• Latest

Јовановски, Центар за правни истражувања и анализи: Механизмите кои ги имаме за справување со еко-криминалот се застарени

October 28, 2022

Мицкоски ја реконструира Владата: Промени во ресорите и проширување на коалицијата

July 1, 2026

Разурнувачкото „наследство“ на РФ

June 30, 2026
Илустрација ВИ

Изборниот законик во заложништво на партиските пресметки – изборните реформи заглавени меѓу блокади и обвинувања

June 30, 2026

Мицкоски има потреба од внимание и нежност, поддршка

June 30, 2026

Владина реконструкција: Пазарење со фотелји и партиски рокади на сметка на реформите

June 30, 2026

Децентрализација без демократизација – изгубениот глас на граѓанинот

June 30, 2026
Запорижја, Украина, 29 јуни 2026 (фото: ДСНС)

Русија со нов масовен напад врз Украина: загинати цивили во Днипро и Запорижја, Кијив бара засилена заштита на украинското небо

June 29, 2026

Мицкоски бара внимание

June 29, 2026
(архивска снимка) Максим Димитриевски на конференција на ЦИВИЛ

Политички дуел меѓу СДСМ и ЗНАМ: Кој е сателит на власта, а кој е во „политички стечај“?

June 29, 2026

ЛЕТНО ЧИТАЊЕ ЗА НЕМИРНИ УМОВИ: Ниски летни цени за изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press само во книжарницата „Или-Или“

June 29, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home ЗЕЛЕНИ

Јовановски, Центар за правни истражувања и анализи: Механизмите кои ги имаме за справување со еко-криминалот се застарени

October 28, 2022 16:01
in ВЕСТИ, ЗЕЛЕНИ, ОПШТЕСТВО
Share on FacebookShare on Twitter

Зелен ЦИВИЛ (организациска единица на ЦИВИЛ) организираше панел дискусија на тема „Еколошки криминал – предизвик за македонското законодавство“, учесници на панелот беа Никола Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и Дарко Блинков, Раководител за аналитика, меѓународна соработка и проекти во животната средина, Сектор за координација  на работата на ДИЖС.

-Еколошки криминал претставува незаконито дејствие или чин кој штети на животната средина и предизвикува некои последици, кои последици на некој начин можат да бидат санирани или поправливи, но можат да бидат и непоправливи и тогаш станува збор за посериозни дела во животната средина. Од оние дејства кои ги кажав, како нарушување на животната средина, најчесто споменувани се загадувањето на животната средина, како воздухот, почвата, водата, деградација на живиот свет, намалување на биодиверзитетот, нарушување на еколошката рамнотежа, вели Јовановски, проект менаџер од Центар за правно истражување и анализи и додава дека како последица на еколошкиот криминал, се појавуваат болести, еколошки катастрофи.

-Како пример би ја спомнал поплавата што се случи пред некоја година во Скопје, токму заради тоа што голем дел од шумите беа сечени и се овозможи слевање на водата на обиколницата околу Град Скопје. Сведоци сме на неповратни климатски промени коишто се повеќе заземаат тема на светските форуми. Намален е животниот век на луѓето. Во Скопје знаеме дека имаме големи проблеми со загадувањето на воздухот и проблемите кои се јавуваат како последица, истакна Јовановски.

-Во однос на еколошкиот криминал, во Република Северна Македонија, може да кажеме да од механизмите кои ги имаме и од она што е споменато од Извештајот на ЕК од 2020 година, се уште имаме застарен механизам, што значи дека ние имаме механизам кој што на почетокот во самата истрага, во делот на комуникација со инспекциските служби и со МВР нема доволна координација. На тој начин каскаме зад она што се случува во Европа. Но од друга страна имавме одредби кои бараа надополнување, бидејќи генерално политиката на казнување беше блага. Најголемиот дел од делата коишто се однесуваа на загрозување на животната средина завршуваа на прекршоци, смета Јовановски.

Б. Јордановска

подготви: Д. Варошлија
камера: Дехран Муратов
монтажа: Ариан Мехмети

ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ