По повод 25 Октомври-Европскиот ден на правдата,министерот за правда Никола Тупанчески денес во 11 часот ќе се обрати на Конференцијата за одбележување на две години од кампањата за подигање на свеста за бесплатна правна помош која ќе се одржи во хотел Мериот, Скопје.
Модератор на Конференцијата ќе биде Лејла Дервишагиќ, раководителка на оперативно работење на
Програмската канцеларија на Совет на Европа во Скопје, а покрај министерот Тупанчевски, на настанот ќе се обратат и Кристоф Поарел, директор на Директоратот за човекови права во Совет на Европа, Мари-Маделеин Канелопулоу, раководителка на оперативно работење во Делегацијата на ЕУ во Скопје и
Љубомир Михајловски, претседател на Адвокатска комора.
Европскиот ден на правдата во државава ќе биде одбележен и со отворени денови во судовите, средби со адвокатите, нотарите, извршителите, медијаторите каде граѓаните одблиску ќе имаат можност да се информираат и да добијат совети.












