• Latest

Тупанчески од Тирана: Поглавјето 23 е клучно за ЕУ процес, од нас се бараат брзи и ефикасни резултати

October 12, 2022
Фото: wikimedia commons

Ништо од бизнисот: Ганвор Груп ја повлекува понудата за подружниците на Лукоил откако САД ја нарече компанијата „руска марионета“

November 7, 2025

Кремљ ги вклучува окупираните делови од Украина во рускиот Јужен воен округ, во услови на обновен мобилизациски притисок

November 7, 2025
Скриншот од видео на ABC7

Стотици летови откажани во САД поради затворањето на владата

November 7, 2025
Скриншот од видео на ВВС

Акционерите на Тесла одобрија рекорден пакет плати од 1 трилион долари за Елон Маск

November 7, 2025
Фото: wikimedia commons

Албанскиот Парламент го усвои законот за родова еднаквост

November 7, 2025

ДИК ги одби сите 16 приговори за постапките за гласање и за сумирање на резултати во Брвеница, Шуто Оризари и Карпош

November 7, 2025
Фото: миа.мк

Гутереш на КОП30 остро ги критикуваше владите што продолжуваат да насочуваат огромни субвенции кон индустриите за нафта, гас и јаглен

November 6, 2025
Михалис Рокас, ЕУ амбасадор

Рокас: Трета година по ред нема напредок во судските реформи и борбата против корупцијата во Северна Македонија

November 6, 2025

НАТО ја зајакнува одбраната со нови системи против дронови

November 6, 2025
Chuck Grassley, US senator
source> Klix.ba

Однесувањето на Додик беше наградено, но САД будно ги следат неговите потези, порача американскиот сенатор Грасли

November 6, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ВЕСТИ

Тупанчески од Тирана: Поглавјето 23 е клучно за ЕУ процес, од нас се бараат брзи и ефикасни резултати

Министерот за  правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

October 12, 2022 14:09
in ВЕСТИ, ПРАВДА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

Министерот за правда Никола Тупанчески и заменик министерот за правда Агим Нухиу кои се во дводневна посета на Тирана остварија средба со министерот за правда на Република Албанија, Улси Мања, информираат од Министерството за правда.

На заедничката прес конференција Тупанчески и Мања информираа за реформите во правосудниот систем на двете држави, процесот на пристапни преговори за членство во ЕУ.

Министерот за правда Тупанчески рече дека меѓу Република Северна Македонија и Република Албанија  нема отворени прашања.

,,Имаме заедничка цел, а тое е ЕУ. Поглавјето 23: Правосудство и темелни права е клучно за реформите. Токму поради тоа неопходно е двете држави во наредниот период да ја интензивираат соработката и да разменат искуства, идеи и мислења. Убеден сум дека двете влади имаат волја заеднички да ги решаваат проблемите. Зајакнувањето на правните системи, како и зголемувањето на ефикасноста на правосудниот систем, ќе придонесе да се достигнат меѓународните стандарди на двете земји” изјави Тупанчески.

Министерот за правда на Албанија Улси Мања информираше за процесот на ветинг кој според него бил исклучително сложен но сепак дал позитивни резултати. Дури 60% од судиите и обвинителите ја напуштиле функцијата поради неможноста да го докажат потеклото на имотот.

Тупанчески го информираше Мања и за процесот на регистрација на бугарски здруженија во нашата држава и мерките кои ги презема Министерството за правда околу подготовката на Законот за здруженија и фондациии. Беше отворено и прашањето за правата на малцинствата во Албанија со посебен акцент на примената на Законот за малцинства на Република Албанија.

Двајцата министри се договорија соработката на билатерално ниво да се интензивира во наредниот период.

Министерот за  правда Никола Тупанчески за време на работната посета на Албанија се сретна со Васил Стејровски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција.

Средба на Министерот за  правда Никола Тупанчески со Васил Стејровски, претседател на Македонската алијанса за европска интеграција

На средбата се разговараше за правата на македонското малцинство во Албанија.Беа отворени повеќе прашања за унапредување на статусот на Македонците во албанското општество, како и за начините врз основа на кои Република Северна Македонија и Република Албанија, во рамките на својата соработка можат да го помогнат овој процес.

Во таа насока во континуитет се преземаат активности за обезбедување на  институционална поддршка за заштита и унапредување на културниот и јазичниот идентитет на македонското малцинство.На средбата која се одржа во македонската амбасада во Тирана присуствуваше и Амбасадорот Данчо Марковски.

М.Д.

Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • Љубомир Костовски (фото: Б. Јордановска / ЦИВИЛ)

    Избори во кои на Кочани му избраа градоначалник

    190 shares
    Share 76 Tweet 48
  • Блиската врска со Путин на коосновачот на Гунвор – купувачот на странските подружниците на Лукоил

    103 shares
    Share 41 Tweet 26
  • Од Русија со „братска љубов“: Срцепарателните изјави на Песков  во македонските медиуми

    100 shares
    Share 40 Tweet 25
  • „Метеж во Москва“ – Украина погоди критичен воен систем за гориво во близина на руската престолнина

    98 shares
    Share 39 Tweet 25
  • ОБСЕ/ОДИХР: Кампањата во вториот круг беше повоздржана од првиот круг, со одделни случаи на лични напади

    93 shares
    Share 37 Tweet 23
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ