Специјалниот пратеник на германската влада за Западен Балкан, Мануел Сарацин вечерва гостува во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21 каде разговаравме за самитот кој ќе се одржи наскоро во Берлин.
Тој вели дека на самитот сакаат да испорачаат нешто за енергетска солидарност, а тоа е јасната идеја дека регионот треба да биде сплотен.
„Сакаме да испорачаме нешто за енергетска солидарност, а тоа е јасната идеја дека регионот треба да биде сплотен, но и ЕУ, односно европската страна треба да го има регионот на масата во првиот круг за одговарање на задачи и предизвиците оваа зима. Исто така размислуваме да направиме конкретни чекори да се ангажираме во претстојните проблеми“, вели Сарацин.
На прашање на модераторот за кои проблеми се мисли, Сарацин потенцира дека зимава може да биде тешко да се набави енергија.
„Со енергијата. За претстојните проблеми во зима во врска со набавката и цената. Сакаме да ги донесеме нашите принципи на солидарност и мерки како да се справиме со нив заедно. Но тоа ќе биде објавено во Берлин. Можам само да кажам дека кога ги слушнав плановите, мислев дека ова е релевантно и важно и дека луѓето ќе видат дека ова е нешто. Секако, не е секогаш сѐ, но ќе испорачаме нешто релевантно“, додава Сарацин.