• Latest

Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани

October 19, 2022

24 ЧАСА: „Гасни комори и смрт“ за Албанците на спортски натпревар; Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ, Димитревски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ; Таравари бара национализмот да биде осуден и изгаснат

August 4, 2025
Графити во Маџари, снимени на 5 септември 2024 (фото: ЦИВИЛ)

Дијагноза: Колективно воспитана омраза – „Смрт, гасни комори за Шиптарите“

August 4, 2025
Скриншот од видео кое наводно го прикажува погледот од авион што слетува на аеродромот во Сочи на 3 август Shaun Pinner/X

Украинците потврдија успешен напад со дронови врз складиште за гориво на рускиот аеродром во Сочи

August 4, 2025

Мицкоски, Тошковски, Стоилковиќ и Димитриевски без одговор на прашањата на ЦИВИЛ за националистичките скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фотографија: ВИ

Во пресрет на локалните избори 2025: ДКСК без претседател, Собранието на одмор

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео објавено од Володимир Зеленски на Фејсбук

(ВИДЕО) Русија лови цивили: Зеленски споделува снимки од градовите на линија на фронтот

August 4, 2025
Порака за блокирање на веб-страница. Фото: LSM+

Латвија блокираше 10 веб-страници што шират руска пропаганда

August 4, 2025

(ИЗБОР) Албански медиуми: ОБСЕ нуди препораки за Кривичниот законик во Албанија; Спиропали и Османи со остри осуди за антиалбанските скандирања во Куманово

August 4, 2025
Фото: Скриншот од видео на WION

Најмалку 68 мигранти загинаа при превртување на брод кај Јемен

August 4, 2025

Министрите ќе ја извршуваат функцијата и додека се тркаат за градоначалник

August 4, 2025
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Една напред за Данела Арсовска, три години назад за Град Скопје и скопјани

October 19, 2022 19:00
in АНАЛИЗИ, ПОЛИТИКА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЗОРАН БОЈАРОВСКИ

После една година од работата на градоначалничката на Град Скопје Данела Арсовска главниот град на државата, наместо напред, се врати најмалку три години назад.

Имено толку години хронолошки изминаа од потпишувањето на договорите вредни 136 милиони евра со Европската банка на обнова и развој (ЕБОР) и со Европската инвестициона банка (ЕИБ) за изградба на пречистителната станица за отпадни води на Скопје на 20 декември 2019 година.

Дополнително, на 21 април 2021, Министерството за финансии, Градот Скопје и Европската банка за обнова потпишаа договорот за заем за реализирање на проектот за Бас Рапид Транзит (БРТ) превоз во Скопје, со што, практично, започна постапката за изградба брз и одржлив јавен транспорт со суштинска цел да се намали сообраќајниот метеж и аерозагадувањето.

Оваа анализа ќе ги опфати само овие од многуте планови за унапредување на животната средина кои, исто така, останаа само ветување иако беа најавени дека ќе се рализираат или ќе заочнат да се реализираат во првите 82 дена. расчистувањето на дивите депонии, проектот Водно како зелен штит на Скопје, реконструкција на парк-шумата во Гази Баба и Матка, паметни системи за наводнување и осветлување на јавните простори, еколошката мобилност и креирањето модерна инфраструктура за велосипеди со креирање на нови велосипедски патеки за безбедно поврзување на сите делови од градот, ставање крај на урбаниот хаос…

Една од првите одлуки што ги донесе Арсовска додека уште се подместуваше во градоначалничката фотелја, беше да го укине договорот за трамвајот на тркала, како што го нарекуваат БРТ, кој се движи на хибриден погон на гас и струја, и кој ЕБОР го препозна како значаен проект од акцискиот план зелен град кој значително ќе влијае на одржливата урбана мобилност и урбаниот развој на Скопје, како и на генералното унапредување на квалитетот на животот на жителите на главниот град.

Арсовска ја стопираше започнатата постапка за изградба на БРТ со образложение дека проектот ќе трае предолго и оти на метрополата ѝ се неопходни брзи и ефикасни решенија во делот на јавниот превоз, и дека во проектот БРТ се регистрирани недостатоци и ризици по животната средина, без да даде деталји за овие ризици.

Инаку според акцискиот план за реализација на БРТ, тој беше предвидено да биде завршен во 2024 година, но за Арсовска тое било „предолго“, па еколошкиот трамвај на тркала, градоначалничката повтори дека ќе го реализира предизборното ветување за набавка на 250 нови еколошки автобуси со кои граѓаните ќе се возат бесплатно.

Нема ништо од ова ветување досега, а хронологијата на нејзините изјави како ќе обезбеди 250 еколошки автобуси, делуваат најблаго кажано – несериозно:

„Сега разговараме со експерти и со луѓе кои можат да детектираат финансиски средства преку донатори за набавка на првата транша од 150 автобуси, а потоа ќе видиме како ќе оди финансирањето“  

Ќе детектирале донатори за 150 автобуси од кои еден чини околу 300.000 евра, ќе организирача референдум скопјани да  изберат дали сакаат БРТ или 250 автобуси, анализите за набавката на автобусите допрва ќе се правеле, иако во кампањата рече дека се веќе се направени…

Денеска, една година подоцна, факт е дека нема ниту еден од 250-те автобуси, ниту пак се гледаат на хоризонтот.

Освен што им ја укина можноста на скопјани да се обидат до 2024 година да добијат две линии на еколошко автобуско метро со капацитет да превезува 65.000 патници на ден, што ќе придонесе да се намали аерозагадувањето, градоначалничката Арсовска не одговорила досега јавно што ќе се случи со заемот од 70 милиони евра на ЕБОР за БРТ кои „легнаа“ во Министерството за финансии.

Од договорот со ЕБОР произлегува дека првата транша од кредитот треба(ше) да биде повлечена во октомври минатата, 2021 година, и со тоа заемот ќе се активираше за да се реализира според ставките од планот за  реализација на БРТ со соодветни суми за секоја позиција.

Она што се навестува и станува сосема извесно, бидејќи проектот е запрен, односно не ни почна да  реализира, соодветно на клаузулите од договорот, започнаа да течат трошоците за кредитот и каматата од 0,5% годишно и доколку градоначалничката Арсовска или ЕБОР го поништат договорот, овие трошоци до крајот на оваа година можат да достигнат до 890.000 еввра.

Од Министерството за финансии уште еднаш ни потврдија дека градоначалничката Арсовска и понатаму ги игнорира и не им одгововара што планира да прави со овој проект и со одобрените стедства за финансиска поддршка за реализација на БРТ.

Од добро упатени извори имаме информација дека Арсовска зе јавувала во ЕБОР со намера да добие одобрение кредитот за БРТ да го пренамени за набавка на дел од 250-те автобуси што ги вети, но дека од таму добила одговор дека станува за специјален, наменски кредит под поволни услови одобрен токму затоа што еколошкиот трамвај на тркала е високо оценет од европските експерти како зелен проект кој ќе овозможи еколошки и побрз транспорт во градот.

И додека Арсовска уште молчи по ова прашање, парите си работат, односно ЕБОР ќе си го наплати трошокот и „лежарината“ за кредитот. Колку повеќе ќе се одлага, толку повисоки ќе бидат трошоците што на крајот ќе ги платат граѓаните на Северна Македонија.

Истото ова може да се случи и со кредитот и грантот за пречистителнаѕа станица за отпадни води за Скопје, ако не и полошо.

Тоа е вториот проект што го запре, или одложи на неодредено, градоначачничката на Скопје Данела Арсовска.

Заради битката за тендери на довчерашните партнери Данела Арсовска и ВМР-ДПМНЕ, Скопје останува и понатаму еден од последните главни градови во Европа без станица за пречистување на отпадните води.

За пречистителна станица Скопје, една од најголемите инвестиции за инфраструктурен проект за заштита на животна средина во земјава, која треба трајно да го реши третманот на отпадните води од градот Скопје и ќе има големо влијание врз заштитата на животната средина, претходната градска и извршна власт обезбедија 136 милиони евра од Европската инвестициска банка (ЕИБ) и од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), од кои речиси 70 милиони евра беа обезбедени како грант.

Проектот за пречитителната станица на Град Скопје и ЈП Водовод и канализација, во 2020 година ја доби втората (сребрена) награда на Sustainability Awards 2020, што ја доделува ЕБОР, во категоријата климатска обнова и одржливост, во конкуренција од 47 номинации.

Наспроти сето ова сега се загрозува навремената реализација на овој проект за третман на отпадните води во градот Скопје, кој опфаќа 9 од неговите 10 општини. Со него ќе се намали загадувањето на реката Вардар што позитивно ќе влијае врз животот на граѓаните по течението на реката и пошироко.

Во анализата на МЕТА од јуни 2020 година, според податоците на Државниот завод за статистика загрижувачки 72,2 отсто од вкупното количество на создадени отпадни води се испуштаат непречистени во подземните и надземните води во земјава. Во 2018 година 80.038.000 метри кубни отпадни води непрочистени се влеале во подземните и надземните води.

За да биде посликовито, ако една цистерна има капацитет да собере 6 или 12 метри кубни фекални води, излегува дека во нашите реки, акумулации и подземни води годишно истураме во просек над 6,6 милиони цистерни преполни со непречистени отпадни води.

Овие податоци многу јасно ја покажуваат причината поради која час поскоро треба да се инвестира во пречистителни станици за отпадни води и колку од здравјето ќе ги чини граѓаните на Скопје и на граѓаните од градовите долж реката Вардар, чии води, патем кажано, се користат за наводнување на земјоделските површини по должина на Повардарието.

Заради пресметката меѓу градоначалничката Данела Арсовска и ВМРО-ДПМНЕ, одлагањето на изградбата на пречистителната станица за отпадни води на Скопје, го одлага и подобрувањето на квалитетот на водите во реката Вардар од сегашните четврта и петта категорија да се доведат во втора.

Во таквите води ќе се заштити животинскиот и растителниот свет во и околу реката Вардар, земјоделските површини ќе се полеваат со незагадена речна вода, па дури и уловената риба ќе биде безбедна за јадење, каква што сега веќе има во големите реки покрај евроопските градови.

Експертитер велат дека со прочистувањето на отпадните води, реално е да се очекува да биде дозволено и капење во реките и други спортски активности.

Одлагањето и оддолжувањето на проектите за здрава жиивотна среднива го загрозува и процесот на нашето пристапување во ЕУ, бидејќи без изградба на пречистителни станици за отпадни води, земјата не може да ги задоволи европските еколошки стандарди со кои ќе мора да се соочи за време на скринингот и затворањето на поглавјата во преговорите за членство.


Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
Print Friendly, PDF & Email
Share33Tweet21Send

НАЈЧИТАНИ 5

  • „Гасни комори“ за Албанците: Ова е „гордата Македонија“ на Мицкоски

    95 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Oбид за убиство и насилство во Струга, со „БМВ Х6“ му го пресекол патот и со нож го прободeл во вратот, стомакот и надлактицата

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • (ВИДЕО) Скандалозно националистичко скандирање и говор на омраза на натпреварот во Куманово во присуство на Мицкоски, Toшковски, Димитриески

    94 shares
    Share 38 Tweet 24
  • Збрка и будалаштина

    92 shares
    Share 37 Tweet 23
  • УЈП привремено затвори пет субјекти во државата, за други пет даночни обврзници привремена забрана за вршење дејност

    89 shares
    Share 36 Tweet 22

CIVIL MEDIA NEWSLETTER

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ