влезена оваа земја членка на ЕУ. „Партиите само се преправаат дека се обидуваат да формираат влада. Тешката работа во оваа тешка зима со задоволство би му ја препуштиле на претседателот Румен Радев“, коментира политикологот Парван Симеонов од социолошката агенција Галуп интернешнал Балкан. „Ова е чекор кон слабеење на демократските институции во Бугарија, кои онака не се многу силни“, додаде Симеонов, анализира Борјан Јовановски во текстот „Сè уште не се гледа светло во политичкиот тунел на Бугарија“

Сè уште не се гледа светло во политичкиот тунел на Бугарија

СЛОБОДНА ЗОНА

Украинците покажаа невидена храброст и пожртвуваност, а Русите покажаа невидена крволочност, садизам и разбојништво. Освен тоа, руската воена машинерија покажа зачудувачки слабости и низок воен морал и недисциплина. Пропагандната машинерија покажа повеќе успех, благодарение на инсталациите што ги има низ цела Европа. Делумното онеспособување на мега-мостот што го поврзува Крим со Краснодар, ден по седумдесеттиот роденден на Путин, беше уште една силна шлаканица за Русија. И повторно како во детска игра, но со крвави последици во чудовишни размери, Путин и неговата злосторничка братија, заробените институции, пропагандната машинерија и политичките структури (партнери во одржувањето на крвавиот режим) прогласуваат недопирливост, пишува Џабир Дерала во колумната „Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија“.

Злокобниот инфантилизам на воениот злосторник и неговата братија

Кога се обидувам да ја претставам сегашноста во мојот провинциски живот и перспективите на лидершипот на локално ниво, сакал не сакал ми се враќаат споредбите со чевлите, дебелите волнени чорапи и лошото движење со носењето на обувки со еден или два броја поголеми од габаритот и природата на ногата на која се обуваат, пишува Војо Маневски, во текстот под наслов „Преголеми чевли“.

.

Преголеми чевли

Д. Варошлија

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Скриншот од видео на ДИК

    Локалните избори 2025 се официјално и конечно завршени, објави ДИК

    307 shares
    Share 123 Tweet 77
  • „Ние сме далеку пред Албанија“ – Зошто оваа изјава на премиерот Мицкоски е важна за европската приказна на Северна Македонија

    122 shares
    Share 49 Tweet 31
  • Богати странци плаќале по 80.000 фунти за „сафари викенд“ за да убиваат цивили за време на опсадата на Сараево

    102 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Изгледа гатачката на Грујо ја вратиле во Царина, Мицкоски почна да споделува вести од иднината

    114 shares
    Share 46 Tweet 29
  • Локалните избори во Косово Избори без апсолутен победник, но со пораки за партиите

    97 shares
    Share 39 Tweet 24
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ