• Latest

Украина ќе го зајакне НАТО

October 28, 2022

Воена пропаганда среде Скопје: Руската амбасада ја претвори својата фасада во билборд за окупацијата на Крим

September 11, 2026

Anthropic блокира злоупотреби на Claude поврзани со сајбер напади и ризици од создавање биолошко оружје

September 11, 2026
Кијив, 11 септември 2026 (фото извор: Национална полиција на Украина)

Руски терор врз Украина: Кијив под дронски напади, цивилни објекти повторно цел на агресорот

September 11, 2026
Фото: Скриншот

Трамп ветува „дивиденда“ од 5.000 долари, Венс го тестира патот кон Белата куќа

September 11, 2026

ЕУ бара транспарентни плати, но повеќето земји не го испочитуваа рокот

September 11, 2026
Илустрација: ВИ

Правосудството под политичка лупа

September 11, 2026
Пожарникар бара поддршка од уште десет спасувачи, Њујорк, 11 септември 2001 (фото извор: Wikipedia)

25 години од 11 септември: Денот што го промени светот

September 11, 2026

Меѓу сензацијата и реалноста: Предупредувањето од Anthropic е сериозно, но ВИ-апокалипсата не е утврден факт

September 10, 2026
Кијив, 9 септември 2026 (фото: ДСНС Украина)

РУСКИ ТЕРОР: Двајца загинати на граничниот премин „Старокозаче“, повредени цивили во Кијив

September 9, 2026

Снимки со закани кон Косово од наводни српски борци на руска страна во Украина

September 9, 2026
CivilMedia
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • ИЗБОРИ
  • ОПШТЕСТВО
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
No Result
View All Result
CivilMedia
No Result
View All Result
Home СЛОБОДНА ЗОНА

Украина ќе го зајакне НАТО

October 28, 2022 17:12
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, СЛОБОДНА ЗОНА, ТОП 5
Share on FacebookShare on Twitter

ЛАРИСА ДИР

Механизмот на колективна одбрана е потенцијално моќно средство за заштита, особено против агресивната политика на оние кои, знаејќи да читаат, не можат да ја совладаат содржината на Повелбата на ОН. Можеби поради тоа што основачкиот документ воопшто не споменува таква држава „Z“, ама де факто државата-терорист е постојана членка на Советот за безбедност на ОН.

Останува прашањето – како држава, чиј политички режим е признаен од страна на Парламентарното собрание на Советот на Европа како терористички, го менува светскиот поредок со крстосувачки ракети и ирански дронови, злосторнички користејќи го правото на вето???

Ова право државата-измамник продолжува да го користи и за време на 248-те дена по почетокот од инвазијата од големи размери врз Украина.

За Украина, 248-те крвави денови директно се асоцираат со Ирпин, Буча, Гостомел, Макарив, Лиман, Изјум, Мариупол, Оленивка; 8 илјади убиени меѓу цивилното население – меѓу кои 430 деца, 11 илјади ранети и осакатени – меѓу кои 822 деца; 7,7 милиони граѓани кои ја напуштиле Украина во потрага по засолниште, 8 милиони – внатрешно раселени лица; руски филтрациони логори и простории за мачење; десетици илјади уништени станбени згради, училишта, болници, инфраструктурни објекти, илјадници и илјадници уништени енергетски и водоводни објекти; 1/5 од територијата на Украина се наоѓа под привремена окупација на „постојана“ членка на Советот за безбедност на ОН; 1/3 од територијата на Украина допрва треба да биде деминирана по инвазијата на истата таа „постојана“ членка на Советот за безбедност на ОН.

Нападот, раководен од црвениот мавзолејски плоштад, го запира невидената храброст на украинските бранители и бранителки на вооружените сили на Украина, херојскиот отпор на оние кои се наоѓаат на привремено окупираните од страна на рф територии на Украина, оние кои ги спасуваат и извлекуваат сограѓаните од урнатините на уништените згради, оние кои подготвуваат храна, оние кои продолжуваат да ги учат децата, сите оние кои ја обезбедуваат украинската државност.

Државата која врши геноцид врз украинскиот народ ја запира и високопрецизно оружје според стандардите на НАТО, како и големата поддршка од страна на земјите-членки на НАТО.

На фронтот во Украина (фото извор: Министерство за одбрана на Украина)


Несомнено, Алијансата е задржувачка сила за државата-терорист; и оваа сила се прошири на северното крило на Европа, земајќи ја предвид воената агресија врз Украина.

На 30 септември 2022 година, Украина потпиша барање за влез во НАТО по забрзана процедура, со оглед на тоа дека нашата држава е веќе интегрална компонента на евроатлантската безбедност, заштитувајќи го источното крило на НАТО.

Со систематска помош на членките на Алијансата – воената помош, обуките, размената на информации со ограничен пристап – Украина значително го зголеми нивото на борбена готовност и борбена способност на украинските Вооружени Сили, како и усогласеноста со стандардите на НАТО.

Членот 10 од Северноатлантскиот договор предвидува дека страните можат, со едногласна согласност, да поканат да се приклучи на овој Договор која било друга европска држава способна да ги имплементира принципите на овој Договор и да придонесе за безбедноста во Северноатлантскиот регион.

Украина не само што е способна да ги имплементира овие принципи и да придонесе за безбедноста на Северноатлантскиот регион, туку Украинците по цена на сопствениот живот ги штитат општите човечки вредности и безбедноста на Европа.

За време на војната, украинските војници веќе покажаа интероперабилност со силите на Алијансата. Воената способност на украинските војници е исклучително висока.

Од 2009 година, односно во текот на веќе 12 години, Украина, под покровителство на  Комисијата Украина-НАТО, спроведува Годишни национални програми кои ги опфаќаат сите сфери на животот и предвидуваат околу 500 приоритетни задачи, кои во својата суштина претставуваат Акционен план за членство во НАТО.

Украина, и покрај агресијата од големи размери, останува држава која го одржува својот институционален капацитет, продолжува да спроведува реформи, останува одговорна пред оние држави кои можат да останат на работ на гладување поради нарушување на снабдувањето со украинско жито, се придржува до сите социјални обврски.

Државата агресор се обиде да ги анектира териториите на суверена, независна Украина и дополнително се заканува дека ќе користи нуклеарно оружје. Под овие услови, Алијансата мора да ја потврди подготвеноста да ги реализира своите одлуки во однос на политиката на „отворени врати“, имајќи го предвид и стратешкиот Концепт на НАТО од 2022 година, каде, меѓу другото, е утврдено дека главната задача на нуклеарниот потенцијал на НАТО е да се зачува мирот, да се спречи принудата и да се одврати агресијата.

Украина треба да биде поканета да ги започне преговорите за влез во НАТО, бидејќи таа веќе де факто е дел од евроатлантскиот простор на кој му треба заштита.

Во тие услови доколку Украина влезе во НАТО, Алијансата значително ќе го зголеми сопствениот воен потенцијал, што ќе влијае на намалување на ризикот од какви било воени дејствија против земјите-членки на НАТО од страна на потенцијалните непријатели. Истото позитивно ќе влијае на зголемување на нивото на национална безбедност за секоја од земјите-членки на НАТО.

За понатамошна заштита на безбедноста на Европа, треба да се формира и Специјален Трибунал за злосторството агресија врз Украина. Казната за воените злосторници кои под светлината на кристалните лампи на кремљ ги анектираат украинските територии мора да биде неизбежна, со оглед на тоа дека тие извршија злосторства против основите на човечкиот живот.

Авторката е Амбасадорка на Украина во Северна Македонија. Фотографии: Министерство за одбрана на Украина. 

Дозволено е преземање на текстот според лиценцата Creative Commons 4.0.
ShareTweetSend
CivilMedia

СЛОБОДНО.НЕЗАВИСНО.ОТВОРЕНО

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • АВТОРСКИ ПРАВА
  • Политика на приватност
  • МАРКЕТИНГ

Следете нè

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ВЕСТИ
  • ПОЛИТИКА
  • СЛОБОДНА ЗОНА
  • АНАЛИЗИ
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ВОЈНА ВО УКРАИНА
  • ДЕЗИНФО
  • ФОРУМ
  • ГРАЃАНСКА АКЦИЈА
  • МАРКЕТИНГ
  • ИМПРЕСУМ